Адам Рис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Адам Рис
Роден(а)Адам Гај Рис
16 декември 1969(1969-12-16)(54 г.)
Вашингтон, САД.
ЖивеалиштеСАД
НационалностАмериканец
ПолињаФизика
УстановиЏонс Хопкинсов универзитет / Вселенско телескопски научен институт
ОбразованиеМасачусетски институт за технологија,
Харвард,
Калифорниски универзитет
Познат поЗабрзувачки универзум / темна енергија
Поважни наградиВарнерова награда за астрономија (2002)
Шовова награда (2006)
Нобелова награда за физика (2011)
Ајнштајнов медал (2011)
СопружникНенси Џој Шондорф (о. 1998)

Адам Рис (англиски: Adam Riess 16 декември 1969) — американски астрофизичар на Џонс Хопкинсовиот универзитет и Вселенско телескопскиот научен институт и е познат неговото истражување кое ги користи суперновите како космолошки проби. Рис ги поделил Шововата награда за астрономија и Нобеловата награда за физика со Сол Перлмутер и Брајан Шмит за обезбедувањето на докази дека универзумот забрзува.

Семејство[уреди | уреди извор]

Рис е роден во Вашингтон, и е едно од трите деца.[1][2] Тој пораснал во Њу Џерси, каде неговиот татко (Мајкл Рис поморски инженер) поседувал претпријатие за разнесување на замрзната храна, Bistro International, и неговата мајка (Дорис Рис) работела како клинички психолог.[3] Мајкл Рис (1931–2007) се доселил во САД со неговите родители (новинар,воен дописник и автор Курт Рис и Илсе Познански)[4][5] од Германија на бродот SS Европа (1928) во 1936 година.[6] Адам Рис има две сестри — Гејл Салц, психијатар, и Холи Хагерман, уметник. Рис се оженил до Ненси Џој Шондорф во 1998 година.

Образование[уреди | уреди извор]

Тој се образувал во месното средно училиште дипломирајќи во класата од 1988 година.[7] Тој исто така се образувал и на престижното училиште за науки во Њу Џерси во 1987 година. Рис подоцна дипломирал на МИТ во 1992 година каде бил член на братството Фи Делта Тета. Тој својот докторат го стекнал на Харвард во 1996 година, каде измерил преку 20 нови супернови од типот Ia со метод кој обезбедувал прецизно пресметување на растојанијата со исправки за попречувачкиот гас и нечистотии. Рисовата докторска теза била под менторство на Роберт Киршнер, и ја добил Трумплеровата награда во 1999 година за неговта докторска теза која имала невообичаено значење во астрономијата.[8]

Работа[уреди | уреди извор]

Рис бил Милеров член во Калифорнискиот универзитет, пред да почне да работи во Вселенско телескопскиот научен иснтитут во 1999 година. Моменталната позиција на Џонс Хопкинсовиот универзитет ја стекнува во 2005 година. Тој е исто така дел од комисијата за доделување на астрономската награда, која е именувана како Шовова награда.

Рис заедно со Брајан Шмит и нивната екипа во 1998 година биле први кои забележале докази за ширењето на универзумот забрзува преку набљудувањето на суперновите од типот Ia. Набљудувањата на екипата биле спротивни на тогашната теорија дека ширењето на универзумот забавува, тие со набљудувањето, промената на бојата на поместувањето на суперновите од Земјата, забележале дека овие милијарди години стари супернови сѐ уште забрзуваат.[9] Обвој резултат бил скоро истовремено забележан и од екипата под водство на Сол Перлмутер.[9] Потврдувачкиот доказ меѓу двата спротивставни табори довело до широка прифатеност на теоријата за забрзувачкиот универзум, и започнала низа на нови истражувања за подобро разбирање на природата на универзумот, како што е постоењето на темната енергија.[9] Откривањето на забрзувачкиот универзум било прогласено за најголемо откритие во претстојната година од страна на научното списание Science во 1998 година, и Рис бил награден со Нобелова награда за физика заедно со Шмит и Перлмутер.[9]

Рис ја раководи Повисоката-Z SN програма за потрага при која се користи Хабл за да се откријат најдалечните супернови кои можат да се забечлежат од човештвото на Земјата. Неговата екипа го следела ширењето на универзумот наназад 10 милијарди години. Клучното откритие било дека при набљудувањата во раната фаза на успореното ширење, предизвикува далечните супернови да се налик посветли со што се отфрла значителното астрофизичко затемнување на суперновите. Овој резултат пак ја потврсдува темно енергетскиот-темно материски модел на начин кој би важел за суперновите.

Награди[уреди | уреди извор]

Сол Перлмутер, Рис, и Брајан Шмит се наградени со Шововата награда за астрономија. Триото подоцна ќе биде наградено и со Нобеловата награда за физика во 2011 година.

Рис ја добил Трамплеровата награда во 1999 година и Харвардовата Бокова награда во 2001 година. Тој ја освоил и Варнеровата награда во 2003 година и Рејмонд-Беверлиевата Саклерова награда во 2004 година за откривањето на космичкото забрзување.

Во 2006 година, тој ја поделил $1 милионската Шовова награда за астрономија со Сол Перлмутер и Брајан Шмит за придонесите о откривањето на забрзувањето на универзумот.[10]

Шмит и сите останати членови на екипата ја поделиле Груберовата награда, во вредност од $500.000, со противничката екипа за нивното откритие на забрзувачкото ширење на универзумот. Рис бил добитник на Мекартуровиот грант во 2008 година. Тој во 2009 година бил избран за член на Националната академија на науките.[11]

Заедно со Перлмутер и Шмит, бил награден со Нобелова награда за физика во 2011 година за нивните придонеси во откривањето на забрзувачкото ширење на универзумот.[10]

Рис, заедно со Брајан Шмит,и екипата ја поделиле наградата за основни откритија во физиката во 2015 година.

Појавување на медиумите[уреди | уреди извор]

Рис учествувал во радио квизот на програмата на NPR Чекај чекај... Не ми кажувај! во 2011 година.[12]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „WEDDINGS; Nancy Schondorf And Adam Riess“. New York Times. January 11, 1998.
  2. Wedding: Drs. Gail Michele Riess and Leonard Bruce Saltz. Nytimes.com (June 18, 1989). Посетено на April 2, 2012.
  3. Chasing the Great Beyond. Jhu.edu (January 12, 1998). Посетено на April 2, 2012.
  4. Saxon, Wolfgang (May 21, 1993). „Curt Riess, Author And Journalist, 90; Expert on Nazi Era“. New York Times.
  5. See also de:Curt Riess
  6. Obituary: Michael Riess. New York Times (October 11, 2007). Посетено на April 2, 2012.
  7. Spivey, Mark. "Watchung Hills graduate shares Nobel Prize in physics"[мртва врска], Daily Record (Morristown), October 4, 2011. Accessed October 5, 2011. "Riess, who grew up in Warren, gave a shout-out to retired teacher Jeff Charney, saying his interest in science first was piqued at Watchung Hills."
  8. Panek, Richard (2011). The 4% Universe: Dark Matter, Dark Energy, and the Race to Discover the Rest of Reality. Boston: Houghton Mifflin Harcourt. ISBN 978-0-618-98244-8., pg. 174
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 Palmer, Jason (October 4, 2011). „Nobel physics prize honours accelerating Universe find“. BBC. Посетено на October 5, 2011.
  10. 10,0 10,1 „Nobel physics prize honours accelerating Universe find“. BBC News. October 4, 2011.
  11. Newsroom. National-Academies.org (April 28, 2009). Посетено на April 2, 2012.
  12. Wait Wait...Don't Tell Me! from National Public Radio

Надворешни врски[уреди | уреди извор]