Список на соѕвездија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Низ историјата, секој народ имал свои соѕвездија, митологија. На овој список асе наведени 88-те соѕзведија што ги признава современата астрономија, кои поточно не се ѕвездени шеми, туку всушност подрачја на небесната сфера).

Основоположници на денешните меѓународни називи на северните соѕвездија се Вавилонците и старите Грци (според записите на Птоломеј). Исцртувајќи го јужното небо, европските и американските астрономи предлагале имиња новите соѕвездија како и други називи што би ги пополниле празнините помеѓу старите. Не сите предлози биле прифатени, но до решение се дошло во 1922 г. кога Меѓународниот астрономски сојуз (IAU) усвоила современ список од 88 соѕвездија. По ова, белгискиот астроном Ежен Жозеф Делпорт на секое соѕвездие му исцртал точни граници, така што секоја една точка на небото припаѓа на само едно соѕвездие.

На табелава е дадено македонското име на секое соѕвездие, проследено од латинското, неговиот генитивен облик, кратенките во меѓународна употреба[1][2], на која полутопка припаѓа соѕвездието, координати за полна видливост и најсјајната ѕвезда од секое соѕвездие.

Ознаки за полутопките: Ј = јужна, С = северна, СЈ и ЈС = соѕвездието има средиште некаде во небесниот екватор, Сј и Јс = соѕвездието има само мал дел во полутопката означена со мала буква.


Соѕвездие Латинско име Генитивно Кратенки Полутопка Полна видливост Најсјајна ѕвезда
Андромеда Andromeda Andromedae And, Andr
С
90° СШ на 37° ЈШ Сира
Береникина Коса Coma Berenices Comae Berenices CrA, CorA
С
90° СШ на 56° ЈШ Бета Береникина Коса
Бик Taurus Tauri Tau, Taur
Сј
90° СШ на 65° ЈШ Алдебаран
Близнаци Gemini Geminorum Gem, Gemi
С
90° СШ на 60° ЈШ Полукс
Вага Libra Librae Lib, Libr
Ј
60° СШ на 90° ЈШ Зубенешамали
Вајар Sculptor Sculptoris Scl, Scul
Ј
50° СШ на 90° ЈШ Алфа Вајар
Водна Змија Hydra Hydrae Hya, Hyda
Јс
55° СШ на 83° ЈШ Алфард
Водолија Aquarius Aquarii Aqr, Aqar
Јс
65° СШ на 87° ЈШ Садалсуд
Волк Lupus Lupi Lup, Lupi
Ј
35° СШ на 90° ЈШ Алфа Волк
Воловар Boötes Boötis Boo, Boot
С
90° СШ на 50° ЈШ Арктур
Гавран Corvus Corvi Crv, Corv
Ј
65° СШ на 90° ЈШ Гиена Гураб
Голема Мечка Ursa Major Ursae Majoris UMa, UMaj
С
90° СШ на 17° ЈШ Алиот
Големо Куче Canis Major Canis Majoris CMa, CMaj
Ј
57° СШ на 90° ЈШ Сириус
Гулаб Columba Columbae Col, Colm
Ј
41° СШ на 90° ЈШ Факт
Гуштер Lacerta Lacertae Lac, Lacr
С
90° СШ на 40° ЈШ Алфа Гуштер
Девица Virgo Virginis Vir, Virg
Ј С
67° СШ на 76° ЈШ Спика
Делфин Delphinus Delphini Del, Dlph
С
90° СШ на 70° ЈШ Ротанев
Длето Caelum Caeli Cae, Cael
Ј
41° СШ на 90° ЈШ Алфа Длето
Еднорог Monoceros Monocerotis Mon, Mono
Ј С
75° СШ на 85° ЈШ Бета Еднорог
Едро Vela Velorum Vel, Velr
Ј
33° СШ на 90° ЈШ Регор
Еридан Eridanus Eridani Eri, Erid
Јс
32° СШ на 89° ЈШ Ахернар
Ждребе Equuleus Equulei Equ, Equl
С
90° СШ на 77° ЈШ Киталфа
Жерав Grus Gruis Gru, Grus
Ј
35° СШ на 90° ЈШ Алнаир
Жирафа Camelopardalis Camelopardalis Cam, Caml
С
90° СШ на 37° ЈШ Бета Жирафа
Зајак Lepus Leporis Lep, Leps
Ј
60° СШ на 90° ЈШ Арнеб
Златна Рипка Dorado Doradus Dor, Dora
Ј
20° СШ на 90° ЈШ Алфа Златна Рипка
Змеј Draco Draconis Dra, Drac
С
90° СШ на 15° ЈШ Етамин
Змија[3] Serpens Serpentis Ser, Serp
С Ј
74° СШ на 64° ЈШ Унукалхај
Змијоносец Ophiuchus Ophiuchi Oph, Ophi
Ј С
80° СШ на 80° ЈШ Расалхаг
Индијанец Indus Indi Ind, Indi
Ј
16° СШ на 90° ЈШ Персиец
Јарец Capricornus Capricorni Cap, Capr
Ј
62° СШ на 90° ЈШ Денеб Алгеди
Јужен Крст Crux Crucis Cru, Cruc
Ј
25° СШ на 90° ЈШ Акрукс
Јужен Триаголник Triangulum Australe Trianguli Australis TrA, TrAu
Ј
20° СШ на 90° ЈШ Атрија
Јужна Круна Corona Australis Coronae Australis CrA, CorA
Ј
44° СШ на 90° ЈШ Алфека Меридијана
Јужна Риба Piscis Austrinus Piscis Austrini PsA, PscA
Ј
50° СШ на 90° ЈШ Фомалхаут
Камелеон Chamaeleon Chamaeleontis Cha, Cham
Ј
07° СШ на 90° ЈШ Алфа Камелеон
Касиопеја Cassiopeia Cassiopeiae Cas, Cass
С
90° СШ на 12° ЈШ Шедар
Кентаур Centaurus Centauri Cen, Cent
Ј
25° СШ на 90° ЈШ Алфа Кентаур(и)
Кефеј Cepheus Cephei Cep, Ceph
С
90° СШ на 10° ЈШ Алдерамин
Кит Cetus Ceti Cet, Ceti
Јс
70° СШ на 90° ЈШ Денеб Кајтос
Кобилица Carina Carinae Car, Cari
Ј
14° СШ на 90° ЈШ Канопус
Компас Pyxis Pyxidis Pyx, Pyxi
Ј
53° СШ на 90° ЈШ Алфа Пиксидис
Кочијаш Auriga Aurigae Aur, Auri
С
90° СШ на 34° ЈШ Kапела
Крма Puppis Puppis Pup, Pupp
Ј
39° СШ на 90° ЈШ Наос
Лав Leo Leonis Leo, Leon
Сј
83° СШ на 57° ЈШ Регулус
Лебед Cygnus Cygni Cyg, Cygn
С
90° СШ на 29° ЈШ Денеб
Летечка Риба Volans Volantis Vol, Voln
Ј
14° СШ на 90° ЈШ Бета Летечка Риба
Лира Lyra Lyrae Lyr, Lyra
С
90° СШ на 29° ЈШ Вега
Лисица Vulpecula Vulpeculae Vul, Vulp
С
90° СШ на 55° ЈШ Ансер
Ловечки Кучиња Canes Venatici Canum Venaticorum CVn, CVen
С
90° СШ на 38° ЈШ Кор Кароли
Мал Лав Leo Minor Leonis Minoris LMi, LMin
С
90° СШ на 48° ЈШ Прекипуа
Мала Водна Змија Hydrus Hydri Hyi, Hydi
Ј
08° СШ на 90° ЈШ Бета Мала Водна Змија
Мала Мечка Ursa Minor Ursae Minoris UMi, UMin
С
90° СШ на 10° ЈШ Северница
Мало Куче Canis Minor Canis Minoris CMi, CMin
Сј
89° СШ на 77° ЈШ Прокион
Маса Mensa Mensae Men, Mens
Ј
05° СШ на 90° ЈШ Алфа Маса
Микроскоп Microscopium Microscopii Mic, Micr
Ј
45° СШ на 90° ЈШ Гама Микроскоп
Мрежичка Reticulum Reticuli Ret, Reti
Ј
23° СШ на 90° ЈШ Алфа Мрежичка
Мува Musca Muscae Mus, Musc
Ј
10° СШ на 90° ЈШ Алфа Мува
Овен Aries Arietis Ari, Arie
С
90° СШ на 59° ЈШ Хамал
Октант Octans Octantis Oct, Octn
Ј
05° СШ на 90° ЈШ Ну Октант
Олтар Ara Arae Ara, Arae
Ј
25° СШ на 90° ЈШ Бета Олтар
Орел Aquila Aquilae Aql, Aqil
С Ј
78° СШ на 71° ЈШ Алтаир
Орион Orion Orionis Ori, Orio
С Ј
85° СШ на 75° ЈШ Ригел
Паун Pavo Pavonis Pav, Pavo
Ј
15° СШ на 90° ЈШ Алфа Паун
Пегаз Pegasus Pegasi Peg, Pegs
С
90° СШ на 65° ЈШ Ениф
Персеј Perseus Persei Per, Pers
С
90° СШ на 35° ЈШ Мирфак
Пехар Crater Crateris Crt, Crat
Ј
65° СШ на 90° ЈШ Лабрум
Печка Fornax Fornacis For, Forn
Ј
50° СШ на 90° ЈШ Алфа Печка
Пумпа Antlia Antliae Ant, Antl
Ј
50° СШ на 90° ЈШ Алфа Пумпа
Рајска Птица Apus Apodis Aps, Apus
Ј
07° СШ на 90° ЈШ Алфа Рајска Птица
Рак Cancer Cancri Cnc, Canc
С
90° СШ на 60° ЈШ Тарф
Рамнило Norma Normae Nor, Norm
Ј
30° СШ на 90° ЈШ Гама2 Рамнило
Риби Pisces Piscium Psc, Pisc
Сј
84° СШ на 56° ЈШ Кулат Нуну
Рис Lynx Lyncis Lyn, Lync
С
90° СШ на 35° ЈШ Алфа Рис
Северна Круна Corona Borealis Coronae Borealis CrB, CorB
С
90° СШ на 50° ЈШ Алфека
Секстант Sextans Sextantis Sex, Sext
Ј С
78° СШ на 83° ЈШ Алфа Секстант
Скорпија Scorpius Scorpii Sco, Scor
С
44° СШ на 90° ЈШ Антарес
Сликар Pictor Pictoris Pic, Pict
Ј
25° СШ на 90° ЈШ Алфа Сликар
Стрела Sagitta Sagittae Sge, Sgte
С
90° СШ на 70° ЈШ Гама Стрела
Стрелец Sagittarius Sagittarii Sgr, Sgtr
С
55° СШ на 90° ЈШ Каус Аустралис
Телескоп Telescopium Telescopii Tel, Tele
Ј
33° СШ на 90° ЈШ Алфа Телескоп
Триаголник Triangulum Trianguli Tri, Tria
С
90° СШ на 50° ЈШ Бета Триаголник
Тукан Tucana Tucanae Tuc, Tucn
Ј
15° СШ на 90° ЈШ Алфа Тукан
Феникс Phoenix Phoenicis Phe, Phoe
Ј
32° СШ на 90° ЈШ Анка
Херкул Hercules Herculis Her, Herc
С
90° СШ на 39° ЈШ Корнефорос
Часовник Horologium Horologii Hor, Horo
Ј
20° СШ на 90° ЈШ Алфа Часовник
Шестар Circinus Circini Cir, Circ
Ј
20° СШ на 90° ЈШ Алфа Шестар
Штит Scutum Scuti Sct, Scut
Ј
74° СШ на 64° ЈШ Алфа Штит

Поранешни соѕвездија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Поранешни соѕвездија.

Дел од некогашните соѕвездија денес не се признаени од Меѓународниот астрономски сојуз, но може да се сретнат во постари ѕвездени карти и други прирачни материјали. Најпознат ваков пример е соѕвездието Бродот Арго (Argo Navis), едно од 48-те Птоломееви соѕвездија.

Астеризми[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Астеризам (астрономија).

Во минатото, покрај соѕвездијата постоеле и други ѕвездени шеми кои се нарекуваат „астеризми“. Примери за астеризми се Голема Црпалка и Северниот Крст.

Некои стари астеризми како Береникина Коса, Змија и делови од Бродот Арго денес се признаени како соѕвездија.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Соѕвездија - Меѓународен астрономски сојуз (англиски)
  2. Речник на поими во аеро-астронаутиката: Табела V (Соѕвездија) - НАСА (англиски)
  3. Соѕвездието Змија може да се подели на две соѕвездија: Змиска Опашка (Serpens Cauda) и Змиска Глава (Serpens Caput)

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • Eugène Delporte: Délimitation scientifique des constellations, tables et cartes. IAU. Cambridge University Press, Cambridge 1930.
  • Eckhard Slawik / Uwe Reichert: Atlas der Sternbilder. Spektrum, Heidelberg 2004. ISBN 3-8274-0268-9
  • Ian Ridpath: Die großen Sternbilder. Patmos, Düsseldorf 2004,. ISBN 3-491-69112-5 (англиско издание „Star Tales“ [1])
  • Hermann-Michael Hahn, Gerhard Weiland: Der neue Kosmos Himmelsführer. Franckh, Stuttgart 1998. ISBN 3-440-07485-4.
  • John Sanford: Der neue Kosmos-Sternatlas. Franckh, Stuttgart 1990. ISBN 3-440-06087-X.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]