Џон Хол
Џон Хол | |
---|---|
Хол на средбата на добитниците на Нобелова награда во 2012 година | |
Роден(а) | 21 август 1934 Денвер, Колорадо, САД |
Националност | Американец |
Полиња | Физика |
Установи | Колорадски универзитет, JILA, NIST |
Образование | Карнегиев институт за технологија |
Познат по | оптички честотен чешел |
Поважни награди | Златен медал од министерството за трговија (1969) Нобелова награда за физика (2005) |
Џон Хол (21 август 1934) — американски физичар, и добитник на Нобеловата награда за физика. Тој земал една четвртина од Нобеловата награда за физика заедно со Теодор Хенш и Рој Глаубер за нивната работа во прецизната спектроскопија.
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден во Денвер, Колорадо,Хол поседува три дипломи од Карнегиевиот институт за технологија, и [дипломирал во 1956 година, а магистрирал во 1958 година, докторатот го зел во 1961 година. Тос своите подокторски студии ги завршил при министерството за трговија во Националното биро за стандарди, денес Националениот институт за стандарди и технологија (NIST), каде останал од 1962 година па сè до неговото пензионирање ви 2004 година. Тој држел предавања на Колорадскиот унверзитет од 1967 година.
Хол моментално е постар член на (NIST), професор во пензија и член на JILA, порано познат како Содружен институт за лабораториска астрофизика, и предавач на оддеот за физика при Колорадскиот универзитет. (JILA) — истражен институт управуван заедно од Колорадскиот универзитет и (NIST).
Хол поделил половина од својата Нобелова награда Теодор Хенш за нивната пионерска работа заснована на ласерската прецизна спектроскопија, како и на оптичкиот честотен чешел. Другата половина од наградата ја добил Рој Глаубер.
Хол има добиено многу почести за неговата пионерска работа, вклучувајќи ја тука и наградата на Оптичкото друштво на Америка Макс Борн „за пионерски придонеси при стабилни ласери, вклучувајќи ги тука и основите на физиката и од неодамна за стабилизацијата на фемтосекундните ласери, со што е постигнат драматичен напредок во оптичкочестотната методологија.“
Награди и почести
[уреди | уреди извор]- Член на Националната јаглеродна компанија, 1957–1961
- Златен медал од министерството за трговија, 1969
- Стратонова награда , 1971
- латен медал од министерството за трговија, 1974 (групни награди)
- IR-100: Ласерски стабилизатор избран како еден од „100-те најдобри прозиводи во годината,“ 1975
- IR-100: Ласерски брановодолжински метар („Ламбдаметар“) избран како еден од „100-те најдобри прозиводи во годината,“ 1977
Кондонова награда, 1979
- Таунсова награда од Оптичкото друштво на Америка, 1984, Заедно со Чеботајев (Советска академија на науките)
- Девисон-Гермерова награда на Американското друштво на физичари, 1988
- Почесен професор на Парискиот северен универзитет, 1989
- Ајвесов медал на Оптичкото друштво на Америка, 1991
- Ајнштајнова награда за ласерска наука, 1992
- Шалова награда на Американското друштво на физичари, 1993
- Астинова награда за мерни науки, 2000
- Макс Борнова награда од Оптичкото друштво на Америка, 2002[1]
- Претседателска награда од Канцеларијата за управување на персоналот, 2002
- Златен медал од министерството за трговија, 2002 (group awards)
- Рабиева награда, 2004[2]
- Нобелова награда за физика, 2005
- Почесен професор на Глазговскиот универзитет, 2007
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Max Born Award“. Optical Society. Посетено на August 27, 2011.
- ↑ „Rabi Award“. IEEE Ultrasonics, Ferroelectrics, and Frequency Control Society. Архивирано од изворникот на 2012-12-13. Посетено на August 27, 2011.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Џон Хол на Ризницата
- The Nobel Prize in Physics 2005
- CV and publication list Архивирано на 8 октомври 2005 г.
- National Institute of Standards and Technology (NIST)
- JILA
- U.S. Patent 6201638 Архивирано на 25 март 2012 г. Comb generating optical cavity that includes an optical amplifier and an optical modulator (John Lewis Hall)
- Hall's website
- Group photograph taken at Lasers '92 including, right to left, Marlan Scully, Willis Lamb, John L. Hall, and F. J. Duarte.
|