Повеќебранова (рендген, инфрацрвена и оптичка) слика на остатоците од суперновата Јохан Кеплер (СН 1604), сликана од опсерваторијата Чандра.
Супернова — експлозија на ѕвезда. Таа е екстремно светла и предизвикува сноп од зрачење кој може да ја засени целата галактика пред да исчезне по неколку недели или месеци. За време на оваа краткотрајна експлозија, суперновата може да испушти толку енергија колку што Сонцето ќе емитува вкупно за целиот свој век.
[1]
Експлозијата исфрла од ѕвездата материјал со брзини до една десетина од брзината на светлината, предизвикувајќи потрес во околината.
[2]
Постојат неколку видови на супернови, кои може да настанат на еден од следниве два начини:
прекин на јадреното соединување или
почеток на јадрено соединување.
Откако некоја голема ѕвезда ќе престане да создава енергија преку јадрено соединување, таа може да доживее ненадеен гравитациски колапс во неутронска ѕвезда или црна дупка, ослободувајќи гравитациска потенцијална енергија која ги загрева и шири надворешните слоеви на ѕвездата. Од друга страна, белото џуџе може да прибере доволно материјал од ѕвезда-придружничка за да ја зголеми својата внатрешна температура доволно за да предизвика соединување на јаглеродот, после која точка следи јадрено соединување.
Во просек, супернова се појавува еднаш во 50 години во една галаксија од големината на Млечен Пат и игра значајна улога во збогатувањето на меѓуѕвездената средина со тешки елементи. Покрај тоа, брановите што се шират од експлозијата на супернова може да предизвикаат создавање на нови ѕвезди.
Суперновата како тема во популарната култура[уреди | уреди извор]