Николај Басов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Николај Генадијевич Басов
Basov.jpg
Роден 14 декември 1922(1922-12-14)
Усмањ, Руска СФСР
Починал 1 јули 2001(2001-07-01) (воз. 78 г.)
Москва, Русија
Националност Русија Русин
Полиња Физика
Установи Лебедеев институт за физика
Образование Национален институт за нуклеарно истражување
Познат по Пронајдок на ласери и масери
Поважни награди Нобелова награда за физика (1964)
Калингова награда (1986)
Ломоносов златен медал (1989)

Николај Генадијевич Басов (руски: Никола́й Генна́диевич Ба́сов 14 декември 19221 јули 2001) бил советски физичар и наставник. За неговата значителна работа на полето на квантната електроника која довела до создавање на ласерот и масерот, Басов ја споделил Нобеловата награда за физика од 1964 со Александар Прохоров и Чарлс Хард Таунс.[1]

Рани години[уреди | уреди извор]

Басов бил роден во градот Усмањ, сега Липецка област во 1922.[2] Завршил со училиштето во 1941 во Воронеж и подоцна бил повикан да служи во војска во кибишевската воено-медицинска академија. Во 1943 ја напуштил академијата и служел во Црвената армија[2] учествувајќи во Втората светска војна со Првиот украински фронт.

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

Басов дипломирал во Националниот институт за нуклеарно истражување во Москва во 1950. Потоа работел како професор и исто така работел и во Лебедеевиот институт за физика, каде го бранел својот есеј за Кандидат на науки во 1953 и есеј за Доктор на науки во 1956. Басов бил директор на Лебедеевиот институт за физика од 1973 до 1988. Бил избран за дописен член на Советската академија на науки во 1962 и академик на академијата во 1966. Во 1967, бил избран за член на президиумот на академијата (1967—1990) и од 1990 бил советник на президумот на Советската академија на науки. Бил почесен претседател и член на Минхенската меѓународна академија на науки.[3][4] Бил на чело на лабораторијата за квантна радиофизика во Лебедеевиот институт за физика сè до неговата смрт во 2001.[1]

Противракетна одбрана[уреди | уреди извор]

Придонесот на Басов за равојот на ласерот и масерот, кој му ја донел Нобеловата награда во 1964, го донел до нова противракетна одбранбена иницијатива за вработување.[5]

Политика[уреди | уреди извор]

Тој се замешал во политиката во 1951 и станал член на парламентот (Советскиот Сојуз на Врховниот совет на Советскиот Сојуз) во 1974.[2] По говорот на американскиот претседател Роналд Реган за Стратешката иницијатива за одбрана во 1983, Басов потпишал писмо заедно со други советски научници кои ја поддржувале иницијативата, кое било објавено во весникот "New York Times".[6] Во 1985 објавил дека Советскиот Сојуз не бил способен да ги исполни предлозите дадени од САД за Стратешката иницијатива за одбрана.[6]

Книги[уреди | уреди извор]

  • N. G. Basov, K. A. Brueckner (Editor-in-Chief), S. W. Haan, C. Yamanaka. Интерно-ограничена фузија, 1992, Research Trends in Physics Series published by the American Institute of Physics Press (presently Springer, New York). ISBN 0-88318-925-9.
  • V. Stefan and N. G. Basov (Editors). Полупроводничка наука и технологија, Том 1. Полупроводнички ласери. (Stefan University Press Series on Frontiers in Science and Technology) (Paperback), 1999. ISBN 1-889545-11-2.
  • V. Stefan and N. G. Basov (Editors). Полупроводничка наука и технологија, Том 2: Квантни точки и Квантни буни. (Stefan University Press Series on Frontiers in Science and Technology) (Paperback), 1999. ISBN 1-889545-12-0.

Награди и почести[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]