Стрела (соѕвездие)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стрела
лат. Sagitta
Sagitta constellation map mk.svg
Кратенка Sge
Генитивно Sagittae
Симболизам стрела
Ректасцензија 19,8333 ч.
Деклинација +18,66°
Квадрант NQ4
Површина 80 (°)² (86-то)
Главни ѕвезди 4
Бајерови/Флемстидови
ѕвезди
19
Ѕвезди со планети 2
Ѕвезди посјајни од 3,00m 0
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг) 1
Најсјајна ѕвезда γ Sge (3,51m)
Најблиска ѕвезда Глизе 745
(28,14 сг, 8,63 пс)
Месјеови објекти 1
Соседни
соѕвездија
Лисица
Херкул
Орел
Делфин
Видливо на ширина од +90° до −70°.
Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец август.

Стреласоѕвездие кое потекнува од латинскиот збор sagitta, и истото не би требало да се поистоветува со поголемото соѕвездие Стрелец. Иако Стрела е старо соѕвездие, ѕвездите во истото не се посјајни од трета привидна светлинска величина и по површина е третото најмало соѕвездие (само Ждребе и Јужен Крст се помали). Било вклучено во 48 соѕвездија наброени од астрономот од II век Птоломеј, и оттогаш останаало едно од 88 современи соѕвездија определени од страна на Меѓународниот астрономски сојуз. Со местоположба над екваторот, Стрела може да се види од секоја местоположба на Земјата, освен од Антарктичкиот круг.

Стрела припаѓа на Млечниот Пат и се граничи со слeдниве соѕвездија (почнувајки од север во насока на часовникот): малото животно Лисица, митолошкиот херој Херкул, птицата Орел и морскиот цицач Делфин.

Значајности[уреди | уреди извор]

Соѕвездието стрела видено со голо око.

Ѕвезди[уреди | уреди извор]

Следниве се едни од најсјајните ѕвезди во Стрела:

  • α Sge: позната и како Шам, е жолта светла џиновска ѕвезда спектрална класа G1 II (со светлинска величина 4,37) и на растојание од 610 сг. од Земјата, и заедно со β Sge (со светлинска величина 4,37) ги образуваат перфувите или двете острици на острилото на стрелата која се користела од Римската армија.
  • γ Sge: овој ладен џин (спектралн класа M0 III, и со светлинска величина 3,47) заедно со ѕвездите δ Sge и ε Sge го образуваат телото на стрелата. Се наоѓа на растојание од 170 сг.
  • δ Sge: ѕвезда од спектрална класа M2 II+A0 V (се смета дека станува збор за набљудувачка двојна ѕвезда, станува збор веројатно за една слика, со композитен спектар), со светлинска величина од 3,82.
  • ε Sge: ѕвезда од спектрална класа G8 III, со светлинска величина 5,66, многукратна ѕвезда (4 ѕвезди, од кои ѕвездата B е видлива)
  • η Sge: оваа ѕвезда од спектрална класа K2 III со светлинска величина 5,1 припаѓа на Хијадите подвижна група на ѕвезди.

Далечни објекти[уреди | уреди извор]

  • M71: овој објект претставува ѕвездено јато, кое често по грешка се смета за густо расеано јато. Се наоѓа на растојание од 13.000 сг. од Земјатаи за првпат е откриено од францускиот астроном Жан Филип де Шезо во периодот меѓу 1745 и 1746 година.

Историја[уреди | уреди извор]

Старите грци најверојтано[1] го нарекувале ова соѕвездие Oistos.[2] Римјаните го нарекле Sagitta.

Јохан Бајер ги избрал имињата на ѕвездите во Стрела по несјајност, ставајќи и ја ознаката на најсветлата ѕвезда γ. Друго соѕвездие во кое се отстапува од традиционалното именување е соѕвездието Стрелец.

Митологија[уреди | уреди извор]

Обликот на Стрела, бил протолкуван токму како стрела во многу култури, меѓу нив се персијците, евреите, старите грци и старите римјани. арапите го нарекувале ас-сахам, име кое се пренесува како Шам и се однесува на α Sge.

Стара Грција[уреди | уреди извор]

Соѕвездието стрела може да се забележи на сликата над Орел во оваа илустрација од Огледалото на Уранија од 1825 година.

Во Стара Грција, соѕвездието Стрела се сметало дека е стрелата со која Херкул го убил орелот на Јупитер, кој постојано се хранел со џигерот на Прометеј.[3] Стрелата е со местоположба на северната граница на Орел. Други пак верувале дека соѕвездието Стрела е стрелата со која Херкул стрелал кон Стимфалските птици, (шестата задача) кои имале клунови и крилја од железо, и се хранеле со човелко месо во мочуриштата на Аркадија. Ератостен тврдел дека станува збор за стрелата со која Аполон ги убил киклопите.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]