Береникина Коса (соѕвездие)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Береникина Коса
лат. Coma Berenices
КратенкаCom
Симболизамкосата на кралицата Береника II
Ректасцензија11ч 58м &1000000000025088500000025,0885с–13ч 36м &1000000000006943300000006,9433с[1] ч.
Деклинација33.3074303°–13.3040485°[1]°
Површина386 (°)² (42-ро)
Главни ѕвезди3
Бајерови/Флемстидови
ѕвезди
44
Ѕвезди со планети5
Ѕвезди посјајни од 3,00m0
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг)1
Најсјајна ѕвездаβ Com (4.26m)
Најблиска ѕвездаβ Com
(29,96 сг, 9,18 пс)
Месјеови објекти8
Метеорски дождовиКома Бериникиди
Соседни
соѕвездија
Ловечки Кучиња
Голема Мачка
Лав
Девица
Воловар
Видливо на ширина од +90° до −70°.
Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец мај.

Береникина Коса — обичаен астеризам подоцна одреден како едно од 88-те современи соѕвездија. Со местоположба во близина на Лав, каде и порано припаѓало, и во истото бил сместен северниот галактички пол. Името во превод значи „Беренкина Коса“, и станува збор за митот за македонската кралица на Египет, Береника II, која ја жртвувала својата долга коса.

Историја и митологија[уреди | уреди извор]

Береникина Коса е едно од неколкуте соѕвездија чие име потекнува од историска личност, во вој случај Береника II, сопруга на македонскиот крал на Египет, Птоломеј III (246 п.н.е –221 п.н.е), кралот во чие владеење Александрија станала важен културен центар.

Береника II
Илустрација од Сидни Хол и Ричард Рауз Блоксам од „Огледалото на Уранија“. Бернекинината коса може да се забележи од десно.

Во 243 г. п.н.е, за време на Третата сириска војна, Птоломеј презел опасен напад против Селевкидите, кои ја убиле неговата сестра. Неговата скорешна сопруга, Береника, се заколнала на божицата Афродита дека ќе ја жртвува својата долга, сина коса, од чија убавина истата била мошне горда, ако нејзиниот сопруг се врати безбедно. Истиот се вратил, па ја пресекла својата коса и ја положила во храмот на божицата. Наредното утро нејзината коса исчезнала. За да го смири разбеснетиот крал, дворскиот астроном, Конон, изјавил дека понудата толку ја озадоволила божицата, што истата косата ја поставила на небото. Тој посочил на јато од ѕвезди кои оттогаш се познати како Бернекина коса.[2]

Овој настан го вдахнал дворскиот поет Калимах од Кирена да напише поема наречена „Береникина плетенка“ (Βερενίκης πλόκαμος). Околу 2/3 од оригиналот на грчки е изгубен, но целосната поема постои на латински и е превод на римскиот поет Катул, и неговиот превод опстојува до денес.

Бернекината Коса се состои од одреден број на ѕвезди кои се близу една до друга, и е позната како независен астеризам од Хеленистичкиот период.[3] Ератостен го нарекува ова соѕвездие „Ариаднова Коса“ и „Береникова Коса“. Птоломеј го нарекува „прамен“ од коса, но не го споменува во неговите 48 соѕвездија, го смета за дел од Лав,[3] односно, снопчето на крајот од лавовата опашка.

Тихо Брахе, за кого се вели дека го воздигнал статусот на соѕвездието, кое е наведенов о списокот на неговиот каталог од 1602 г.,[3] но првично е наведено во небесниот глобус на картографот Каспар Вопел од 1536 г.[4][5][6] Герард Меркатор исто така се смета за оздигнувач на соѕвездието во 1551 г.[7] Береникината коса и сега отфрленото соѕвездие Антониј се сметаат за првите пост-Птоломејски соѕвездија кои се запишани на небесниот глобус.[8]

Се појавува и во Бајеровата Уранометрија (Uranometria) од 1603 г., и во XVII век, уште неколку карти го следеа истиот пример.

Забележителни особености[уреди | уреди извор]

Соѕвездието Береникина Коса видена со голо око.
NGC 4565 е наречена Иглеста галаксија бидејќи, кога се гледа целата, наликува на тенка сламка светлина на небесниот свод.[9]

Иако Береникината Коса не е големо соѕвездие, содржи осум Месјеови објекти. Соѕвездието е богато со галаксии, го содржи северниот дел на јатото Девица. Постојат и неколку збиени јата. Овие објекти можат да се видат со минимална попреченост од правта бидејќи не е во насока на галактичката рамнина. Но, поради овој факт, постојат неколку расеани јата, дифузни маглини, или планетарни маглини.

Ѕвезди[уреди | уреди извор]

Береникината Коса не е особено светло соѕвездие, нема ѕвезди посветли од 4 големина. Бета Береникина Коса е најсветлата ѕвезда во соѕвездието, со големина 4,2, на растојание од 30 сг. од Земјата. Како и Сонцето, станува збор за жолта ѕвезда од главната низа.[7] Незначително е посветла од Сонцето и е добар пример за тоа колку би било светло Сонцето гледано од Бета Береникината Коса.

Втората најсветла ѕвезда во Бернекината коса е α Береникина Коса наречена и Дијадема. Името го скапоцениот камен во Береникиновата круна.[10] Станува збор за двојна ѕвезда, каде и двете ѕвезди се скоро подеднакви. За голото око, наликува како една ѕвезда со светлинска голенина од 4,3.[7] Бидејќи орбиталната рамнина е близу линијата на погледот од Земјата, долг временски период се сметаше дека станува збор за еклиптички двојни ѕвезди, но сега се знае дека орбиталниот наклон е 0,1° во однос на линјата на погледот, така што ѕвездите не се препокриваат една со друга, како што се набљудува од Земјата.[10] Двете ѕвезди се малку жолтеникави со светлинска големина од 5,1. Обвие двојни ѕвезди имаат период од 26 години и се нарастојание од 47 сг. од Земјата.[7]

Фотографија од Береникината Коса.

Гама Бернекина Коса, која е пред јатото Береникина Коса, е портокалова џиновска ѕвезда со светлинска големина 4,4, и на растојание од 170 сг. од Земјата.

Постојат и други две повеќеѕвездени ѕвезди во Береникината Коса кои се издвојуваат. 35 Береникина Коса која е двојна ѕвезда со оптички придружник. Двете физички поврзани ѕвезди имаат период од 360години и се на растојание од 360 сг. years и 324 сг. од Земјата. Првичната е жолта ѕвезда со светлинска големина од 5,1 додека пак втората е бела ѕвезда со светлинска големина од 7,2. Заедничката светлинска големина е 9. 24 Береникина Коса е двојна ѕвезда со контрастни бои. Првичната е портокалова со светлинска големина 5, 610 сг. од Земјата, и втората е сино-бела ѕвезда со светлинска големина 6,6.[7]

Познати се преку 200 променливи ѕвезди во Береникината Коса, иако многу од овие се прикриени. FK Беренкина Коса, која има интервал со светлинска големина од 8,14m и 8,33m со временски период од 2,4 денови, и е the FK Com класата на променливите ѕвезди. It is believed that the variability of FK Com stars is caused by large, cool spots on the rotating surfaces of the stars.FS Беренкина Коса полупроменлива ѕвезда, црвен џин со минимална светлинска големина 6,1 и максимална светлинска големина од 5,3. Временскиот период изнесува 2 месеци и е на растојание од 572 сг. од Земјата.[7]

Ричард Хинкли Ален ги наведува и следниве имиња за ѕвезди во Береникинината Коса:[11]

Баер Име Потекло Значење
α Com Диадема Латински диадема
β Com ел-Дафира Арапски локна
(31) p Com Шан Цанг Кинески Висок армиски генерал
21 Com Кисин Грчки вид на бршлен

Ѕвездени јата[уреди | уреди извор]

Расеано јато Беренинкина Коса[уреди | уреди извор]

Ѕвезденото јато Береникина Коса нема Месјеова или NGC ознака, но го има во Мелотовиот каталог на расеани ѕвездени јата, каде ја носи ознаката Melotte 111. Станува збор за големо, дифузно расеано јато со околу 50 ѕвезди кои имаат светлосна големина меѓу 5 и 10, каде припаѓаат и неколкуте видливи со голо око ѕвезди во соѕвездието. 12 Беренинкина Коса, со светлинска големина 4,8, е најсветлиот објет во јатото. Јатото се простира на огромна област, повеќе од 5 степени напреку, во близина на γ Беренинкина Коса. Јатото има толкава привидна големина бидејќи се наоѓа во непосредна близина на оддалеченост од само 288 сг..[7]

Збиени јата[уреди | уреди извор]

M53 е збиено јато откриено од страна на Јохан Елерт Боде во 1775 г. и независно од страна на Шарл Месје во февруари 1777 г. со светлинска големина од 7,7 и на растојание од 56.000 сг. од Земјата. M53 e јато од Шејплиевата класа V, што укажува дека јатото има зголемена концентрација во центарот. Само на 1° е NGC 5053,[12] збиено јато кое е поретко и со помалку ѕвезди во центарот. Вкупната сјајност е околу 16,000 suns, што е всушност една од најниските сјајности за едно збиено јато. Откриено е од страна на Вилијам Хершел во 1784 г. Има светлинска големина од 9,9. NGC 4147 е нешто потемно (со светлинска големина од 10,2) збиено јато со многу помала привидна големина.

Галаксии[уреди | уреди извор]

Галактичкото јато Девица[уреди | уреди извор]

Береникината Коса го содржи северниот дел од галактичкото јато Девица, кое се наоѓа на растојание од 60 милиони сг.

M100 е со светлинска големина 9 и станува збор за спирална галаксија гледан челно. Припадник на галактичкото јато Девица.[7] Со пречник од 7 лачни минути, ја поседува најголемата привидна големина за сите галаксии во галактичкото јато Девица. Пречникот изнесува 120.000 сг., што ја прави една од најголемите спирални галаксии во галактичкото јато Девица. На фотографиите се забележува светло јадро, две изразени спирални краци и бројни секундарни, како и неколку прашинкасти ленти.

M85 е елиптична галаксија во галактичкото јато Девица. Станува збор за еден од посветлите членови на јатото со светлинска големина 9. Јадрото е светло и наликува на ѕвезда во помалите аматерски телескопи.[7]

M98 е светла, издолжена спирална галаксијакоја скоро целосно се гледа од работ, налукува на елиптична поради невобичаениот агол. Светлинската големина е 10 и станува збор за член на галактичкото јато Девица.

M99 е спирална галаксија гледана челно. Како и M98, станува збор за објект со светлинска големина 10 член на галактичкото јато Девица. Р.Х. Ален ја нарекол „Тркало на кочија“, иако ова име почесто се применува за Триаголната галаксија.

M88 е многукракна спирална галаксија, гледана од 30° по должина на работ.

M91 е пречкеста спирална галаксија.

Галактичко јато Береникина Коса[уреди | уреди извор]

Беренинкино јато од глаксии е на север од галактичкото јато Девица. се наоѓа на поголемо растојание, од 230 до 300 милиони сг.[7] Јатото е доста големо и содржи 1.000 големи галаксии и ушт 30.000 помали галаксии. Истражувањето на Фриц Цвики од 1957 г. препознало 29.951 галаксии во областа кои се со поголема светлинска големина од 19m. Додека пак дел од нив се далечни позадински објети, вкупниот број на галаксии во јатото е доста голем.

Поради големото растојание до јатото, повеќето од галаксиите се видливи само со големи телескопи. Најсветлите членови се NGC 4889 и NGC 4874, и двете имаат светлинска големина 13, додека пак повеќето останати членови се со светлинска големина од 15 и помала. NGC 4889 е џиновска елиптична галаксија, и е дом ана најголемата позната црна дупка со маса еднакава на 21 милијарда сончеви маси.[13] Јатото Береникина Коса содржи и неколку спирални галаксии. NGC 4921 е најсветлата од нив.[14]

Други галаксии[уреди | уреди извор]

M64, Црно око(галаксија)

M64 е позната како Црно око (галаксија) поради изразената темна линија од прав пред светлото јадро на галаксијата. Правливата линија е видлива само со употреба ан поголеми аматерски телескопи, иако галаксијата е лесно воочлива за најмалите аматерски инструменти бидејќи светлинаската големина е 9.[7] Позната и како Заспаната убавица и Злобно око (галаксија), е во релативна близина на Земјата, од околу 17 милиони сг. Неодамешните истражувања покажале дека меѓуѕвездениот гас во надворешните области на галаксијата кои се вртат во спротивна насока од внатрешните области, што ги наведе астрономите да веруваат дека барем едена придружна галаксија се судрила со истата пред милијарда години. Сите останати докази од помалите галаксии се проголтани. На пресекот меѓу спротивно вртечките области, постојат многу нови маглини и млади ѕвезди.[15]

NGC 4565, Иглестата галаксија

NGC 4314 е челна пречкеста спирална галаксија на растојание од 40 милиони сг. Единствена е според својата област на силно создавање на ѕвезди кои образуваат прстен околу јадрото, откриено од страна на вселенскиот телескоп Хабл. Силното создавање на ѕвезди започнало пред 5 милиони години и е област со пречник од 1.000 сг. Архитектурата на јадрото е понатамошно единствена поради постоењето на мал прстени краци кои оддават гас во пречката.[15]

NGC 4565 е многу добро позната рабна спирална галаксија. Со светлинска големина 10 како да се наметнува на галактичкото јато Девица, иако е само на 20 милиони сг. од Земјата. Како и многуте рабни спирални галаксии има изразена правова линија кај централната испакнатост.[7]

NGC 4676, понекогаш наречена и „Глувци“ (галаксии), е пар од заемнодејствувачки галаксии на растојание од 300 милиони сг. од Земјата. Првичните галаксии биле спирални галаксии, и астрономите предвидуваат дека истите се приближиле најблизу пред 160 милиони години. Оваа блиска средба предизвикала големи области од гас да создаваат ѕвезди во двете галаксии, по должините на „опашките“ од прав, ѕвезди, и гас. За двете првични галаксии се предвидува дека ќе заемодејствуваат значително уште еднаш пред истите целосно да се спојат во поголема, најверојатно елиптична галаксија.[15]

Квазари[уреди | уреди извор]

Квазарот PG1247+26° е најсветлиот квазар во Беренинкината Коса. Како и, W Com која првично била препознаена како променлива ѕвезда а со тоа и означена како променлива ѕвезда, но подоцна било откриено дека станува збор за објект на BL Гуштери. Има светлинска големина од 16,5 но постигнува и светлинска големина 12.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Coma Berenices, constellation boundary“. The Constellations. International Astronomical Union. Посетено на 27 February 2014.
  2. Гај Јулиј Хигин. „2.24“. Астрономика.
  3. 3,0 3,1 3,2 Pasachoff, Jay M. (2006). Stars and Planets. Boston, Massachusetts: Houghton Mifflin.
  4. Ridpath, Ian. „Coma Berenices“. Star Tales. Посетено на 11 April 2012.
  5. Thompson, Gary D. „An Outline Sketch of the Origin and History of Constellations and Star-Names“. Архивирано од изворникот на 2016-10-08. Посетено на 2014-08-25.
  6. „Celestial table globe (GLB0095)“. National Maritime Museum.
  7. 7,00 7,01 7,02 7,03 7,04 7,05 7,06 7,07 7,08 7,09 7,10 7,11 Ridpath & Tirion 2001, стр. 122-124.
  8. John Lankford (2011) History of Astronomy: An Encyclopedia, p. 165 (ISBN 0-8153-0322-X).
  9. „A Galactic Disc, Edge-on and Up Close“. ESA/Hubble Picture of the Week. Посетено на 9 July 2012.
  10. 10,0 10,1 Burnham, Robert Jr. (1966, 1978). Burnham's Celestial Handbook: An Observer's Guide to the Universe Beyond the Solar System, v.2. General Publishing Company, Ltd., Toronto. ISBN 0-486-23567-X. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  11. Star Names, Their Lore and Meaning, by Richard Hinckley Allen
  12. Levy 2005, стр. 159-160.
  13. McConnell, Nicholas J. (2011-12-08). „Two ten-billion-solar-mass black holes at the centres of giant elliptical galaxies“ (PDF). Nature. Архивирано (PDF) од изворникот 2011-12-06. Посетено на 2011-12-06.
  14. van den Bergh, S. (1976-06-15). „A new classification system for galaxies“. Astrophysical Journal. 206: 883–887. Bibcode:1976ApJ...206..883V. doi:10.1086/154452.
  15. 15,0 15,1 15,2 Wilkins, Jamie; Dunn, Robert (2006). 300 Astronomical Objects: A Visual Reference to the Universe. Buffalo, New York: Firefly Books. ISBN 978-1-55407-175-3.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]