Ричард Фајнман

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ричард Фајнман

Ричард Филипс Фајнман (англиски: Richard Phillips Feynman) бил еден од најголемите американски физичари на 20 век, познат како најголемиот ум по Ајнштајн.[1] Познат е по неговата лекција, во 1959, на темата нанотехнологија „Има доволно простор на дното“ (There's Plenty of Room at the Bottom). Фајнман го напишал 3-томно издание на „Лекции по физика“, универзитетски курс, кој се користи и денес. Проширувал значајна теорија на квантната електродинамика за што во 1965 ја добил Нобеловата награда за физика, заедно со Џулијан Швингер и Шиничиро Томонага. Создал дијаграми за интеракциите на елементарни честички кои го носат неговото име и имаат огромна практична примена.[2][3] Помагал во развојот на нуклеарната бомба со учеството во тајниот проект Менхетен во лабораторија во Лос Аламос во Њу Мексико. Учествувал во дешифрирањето на хиероглифско писмо на Маите и во разјаснувањето на причините за несреќата на вселенското летало Чаленџер, во 1986. Имал сјаен ум, љубопитен темперамент и поседувал остроумие. Познат е исто така по своите книги „Вие намерно се шегувате, господинн Фајнман“ и „Што се грижете што мислат другите?“.

Наводи[уреди]

  1. „Physics World poll names Richard Feynman one of 10 greatest physicists of all time“. Media.caltech.edu. http://media.caltech.edu/press_releases/12019. конс. 1 декември 2012. 
  2. West, Jacob (1 јуни 2003). „The Quantum Computer“. http://www.xootic.nl/magazine/jul-2003/west.pdf. конс. 20 септември 2009. 
  3. Quantum computation. David Deutsch, Physics World, 1/6/92