Шестар (соѕвездие)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Шестар
лат. Circinus
Circinus constellation map mk.svg
КратенкаCir
ГенитивноCircini
Симболизамшестар
Ректасцензија13ч 38,4м to 15ч 30,2м[1] ч.
Деклинација−55,43° to −70,62°[1]°
КвадрантSQ3
Површина93 (°)² (85-то)
Главни ѕвезди3
Бајерови/Флемстидови
ѕвезди
9
Ѕвезди со планети2
Ѕвезди посјајни од 3,00m0
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг)0
Најсјајна ѕвездаα Cir (3,19m)
Најблиска ѕвездаα Cir
(53,50 сг, 16,40 пс)
Месјеови објекти0
Метеорски дождовиАлфа Шестар (ACI)
Соседни
соѕвездија
Кентаур
Мува
Рајска Птица
Јужен Триаголник
Рамнило
Волк
Видливо на ширина од +30° до −90°.
Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец јули.

Шестар — мало слабосјајно соѕвездие на јужното небо, првпат опишано од францускиот астроном Никола Луј де Лакај. Името потекнува од латинскиот збор сircinus што во превод значи шестар, техничка алатка која се користи за цртање на кругови. Најсјаната ѕвезда е Алфа Шестар, со светлинска величина 3,19. Слабо променлива ѕвезда, станува збор за најсјајната брзоосцилирачка Ap ѕвезда на ноќното небо. AX Шестар е Цефеид кој може да се набљудува со голо око и BX Шестар е слабосјајна ѕвезда која е добиена со спој на две бели џуџиња. Две ѕвезди слични на Сонцето имаат планетарни системи, HD 134060 има две мали планети и HD 129445 има планета слична од типот на Јупитер. Суперновата SN 185 се појавила во Шестар околу 185 година и истата била забележана од кинеските астрономи. Набљудувани се две нови во XX век.

Млечниот Пат минува низ ова соѕвездие, и можат да се забележат изразити објекти како расеаното ѕвездено јато NGC 5823 и планетарната маглина NGC 5315. Шестар има и една забележителна спирална галаксија, глаксијата Шестар, која првпат беше забележана во 1977 година и е најблиската Сејфертова галаксија до Млечниот Пат. Алфа Шестар (ACI), метеорски дожд кој исто така бил откриен во 1977 година, потекнува од ова соѕвездие.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1756 година, францускиот астроном Никола Луј де Лакај кој го востановил соѕвездието Шестар под француското име le Compas.[2] Првпат било прикажано на една од ѕвездените карти на Лакај во 1754 година, но било безимено.[3] Лакај го опишал и соѕвездијата Рамнило, Шестар и Јужен Триаголник, на начин како да се работи за збирка од линијар, шестар и геодетско рамнило сите инструменти дел од приборот на еден цртач, на картата на јужните ѕвезди.[4] Шестар своето име го добило во 1763 година, кога Лакај ја објавил својата надградена карта на небото со латинските имиња на соѕвездијата кои тој ги вовел.[2]

Особености[уреди | уреди извор]

Граничејки се со Кентаур, Мува, Рајска Птица, Јужен Триаголник, Рамнило и Волк, Шестар е во близина на ѕвездите Алфа и Бета Кентаур. Бидејќи деклинацијата е меѓу −50° и −70°, целото соѕвездие може да се види само јужно од 30° СГШ. Официјалните граници на соѕвездието биле опишани од страна на Ежен Делпорт во 1930 година, и станува збор за многуаголник со 14 страни. Во екваторскиот координатен систем, координатите на ректасцензијата се 13ч 38,4м и 15ч 30,2м, и координатите на деклинацијата се −55.43° и −70.62°.[1] Шестар кулминира секоја година во 21.00 часот на 30 јули.[5] Кратенката од три букви 'Cir' за соѕвездието е усвоена од страна на Меѓународниот астрономски сојуз во 1922 година.[6]

Забележителности[уреди | уреди извор]

Соѕвездието Шестар набљудувано со голо око

Ѕвезди[уреди | уреди извор]

Поврзано: Список на ѕвезди во соѕвездието Шестар

Шестар е слабосјајно соѕвездие, со само една ѕведза со светлинска величина поголема од 4.[7] Алфа Шестар, бела ѕвезда на главната низа со светлинска величина 3,19 на 54 сг. од Земјата и 4° јужно од Алфа Кентаур.[8] Не само што станува збор за најсјаната ѕвезда во соѕвездието, станува збор и за најсјаниот пример за брзотреперечка Ap ѕвезда на ноќното небо. Истата има небообичаен спектрален тип A7 Vp SrCrE, при што има изразени оддавања на стронциум, хром и европиум. Овие ѕвезди имаат чудни месни магнетни полиња и се одликуваат со слаба променливост.[9] Алфа Шестар создава двојна ѕвезда со портокалово џуџе со спектрален тип K5 и светлинска величина 8.5,[9] која може да се забележи само со мали телескопи со разделна моќ од 5.7 лачни секунди.[7][10] Растојанието меѓу двете ѕвезди е 260 ае. и орбиталниот период изнесува 2.600 години.[9] Втората најсјана ѕвезда е Бета Шестар, бела ѕвезда од главната низа со спектрален тип A3Va и светлинска величина 4,07 на растојание од 100 сг. од Земјата.[11] Пречникот на истата е 1,8 пати поголем од оној на Сонцето.[12]

Гама Шестар е двојна ѕвезда на растојание од 450 сг. од Земјата,[13] за чиј ѕвезди е потребен телескоп од 150 mm за да се видат одвоено, бидејќи истите се на растојание од 0,8 лачни секунди.[7][10] Посјајната ѕвездае сина B ѕвезда со спектрален тип B5IV+ и светлинска величина 4,51,[13] додека потемната ѕвезда е жолта ѕвезда со светлинска величина 5,5.[14] Орбиталниот период изнесува 180 години.[7] Делта Шестар е исто така многукратна ѕвезда чии ѕвезди имаат светлински величини 5,1 и 13,4 и со орбитален период од 3,9 денови. Посјајната ѕвезда е блиска еклиптична двојна ѕвезда (поточно, вртежна елипсовидна променлива),[7] со мало намалување на светлинската величина од (0,1). Двете се топли О ѕвезди со спектрални типови O7III-V и O9.5V, и се проценува дека масите се 22 и 12 пати поголеми од онаа на Сонцето.[15] На растојание од 3.600 сг. од Земјата,[16] овој систем би ја натсјаел Венера со светлинска величина −4,8 ако беа на растојание од 32 сг. од Земјата.[12] Двете главни ѕвезди се на растојание од 50 лачни секунди и можат да се забележат одделсно при набљудување со голо око или пак со мали аматерски телескопи.[7]

Ета Шестар е жолт џин со спектрален тип G8III и светлиснка величина 5,17, на растојание од 276 сг. од Земјата,[17] и Зета Шестар е сино-бела ѕвезда од главната низа со спектрален тип B3V и светлинска величина 6,09 на растојание од 1.273 сг. од Земјата.[18]

Во соѕвездието Шестар забележани се 493 променливи ѕвезди, но повеќето имаат многу мала промена и се мошне темни.[19] Три изразити примери се Тета Шестар, T Шестар, и AX Шестар.[3][20] Тета Шестар е ѕвезда од класа В и е неправилна променлива ѕвезда со промена на светлинската величина од 5 до 5,4.[7] T Шестар е истот така В ѕвезда со промена на светлинската величина од 10,6 до 9,3 во период од 3.298 денови,[3] иако станува збор за еклиптична двојна ѕвезда, наместо да станува случај за пулсирачка ѕвезда.[21] AX Шестар е Цефеид чија светлинска величина се менува од 5,6 до 6,19 во период од 5,3 денови.[20] Станува збор за жолто-бел суперџин со спектрален тип F8II+, 1.600 сг. од Земјата.[22] BP Шестар е уште една Цефеид променлива со промена ан светлинската величина од 7,37 до 7,71 во периодод 2,4 денови.[23] И двата споменати Цефеиди се спектроскопски двојни ѕвезди со придружни ѕвезди со спектрален тип B6 и 5 и со маса од 4,7 сончеви маси.[24] BX Шестар е слабосјајна ѕвезда која има променлив светлинска величина меѓу 12,57 и 12,62 во период од 2 часа и 33 минути.[23] Околу 99% од составот на ѕвездата е хелиум. Неговото потекло е непознато, но можно е да станува збор за спојување на хелиум и јаглеродно/кислородно бело џуџе.[25]

Најдени се неколку ѕвезди со планети во соѕвездието Шестар, иако ниту една од ѕвездите не е позната. HD 134060 е ѕвезда налик на Сонцето жолто џуџе со спектрален тип G0VFe+0.4 и светлинска величина 6,29, на растојание од 79 сг. од Земјата.[26] Двете планети присутни во системот беа откриени во 2011 година со помош на методот на радијална брзина помалата, HD 134060 b, има маса 0,0351  од масата ан Јупитер и орбитален период од 3,27 денови, и растојание од 0.0444 ае.[27] и поголемата, HD 134060 c (0,15 MJ), орбитира на растојание од 2,226 ае. со период од 1.161 ден.[28] Послабосјајната со светлинска величина 8,8, HD 129445 на растојание од 220 сг. и маса 0,99 од масата на Сонцето и со сличен спектрален тип G8V. HD 129445 b, е планета слична на Јупитер (1,6 MJ) и е откриена во 2010 година со помош на методот на радијална брзина, и истата орбитира на растојание од 2,9 ае. од матичната ѕвезда за период од 1.840 денови.[29]

Далечни објекти[уреди | уреди извор]

ѕвездена фотографија од NGC 5823, прикажувајќи го обликот на превртено S.

Во соѕвездието Шестар забележани се три расеани ѕвездени јата и една планетарна маглина, кои можат да се набљудуваат со телескопи од најразлични големини. NGC 5823, исто така наречена Калдвел 88,[7] е расеано ѕвездено јато старо отприлика 800 милиони години, на растојание од 3.500 сг. од Земјата и се протега 12 сг. по северната граница на соѕвездието.[30] Иако поседува вкупна светлинска величина 7,9,[7] јатото може да се забележи со скок од Бета Шестар до Алфа Кентаур.[31] Содржи преку 80-100 ѕвезди со светлинска величина 10 или послаба, кои се распределени во пречник од 10 лачни секунди.[20] Посјајните ѕвезди не се всушност членови на јатото бидејки се поблизу до Земјата отколку оние потемните.[32] NGC 5823 делува изразито понекогаш опишано како превртено „S“, како што било опишано од страна на Џон Хершел,[30][33] иако понекогаш се опишува и со облик на „лале“ и „кутивка“.[32] Ова јато може да се помеша со сличното јато, NGC 5822, во Волк.[31] За споредба, расеаното јато NGC 5715 е послабосјано (со вкупна светлинска величина 9,8) најсјаната ѕвезда има светлинска величина 11 и е помало само 7 лачни минути, и се состои од 30 ѕвезди. Третото расеано јато, Писмис 20, содржи 12 ѕвезди и е со пречник од 4,5 лачни секунди и светлинска величина како онаа на NGC 5823 (7,8). Се наоѓа на растојание од 8.270 сг., и потребен е аматерски телескоп со отвор од 300 мм. за да се забележат одделно сите ѕвезди.[3]

Снимка на вселенскиот телескоп Хабл на NGC 5315, прикажувајки ја сложената структура и централната ѕвезда.

Планетарната маглина NGC 5315 има светлинска величина 9,8 околу централната ѕвезда со светлинска величина 14,2, на растојание од 5,2 степени од Алфа Шестар. Истата може да се види како диск при 200-кратно зголемување.[34] Бернс 145 е темна и отсјајна маглина првпат спомната во каталогот на Бернсовиот каталог. Темниот дел од маглината може да се види со големи аматерски телескопи и има површина од 12 на 5 лачни минути. За помалата отсјајна маглина да биде видена потребен е голем инструмент.[35]

Шестар ја содржи и ESO 97-G13, позната и како Шестар. откриена во 1977 година,[20] станува збор за релативно сјајна галаксија (светлинска величина 10,6), што е необично за галаксија во соѕвездијата во близина на Млечниот пат, бидејќи нивната светлина е поречена од галактичкиот гас и прашина. Оваа изфолжена спирална галаксија со површина од 6,9 на 3 лачни минути и со пречник од 26.000 сг. на растојание од 13 милиони сг. од Земјата и на 4 степени од галактичката рамнина.[3] Станува збор за најблиската [[Сејфертова галаксија],[36] и има активно галактичко јадро.[37]

Слика од X-зрачната опсерваторија Чандрана која со употреба на бои е прикажана слика од Шестар X-1 на која можат да се забележат млазови

Шестар X-1 е X-зрачна двојна ѕвезда во чиј состав има неутронска ѕвезда. Набљудувањата на Шестар X-1 во јули 2007 година откриле присуство на Х-зрачни млазеви кои постојат кај црните дупки.[38] Сместена на растојание од 19.000 сг. пулсарот PSR B1509-58, наречен и Шестар, има исфрлено млаз долг 20 сг. од својот јужен пол, кој може лесно да се забележи во Х-зрачниот дел на спектарот.[39] Друг супернова остаток во Шестар е оној на SN 185. Забележана од кинеските астрономи во 185 година, SN 185 била видлива на ноќното небо во период од 8 месеци, остатокот познат под името RCW 86, се протега на површина поголема од полна Месечина.[40]

Бело џуџе во близок двоен систем може да насобере материјал од соседната ѕвезда се до моментот додека истиот не се запали и предизвика термонуклеарна експлозија, која се нарекува нова.[41] Овие ѕвезди претежно засјајуваат со сјај поголем за 7 до 16 светлински величини.[42] Новата Шестар 1926, позната и како X Шестар, била набљудувана со светлинска величина 6,5 на 3 септември 1926 година, пред д затемни до светлинска величина од 11,7 и 12,5 во 1928 година и 13 во 1929 година.[43] Новата шестар 1995 (BY Шестар) ја пстигнала својата максимална светлинска величина 7,2 во јануари 1995 година.[41] BW Шестар е мал Х-зрачен двоен систем, кои се состои од црна дупка со маса од 8 сончеви маси и жолта субџиновска ѕвезда со спектрален тип G0III-G5III.[44] Од овој систем биле забележани изблици на X-зраци во 1987 и 1997 година а можно е да биле забележани ив о 1971-72 година.[45]

Метеорски дождови[уреди | уреди извор]

Шестар е радијант на годишниот метеорски дожд, Алфа Шестар (ACI). првпат забележани во Квинсленд во 1977 година,[46] метеорите имаат просечна брзина од 27,1 км/с, и се смета дека се поврзани со некоја долгопериодична комета.[46][47] Во 2011 година, Питер Јенискенс предложил дека станува збор за патеката на кометата C/1969 T1 која се пресекува со Земјината орбита и го создава метеорскиот дожд кој потекнува од радијант во близина на Бета Шестар.[48]Овој Метеорски дожд го достигнува својот максимум на 4 јуни на денот кога и за првпат бил забележан.[49]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Circinus, constellation boundary. „The Constellations“ (International Astronomical Union). http://www.iau.org/public/constellations/#cir. посет. 27 јуни 2012 г. 
  2. 2,0 2,1 Ridpath, Ian. "Circinus". Star Tales. конс. 27 June 2012. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Simpson, Phil (2012). Guidebook to the Constellations : Telescopic Sights, Tales, and Myths. Springer New York. стр. 743–47. ISBN 978-1-4419-6941-5. 
  4. Ridpath, Ian. "Lacaille's grouping of Norma, Circinus, and Triangulum Australe". Star Tales. конс. 27 June 2012. 
  5. James, Andrew (7 February 2011). "'The '"Constellations : Part 2 Culmination Times"'". Southern Astronomical Delights. Sydney, New South Wales. конс. 12 October 2012. 
  6. Russell, Henry Norris. The New International Symbols for the Constellations. „Popular Astronomy“ том  30: 469. Bibcode1922PA.....30..469R. 
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 7,5 7,6 7,7 7,8 Moore, Patrick (2011). Patrick Moore's Data Book of Astronomy. Cambridge University Press. стр. 410. ISBN 0-521-89935-4. http://books.google.com/?id=2FNfjWKBZx8C&pg=PA410&dq=Circinus#v=onepage&q=Circinus&f=false. 
  8. Motz, Lloyd; Nathanson, Carol (1991). The Constellations: An Enthusiast's Guide to the Night Sky. London, United Kingdom: Aurum Press. стр. 387. ISBN 1-85410-088-2. 
  9. 9,0 9,1 9,2 Kaler, Jim. "Alpha Circini". Stars. University of Illinois. конс. 26 October 2012. 
  10. 10,0 10,1 Ridpath, Ian; Tirion, Wil (2007). Stars and Planets Guide. Princeton: Princeton University Press. стр. 120. ISBN 978-0-691-13556-4. 
  11. "Beta Circini". SIMBAD Astronomical Database. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. конс. 30 June 2012. 
  12. 12,0 12,1 Bagnall, Philip M. (2012). The Star Atlas Companion: What You Need to Know about the Constellations. New York, New York: Springer. стр. 160–62. ISBN 1-4614-0830-X. 
  13. 13,0 13,1 "Gamma Circini". SIMBAD Astronomical Database. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. конс. 30 June 2012. 
  14. Ridpath, Ian; Tirion, Wil (2001). Stars and Planets Guide. Princeton University Press. стр. 118–19. ISBN 0-691-08913-2. 
  15. Penny, Laura R.; Seyle, Debra; Gies, Douglas R.; Harvin, James A.; Bagnuolo, Jr.; Thaller, M. L.; Fullerton, A. W.; Kaper, L.. Tomographic Separation of Composite Spectra. VII. The Physical Properties of the Massive Triple System HD 135240 (Delta Circini). „The Astrophysical Journal“ том  548 (2): 889–99. doi:10.1086/319031. Bibcode2001ApJ...548..889P. 
  16. "Delta Circini". SIMBAD Astronomical Database. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. конс. 25 October 2012. 
  17. "Eta Circini". SIMBAD Astronomical Database. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. конс. 26 October 2012. 
  18. "Zeta Circini". SIMBAD Astronomical Database. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. конс. 26 October 2012. 
  19. "Circinus search results". International Variable Star Index. AAVSO. конс. 31 January 2013. 
  20. 20,0 20,1 20,2 20,3 Inglis, Mike (2004). Astronomy of the Milky Way: Observer's Guide to the Southern Sky. New York, New York: Springer. стр. 31. ISBN 1-85233-742-7. http://books.google.com/?id=1r0qvMjSCGAC&pg=SA3-PA31&dq=Circinus+inglis#v=onepage&q&f=false. 
  21. VSX (4 January 2010). "T Circini". AAVSO Website. American Association of Variable Star Observers. конс. 24 January 2014. 
  22. "AX Circini". SIMBAD Astronomical Database. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. конс. 26 October 2012. 
  23. 23,0 23,1 BSJ (30 November 2013). "BP Circini". AAVSO Website. American Association of Variable Star Observers. конс. 24 January 2014.  Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „AAVSOBP“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  24. Evans, Nancy Remage; Bond, Howard E.; Schaefer, Gail H.; Mason, Brian D.; Karovska, Margarita; Tingle, Evan. Binary Cepheids: Separations and Mass Ratios in 5M ⊙ Binaries. „Astronomical Journal“ том  46 (4): 93, 10 pp. http://arxiv.org/pdf/1307.7123v1.pdf. 
  25. Woolf, V. M.; Jeffery, C. S.. Temperature and gravity of the pulsating extreme helium star LSS 3184 (BX Cir) through its pulsation cycle. „Astronomy & Astrophysics“ том  395: 535–40. doi:10.1051/0004-6361:20021113. Bibcode2002A&A...395..535W. http://www.aanda.org/index.php?option=com_article&access=bibcode&Itemid=129&bibcode=2002A%2526A...395..535WFUL. 
  26. "LTT 6035 – High proper-motion Star". SIMBAD Astronomical Database. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. конс. 25 October 2012. 
  27. "HD 134060 b". The Extrasolar Planet Encyclopedia. Paris Observatory. 12 September 2011. конс. 31 January 2013. 
  28. "HD 134060 c". The Extrasolar Planet Encyclopedia. Paris Observatory. 12 September 2011. конс. 31 January 2013. 
  29. "HD 129445 b". The Extrasolar Planet Encyclopedia. Paris Observatory. 26 January 2010. конс. 31 January 2013. 
  30. 30,0 30,1 Mobberley, Martin (1999). The Caldwell Objects And How to Observe Them. Springer. стр. 184. ISBN 978-1-4419-0326-6. 
  31. 31,0 31,1 Arnold, H.J.P.; Doherty, P.D.; Moore, Patrick (1997). The Photographic Atlas of the Stars. CRC Press. стр. 176. ISBN 978-0-7503-0654-6. 
  32. 32,0 32,1 O'Meara, Stephen James (2002). The Caldwell Objects. Cambridge University Press. стр. 349–50. ISBN 978-0-521-82796-6. 
  33. Bakich, Michael E. (2010). 1001 Celestial Wonders to See Before You Die: The Best Sky Objects for Star Gazers. Springer. стр. 174. ISBN 978-1-4419-1777-5. 
  34. Bakich, Michael E. (2010). 1001 Celestial Wonders to See Before You Die: The Best Sky Objects for Star Gazers. Patrick Moore's Practical Astronomy Series. Springer. стр. 162. ISBN 1-4419-1776-4. http://books.google.com/?id=qEhpS7d5ZdAC&pg=PA475&dq=NGC+5315#v=onepage&q=NGC%205315&f=false. 
  35. Chadwick, Stephen; Cooper, Ian (2012). Imaging the Southern Sky: An Amateur Astronomer's Guide. стр. 139. ISBN 978-1-4614-4750-4. 
  36. Maiolino, R; Krabbe, A.; Thatte, N.; Genzel, R.. Seyfert Activity and Nuclear Star Formation in the Circinus Galaxy. „The Astrophysical Journal“ том  493 (2): 650–65. doi:10.1086/305150. Bibcode1998ApJ...493..650M. http://iopscience.iop.org/0004-637X/493/2/650/fulltext/. 
  37. For, B.-Q.; Koribalski, B. S.; Jarrett, T. H.. Gas and Star Formation in the Circinus Galaxy. „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society“ том  425 (3): 1934–50 [1934]. doi:10.1111/j.1365-2966.2012.21416.x. Bibcode2012MNRAS.425.1934F. 
  38. "Circinus X-1: Neutron Stars Join the Black Hole Set". Chandra X-Ray Observatory. Harvard University / National Aeronautics and Space Administration. 2007. конс. 8 January 2009. 
  39. Nemiroff, Robert; Bonnell, Jerry (13 September 2001). "X-Rays and the Circinus Pulsar". Astronomy Picture of the Day. NASA. конс. 31 January 2013. 
  40. NASA Telescopes Help Solve Ancient Supernova Mystery“, NASA, 24 ноември 2011 (посет. 30 јуни 2012 г).
  41. 41,0 41,1 Greeley, Bradford W.; Blair, William P.; Long, Knox S.. Hopkins Ultraviolet Telescope Observations of Nova Circini 1995 and Nova Aquilae 1995. „Astrophysical Journal Letters“ том  454: L43–46. doi:10.1086/309767. Bibcode1995ApJ...454L..43G. 
  42. "Types of Variables". AAVSO. Cambridge, Massachusetts: American Association of Variable Star Observers. 18 June 2012. конс. 2 February 2013. 
  43. Cannon, A.J.. Becker's Nova Circini No. 2 1926. „Harvard College Observatory Bulletin“ том  872 (872): 1–2. Bibcode1930BHarO.872....1C. 
  44. Kreidberg, Laura; Bailyn, Charles D.; Farr, Will M.; Kalogera, Vicky. Mass Measurements of Black Holes in X-ray Transients: is There a Mass Gap?. „The Astrophysical Journal“ том  757 (36): 17pp.. doi:10.1088/0004-637x/757/1/36. Bibcode2012ApJ...757...36K. http://iopscience.iop.org/0004-637X/757/1/36/pdf/apj_757_1_36.pdf. 
  45. Casares, J.; Zurita, C.; Shahbaz, T.; Charles, P.A.; Fender, R.P.. Evidence of a Black Hole in the X-ray Transient GS 1354–64 (=BW Circini). „The Astrophysical Journal“ том  613: L133-L136. doi:10.1086/425145. Bibcode2004ApJ...613L.133C. 
  46. 46,0 46,1 Jenniskens, Peter (2006). Meteor Showers and Their Parent Comets. Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-85349-1. 
  47. "Alpha Circinids". Meteor Data Center. IAU. 15 November 2012. конс. 31 January 2013. 
  48. Jenniskens, Peter. "2011 International Geophysical Year Calendar" (PDF). NASA. конс. 31 January 2013. 
  49. Sherrod, P. Clay; Koed, Thomas L. (2003). A Complete Manual of Amateur Astronomy: Tools and Techniques for Astronomical Observations. Courier Dover Publications. ISBN 978-0-486-42820-8. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]