Кефеј (соѕвездие)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кефеј
лат. Cepheus
КратенкаCep
ГенитивноCephei
СимболизамКрал/Кралот Кефеј
Ректасцензија20ч 01м &1000000000000005644809956,4.481с–09ч 03м &1000000000000001979309919,7.931с[1] ч.
Деклинација88,6638870°–53,3532715°[1]°
Површина588 (°)² (27-мо)
Главни ѕвезди7
Бајерови/Флемстидови
ѕвезди
43
Ѕвезди со планети1
Ѕвезди посјајни од 3,00m1
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг)3
Најсјајна ѕвездаα Cep (Алдерамин) (2,45m)
Најблиска ѕвездаКругер 60
(13,15 сг, 4,03 пс)
Месјеови објекти0
Метеорски дождовинема
Соседни
соѕвездија
Лебед
Гуштер
Касиопеја
Жирафа
Змеј
Мала Мечка
Видливо на ширина од +90° до −10°.
Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец ноември.

Кефејсоѕвездие на северното небо. Именувано според Кефеј, Кралот на Етиопија во старогрчката митологија. Станува збор за едно од 48 соѕвездија забележани од Птоломеј во II век, и останало како едно од 88-те современи соѕвездија. Најсветлата ѕвезда Алфа Кефеј е со привидна светлинска величина од 2,5. Делта Кефеј е прототип за важна класа на ѕвезди познати како кефеиди. Му-кефеида и VV-кефеида се црвени суперџинови и се едни од најголемите ѕвезди.

Историја и митологија[уреди | уреди извор]

Кефеј бил крал на Етиопија. Тој бил оженет со Касиопеја и бил татко на Андромеда, и двете денес се спомнуваат во современите соѕвездија заедно со Кефеј.[2]

Забележителности[уреди | уреди извор]

Соѕвездието Кефеј гледано со голо око.

Ѕвезди[уреди | уреди извор]

Алфа Кефеј,традиционално позната како Алдерамин, е бела ѕвезда со светлинска величина 2,5, ина растојание од 49 сг. од Земјата. Бета Кефеј, традиционално позната како „Алфирик“, е двојна ѕвезда со син џин како првична ѕвезда со светлинска величина 3,2 и секундарна со светлинска величина 7,9. Првичната ѕвезда е променлива ѕвезда и се смета дека е прототпип на подкласа од пулсирачка променлива ѕвезда, кои понекогаш се именувани според Бета Големо Куче. Бета-кефеидите немаат големи промени во светлинската величина, ниту пак имаат периоди подолги од неколку часа. Бета кефеј и самата има промена во светлинската величина од 0,1 во период од 4,6 часа. Традиционалното име значи „стадо“ и се однесува на стадо од овци. Гама Кефеј, традиционлано познато и како Ерај, е портокалова ѕвезда со светлинска величина 3,2 и на растојание од 45 сг. од Земјата. Традиционалното име на истата означува „овчар“.[3] Станува звбор за двојна ѕвезда на приближно растојание од 50 сг. од Земјата. Системот се состои од портокалов подџин и црвено џуџе. поради прецесијата на еквиноксите, γ Кефеј ќе биде поларна ѕвезда во периодот меѓу 3000 и 5200 година, со најмало растојание до небесниот пол околу 4000 година. околу првичната ѕвезда орбитира и планета.

Делта Кефеј е кефеида, жолт суперџин на растојание од 980 сг. од Земјата. Откриено е дека станува збор за променлива ѕвезда од страна на Џон Гудрик во 1784 година. Има распон на светлинската величина од 3,5 до 4,4 во период од 5 дена и 9 часа. Кефеидите се класа на пулсирачки променливи ѕвезди, и Делта Кефеј има минимална големина од 40 сончеви пречницио и максимална големина од 46 сончеви пречници. Станува збор за двојна ѕвезда, жолтиот суперџин има придружна сина ѕвезда со светлинска величина 6,3.[3]

Во Кефеј постојат неколку изразити променливи ѕвезди. Една е, μ Кефеј, позната и како Хершелова Гранатна Ѕвезда поради својата изразена црвена боја. Станува збор за полупроменлива ѕвезда со минимална светлинска величина 5,1 и максимална 3,4. Периодот изнесува 2 години.[3] Ѕвездата е со полупречник од 11,8 ае. Доколку би била поставена во центарот на нашиот Сончев Систем, ќе се протега до Сатурн. Друга променлива ѕвезда е VV Кефеј, како и Ми Кефеј, станува збор за црвен суперџин и за полупроменлива ѕвезда, со местоположба на 2000 сг. од Земјата. Има минимална светлинска величина од 5,4 и максимална 4,8. Станува збор за една од најголемите ѕвезди во галаксијата, со пречник од 1000 сончеви пречници. VV Кефеј има невообичаено долг еклиптички придружник, но еклипсите, се случуваат на секои 20,3 години, и не можат да се забележат без употреба на инструменти. T Кефеј, исто така црвен џин, е Мирида со минимална светлинска величина од 11,3 и максимална од 5,2 на растојание од 685 сг. од Земјата. Со период од 13 месеци и пречник оф 500 сончеви пречници.[3]

Постојат и неколу истакнати двојни ѕвезди во Кефеј. Омикрон Кефеј е двојна ѕвезда со орбитален период од 800 години. Системот е на растојание од 211 сг. од Земјата и се состои од портокалов џин со светлосна величина 4,9 и втората ѕвезда со светлинска величина 7,1. Кси Кефеј е уште една двојна ѕвезда на растојание од 102 сг. од Земјата, со орбитален период од 4000 сг. Првичната ѕвезда е бело-сина со светлинска величина 4,4, додека втората е жолта ѕвезда соо светлинска величина 6,5.[3]

Кругер 60 е двојна ѕвезда со светлинска величина 11 и се состои од две црвени џуџиња. Овој ѕвезден систем е еден од најблиските, на растојание од само 13 сг. од Земјата.

Далечни објекти[уреди | уреди извор]

NGC 7354 е планетарна маглина сместена во соѕвездието Кефеј.[4]

Претставување[уреди | уреди извор]

Кефеј претставен на илустрација во Огледалото на Уранија, збир од ѕвездени карти објавени во Лондон во 1825 година.

Кефеј е најчесто претставен како ги држи дигнати нагоре, молејќи ги боговите да го поштедат животот на неговата ќерка Андромеда. Претставен е и како владетел кој седи во својот престол.[2]

Во источната астрономија[уреди | уреди извор]

Во кинеската астрономија, ѕвездите од соѕвездието Кефеј се сместени во две области: Виолетова Забранета Градба (紫微垣, Ѕе веј јуен) и Црна Желка на север (北方玄武, Беј фанг сјуен ву).

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Cepheus, constellation boundary“. The Constellations. International Astronomical Union. Посетено на 15 February 2014.
  2. 2,0 2,1 Staal 1988, стр. 14–18
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Ridpath & Tirion 2001, стр. 112-113.
  4. „Smoky Shells“. ESA/Hubble Picture of the Week. Посетено на 13 December 2012.
  5. Levy 2005, стр. 107.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]