Волк (соѕвездие)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Волк
лат. Lupus
Lupus constellation map mk.svg
Кратенка Lup
Генитивно Lupi
Симболизам волк
Ректасцензија 15,3 ч.
Деклинација −45°
Квадрант SQ3
Површина 334 (°)² (46-то)
Главни ѕвезди 9
Бајерови/Флемстидови
ѕвезди
41
Ѕвезди со планети 5
Ѕвезди посјајни од 3,00m 3
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг) 1
Најсјајна ѕвезда α Lup (Мен) (2,30m)
Најблиска ѕвезда LHS 397
(19,35 сг, 5,93 пс)
Месјеови објекти 0
Соседни
соѕвездија
Рамнило
Скорпија
Шестар
Кентаур
Вага
Водна Змија (агол)
Видливо на ширина од +35° до −90°.
Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец јуни.

Волк (лат. Lupus, Lup) — соѕвездие на јужното небо, едно од 48-те забележани од римскиот астроном Клавдиј Птоломеј (II век) и до денес претставува дел од 88-те современи соѕвездија. Сместено е помеѓу соѕвездијата Кентаур и Скорпија.

Забележителности[уреди | уреди извор]

Соѕвездието Волк гледано со голо око

Ѕвезди[уреди | уреди извор]

Волк има околу 30 ѕвезди од величина 2 и 3, како и 70 со величина поголема од 6, вклучувајќи ред двојни и повеќекратни ѕвезди.

Највеќето најсјајни ѕвезди во соѕвездието се масивни членови на OB-здружението Скорпија-Кентаур.[1]

Длабоконебесни објекти[уреди | уреди извор]

Кон северниот дел на соѕвездието се наоѓаат збиените јата NGC 5824 и NGC 5986, е близу до нив е и темната маглина B 228. На југ се сместени расеаните јата NGC 5822 и NGC 5749, како и збиеното јато NGC 5927 на источната граница со соѕвездието Рамнило. На западната граница има две спирални галаксии и Волф-Рајеовата планетарната маглина IC 4406, во која се содржат некои од најврелите познати ѕвезди. Маглината IC 4406 (наречена „Мрежница“) е валчеста маглина оддалечена 5.000 светлосни години. Низ средиштето има правливи појаси.[2] Кон средината на соѕвездието се наоѓа и планетарната маглина NGC 5882. Во Волк е сместена и преминувачката вонсончева планета Волк -TR-3b.

ESO 274-1 е спирална галаксија која е видлива странично, и тоа со аматерски телескоп со пречник од барем 30 см. Се наоѓа користејќи се со Ламбда Волк и Му Волк како обележја, и видлива е само при многу темно небо. По големина зафаќа 9 на 0,7 лачни минути со мало елиптично јадро.[3]

Митологија и историја[уреди | уреди извор]

Во древноста, соѕвездието се сметало за астеризам во рамките на Кентаур и се поимувало како произволно животно, убиено (или на умирање) од страна на или во име на Кентаур.[4] Ератостен си го претставувал како мешок за вино во раката на Кентаур.[5] Волк почнал да се сметаза посебно соѕвездие во III век п.н.е., кога Хипарх го нарекол „Ѕвер“ (Терион). Овој „ѕвер“ , не се сметал за ниедно конкретно животно сè до преведувањето на Хипарховото дело на латински.

Старогрчкото поимување веројатно води потекло од вавилонската фигура позната како Бесно Куче (УР.ИДИМ), со глава и труп на човек и нозе и опашка на ѕвер (лав, куче, волк и тн.) Честопати се среќава заедно со богот на сонцето и уште едно митолошко суштество, наречено „Човек-бик“ (аналогно на грч. Кентаур).[6]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Preibisch, T., Mamajek, E.; Mamajek. The Nearest OB Association: Scorpius-Centaurus (Sco OB2). „Handbook of Star-Forming Regions“ том  2: 0. Bibcode2008hsf2.book..235P. 
  2. Wilkins, Jamie; Dunn, Robert (2006). 300 Astronomical Objects: A Visual Reference to the Universe (1st издание). Buffalo, New York: Firefly Books. ISBN 978-1-55407-175-3. 
  3. Dalrymple 2013, стр. 41.
  4. Mark R. Chartrand III (1983) Skyguide: A Field Guide for Amateur Astronomers, p. 160 (ISBN 0-307-13667-1).
  5. Chartrand, p. 172.
  6. Babylonian Star-lore by Gavin White, Solaria Pubs, 2008, page 145 & 59ff
  • Dalrymple, Les (мај 2013 г). Exploring the M83 Galaxy Group. „Sky & Telescope“. 
  • Ian Ridpath and Wil Tirion (2007). Stars and Planets Guide, Collins, London. ISBN 978-0-00-725120-9. Princeton University Press, Princeton. ISBN 978-0-691-13556-4.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]



Координати: Ѕвездена карта &1000000000000001500000015ч &1000000000000001800000018м &1000000000000000000000000с, −&1000000000000004500000045° &1000000000000000000000000′ &1000000000000000000000000″