Шиничиро Томонага

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Шиничиро Томонага
朝永 振一郎
Tomonaga.jpg
Роденмарт 31, 1906(1906-03-31)
Токио, Јапонија
Починалјули 8, 1979(1979-07-08) (воз. 73 г.)
Токио, Јапонија
НационалностЈапонија Јапонец
ПолињаТеориска физика
УстановиИнститут за напредни студии
Цукубски универзитет
ОбразованиеКјотски универзитет
Познат поКвантна електродинамика
Поважни наградиАсахиева награда (1946)
Ломоносов златен медал (1964)
Нобелова награда за физика (1965)

Шиничиро Томонага (јапонски: 朝永 振一郎 31 март 19068 јули 1979) — јапонски физичар, влијателен во развивањето на квантната електродинамика, работа за која бил награден со Нобелова награда за физика во 1965,[1] заедно со Ричард Фајнман и Џулијан Швингер.

Биографија[уреди | уреди извор]

Томонага бил роден во Токио во 1906. Тој бил второ дете и најстар син на јапонски филозоф, Томонага Сањуро. Почнал на учи во Кјотскиот универзитет во 1926. Хидеки Јукава, исто така добитник на Нобелова награда, бил еден од неговите соученици за време на додипломските студии. За време на постдипломските студии во истиот универзитет, тој работел како асистент во универзитетот цели три години. По дипломирањето, се придружил на групата на Јошио Нишина во Јапонскиот истражен институт за природни науки (RIKEN). Во 1937, додека работел во Лајпцишкиот универзитет (Лајпциг, Германија), соработувал со истражувачката група на Вернер Хајзенберг. Две години подоцна, се вратил во Јапонија поради избувнувањето на Втората светска војна, но додека бил во Лајпциг докторирал со есејот за нуклеарни материјали.

Во Јапонија, бил назначен за проферсор во Токискиот образовен универзитет (претходник на Цукубскиот универзитет). За време на војната го изучувал магнетронот, мезонска теорија, а исто така и неговата „супер-многу-временска“ теорија. Во 1948, тој и неговите студенти преиспитале документ на Сидни Данкоф од 1939 кој се обидел, но не успел, да покаже дека бескрајните вредности кои се зголемуваат во квантната електродинамика можат да се поништат една со друга. Томонга ја применил неговата „супер-многу-временска“ теорија и релативистички метод основан на нерелативистичкиот метод на Волфганг Паули и Маркус Фирц за особено да ги забрза и разјасни пресметките. Потоа тој и неговите студенти забележале дека Данкоф занемарил еден термин во пертурбациските серии. Со овој термин теоријата дала финални резултати, така Томонга го открил ренормализацискиот метод независно од Џулијан Швингер и пресметаните физички вредности како што е лемовата смена во исто време.

Во следната година, тој бил поканет од Роберт Опенхајмер за да работи во Институтот за напредни студии во Принстон, Њу Џерси. Го проучувал многутелниот проблем на колективните осцилации на квантномеханичкиот систем. Следната година, се вратил во Јапонија и ја предложил Томонга-Лутингеровата течност. Во 1965, бил награден со Нобелова награда за физика, заедно со Џулијан Швингер и Ричард Фајнман „за основоположничката работа на полето на квантната електродинамика, со далекусежни последици во физиката на елементарните честички, а особено за пронаоѓањето на ренормализацискиот метод“. Починал од рак на грлото во Токио во 1979.

Томонга се оженил во 1940 со Риоко Секигуши. Заедно имале два сина и една ќерка. Тој бил награден со Поредок на култура во 1952 и со медалот "Grand Cordon" на поредокот на изгрејсонцето во 1976.

Книги од Томонга[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Hayakawa, Satio (декември 1979 г). Obituary: Sin-itiro Tomonaga. „Physics Today“ том  32 (12): 66–68. doi:10.1063/1.2995326. Bibcode1979PhT....32l..66H. http://www.physicstoday.org/resource/1/phtoad/v32/i12/p66_s1?bypassSSO=1. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: