Длето (соѕвездие)
лат. Caelum | |
![]() | |
Кратенка | Cae |
---|---|
Генитивно | Caeli[1] |
Симболизам | Длето |
Ректасцензија | 04ч 19,5м to 05ч 05,1м[2] ч. |
Деклинација | −27,.02° to −48,74°[2]° |
Квадрант | SQ1 |
Површина | 125 (°)² (81-во) |
Главни ѕвезди | 4 |
Бајерови/Флемстидови ѕвезди | 8 |
Ѕвезди со планети | 1 |
Ѕвезди посјајни од 3,00m | 0 |
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг) | 0 |
Најсјајна ѕвезда | α Cae (4,45m) |
Најблиска ѕвезда | HD 30876 (57,87 сг, 17,75 пс) |
Месјеови објекти | 0 |
Метеорски дождови | None |
Соседни соѕвездија | Гулаб Зајак Еридан Часовник Златна Рипка Сликар |
Видливо на ширина од +40° до −90°. Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец јануари. |
Длето — слабосјајно соѕвездие на јужното небо, воспоставено во 1750 година од страна на Никола Луј де Лакај. Името на соѕвездието потекнува од латинскиот збор саelum што во превод значи длето, и првично било познато под името Caelum Scalptorium („Длетото на Граверот“). Станува зор за осмото најмало соѕвездие, и просторен агол од околу 0.038 стерадијани, само малку помалку од Јужна Круна.
Поради својата мала големина и местоположба од рамнината на Млечниот Пат, Длето е јалово соѕвездие, со само неколку соѕвездија од интерес. Најсјајната ѕвезда во соѕвездието, Алфа Длето, е само со светлинска величина 4,45, и само уште една ѕвезда (Гама1 Длето) е со светлинска величина поголема од 5. Други позначајни објекти во Длето се RR Длето, двојна ѕвезда со една планета на растојание од 65,7 сг. од Земјата, X Длето, и променливата Делта Штит која образува оптичка двојна ѕвезда со Гама1 Длето, и HE0450-2958 Сејфертова галаксија која првично наликувала на млаз без да се забележи галаксијата.
Историја
[уреди | уреди извор]
Длето за првпат било воведено во XVIII век од страна на Никола Луј де Лакај, француски астроном кој осмислил уште 13 други јужни соѕвездија во еден кус период.[3] Првичното име кое Лакај му го доделил на соѕвездието било Caelum Scalptorium „Длетото на Граверот“, и Францис Бејли го скратил името само на Длето по сугестија од страна на Џон Хершел.[4] Во оригиналната ѕвездена карта на Лакај, соѕвездието било прикажано како шило или пак бакрорез, за подоцна да се препознава само како длето.[4] Јохан Елерт Боде го предложил името во множина, Caela Scalptoris, но истото не било прифатено.[5]
Особености
[уреди | уреди извор]Длето се граничи со Златна Рипка и Сликар на југ, Часовник и Еридан на исток, Зајак на север и Гулаб на запад. Со површина од 125 квадратни степени, е на 81 место по големина од 88-те современи соѕвездија. Може да се забележи на јужната полутопка за време на летото и целото соѕвездие е видливо во еден период од годината за жителите под 41 северен напоредник на северната полутопка.[1][б 1] Главниот астеризам се состои од четири ѕвезди кои се со светлинска величина поголема од 6,5.[1] Границите на соѕвездието се поставени од Ежен Делпорт во 1930 година, и се опишани како дванаесетостран многуаголник. Во екваторскиот координатен систем, координатите на ректасцензијата на овие граници се меѓу 04ч 19,5м и 05ч 05,1м,додека пак координатите на деклинацијата се движат меѓу −27,02° и −48,74°.[2] Меѓународниот астрономски сојуз ја прифатил кратенката од три букви „Cae“ за соѕвездието во 1922 година.[6]
Забележителности
[уреди | уреди извор]
Ѕвезди
[уреди | уреди извор]Длето е слабосјајно соѕвездие, не поседува ѕвезди со светлинска величина поголема од 4 и смо две со светлинска величина поголема од 5. Лакај на шест ѕвезди им дал Бајерови ознаки, означувајќи ги од алфа до зета во 1756 година, но ја прскокнал епсилон и две блиски ѕвезди ги означил со гама. Боде ги проширил ознаките до Ро за останатите ѕвезди но повеќето не се користат.[5] Длето е многу на југ за ѕвездите од соѕвездието да имаат Фламстидови ознаки.[б 2]
Најсјајната ѕвезда, Алфа Длето, е двојна ѕвезда, која содржи ѕвезда со спектрална класа F која е на главната низа и со светлинска величина 4.,45 и црвено џуџе со светлинска величина 12,5, на растојание од 65,7 сг. од Земјата.[8][9] Бета Длето, уште една ѕвезда со спектрална класа F со светлинска величина 5,05, е уште подалеку, на растојание од 93,5 сг. од Земјата. За разлика од Алфа, Бета Длето е ѕвезда подџин, пред кус временски период ја напуштила главната низа.[10] Делта Длето, со светлинска величина 5,05, е ѕвезда подџин со спектрална класа B и на растојание од 700 сг. од Земјата.[11]
Гама1 Длето е двојна ѕвезда со првична ѕвезда црвен џин со светлинска величина 4,58 и втората ѕвезда со светлинска величина 8,1. И двете ѕвезди се на растојание од 181,3 сг. од Земјата. Двете ѕвезди не можат да се видат оддвоено во помали аматерски телескопи поради разликата во светлинските величини и малото ѓегусебно растојание.[12] Оваа ѕвезда образува оптичка двојна ѕвезда со неповрзаната X Длето (Гама2 Длето), и променлива ѕвезда од типот Делта Штит на растојание од 320,7 сг. од Земјата.[13] Станува збор за кратко периодични пулсирачки ѕвезди кои се користат како стандардни свеќи и се предмет на проучување на астросеизмологијата.[14] X Длето и самата е двојна ѕвезда, поточно допирна двојна ѕвезда,[15] што значи дека ѕвездите се толку близу една до друга што ги делат обвивките. Друга променлива ѕвезда видлива со голо око во спѕвездието е RV Длето, пулсирачки црвен џин со спектрална класа M1III,[16] чии светлински велеичини се движат од 6,44 до 6,56.[17]
Постајат и три ѕвезди кои сè уште се нарекуваат по своите Бајерови ознаки и можат да се видат со голо око во соѕвездието Длето. Ни Длето[18] е уште една двојна ѕвезда, која содржи бел џин со светлинска величина 6,07[19] и друга ѕвезда со светлинска величина 10,66 со непозната спектрална класа.[20] Овој систем е на растојание од 171,4 сг. од Земјата.[19] Ламбда Длето,[21] со светлинска величина 6,24, е многу поцрвена и подалечна ѕвезда црвен џин на растојание од 740 сг. од Земјата.[22] Зета Длето е подалечна послабосјајна ѕвезда со светлинска величина 6,36 на растојание од 430 сг. од Земјата, станува збор за ѕвезда со спектрална класа К подџин од спектрален тип K1.[23] Останатите 12 ѕвезди кои можат да се видат со голо око во Длето не се со Бајерови ознаки како што е на пример RV Длето.

Една од најблиските ѕвезди во Длето е еклиптичката двојна ѕвезда RR Длето, на растојание од 65,7 сг. од Земјата.[24] Овој систем се состои од темно црвено џуџе и бело џуџе.[25] И покрај близината до Земјата, привидната светлинска величина изнесува 14,4[24] поради слабиот сјај на ѕвездите и токму поради овие причини не може лесно да се забележи со помал амтерски телескоп. Во 2012 година, во овој систем беше пронајдена џиновска планета, и постои доказ а постоење на уште една планета.[26] Системот е во пост преносна фаза и го губи своето аголно забрзување што на крајот ќе предизвика пренос на масата од црвеното џуџе на белото џуџе. За отприлика од 9 до 20 милијарди години, ова ќе предизвика системот да стане катаклизмична променлива.[27]
Далечни објекти
[уреди | уреди извор]Поради својата мала големина и местоположба надвор од галактичката рамнина на Млечниот, во Длето нема далечни објекти, и нема Месјеови објекти. Единствениот далечен објект во Длето кој е интересен за разгледување е HE0450-2958, невообичаена Сејфертова галаксија. Првично, оваа галаксија се покажала како тешка за наоѓање, како млазот од истата да потекнувал од никаде.[28] Некои астрономи предложиле дека станува збор за исфрлена материја од супермасивна црна дупка,[29] но сега се знае дека станува збор за мала галаксија која може тешко да се забележи поради млазот и блиската ѕвездородна галаксија.[30]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Гулаб (соѕвездие)
- Зајак (соѕвездие)
- Еридан (соѕвездие)
- Часовник (соѕвездие)
- Златна Рипка (соѕвездие)
- Сликар (соѕвездие)
Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Додека одредени делови од соѕвездието се искачуваат над хоризонтот за набљудувачи меѓу 41°СГШ и 62°СГШ, ѕвездите на растојание од неколку степени од хоризонтот нема да бидат видливи.[1]
- ↑ Јужните соѕвездија како што е Длето немаат Фламстидови ознаки, бидејќи Фламстид ги категоризирал ѕвездите кои се видливи од Англија.[7]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Ridpath, Ian. „Constellations: Andromeda–Indus“. Star Tales. self-published. Посетено на 1 April 2014.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Caelum, Constellation Boundary“. The Constellations. International Astronomical Union. Архивирано од изворникот на 2013-06-05. Посетено на 14 January 2014.
- ↑ Ridpath, Ian. „Lacaille“. Star Tales. self-published. Посетено на 3 May 2014.
- ↑ 4,0 4,1 Ridpath, Ian. „Caelum“. Star Tales. self-published. Посетено на 3 May 2014.
- ↑ 5,0 5,1 Wagman, Morton (2003). Lost Stars: Lost, Missing and Troublesome Stars from the Catalogues of Johannes Bayer, Nicholas Louis de Lacaille, John Flamsteed, and Sundry Others. Blacksburg, VA: The McDonald & Woodward Publishing Company. стр. 58–59. ISBN 978-0-939923-78-6.
- ↑ Russell, H. N. (1922). „The New International Symbols for the Constellations“. Popular Astronomy. 30: 469–71. Bibcode:1922PA.....30..469R.
- ↑ Kaler, J. B. „Star Names“. University of Illinois at Urbana–Champaign. Посетено на 11 May 2014.
- ↑ „* Alpha Caeli – Star in double system“. SIMBAD. Посетено на 13 January 2013.
- ↑ „GJ 174.1 B – Flare star“. SIMBAD. Посетено на 13 January 2013.
- ↑ „LTT 2063 – High proper-motion Star“. SIMBAD. Посетено на 13 January 2013.
- ↑ „* Delta Caeli – Star“. SIMBAD. Посетено на 13 January 2013.
- ↑ „* Gamma Caeli – Star“. SIMBAD. Посетено на 13 January 2013.
- ↑ „V* X Caeli – Variable Star of Delta Scuti type“. SIMBAD. Посетено на 13 January 2013.
- ↑ Templeton, M. (16 July 2010). „Delta Scuti and the Delta Scuti Variables“. AAVSO Website. American Association of Variable Star Observers. Посетено на 2 February 2014.
- ↑ X., V. S.; Patrick, W. (4 January 2010). „X Caeli“. AAVSO Website. American Association of Variable Star Observers. Посетено на 28 March 2014.
- ↑ „V* RV Caeli – Pulsating variable Star“. SIMBAD. Посетено на 17 January 2013.
- ↑ X., V. S. (25 August 2009). „RV Caeli“. AAVSO Website. American Association of Variable Star Observers. Посетено на 3 February 2014.
- ↑ Ashland Astronomy Studio: Where Art and Science Converge. „Nu Caeli (HIP 22488)“. Архивирано од изворникот на 2014-01-29. Посетено на 15 January 2014.
- ↑ 19,0 19,1 „HR 1557 – Star in double system“. SIMBAD. Посетено на 15 January 2013.
- ↑ „CD-41 1593B – Star in double system“. SIMBAD. Посетено на 15 January 2013.
- ↑ Ashland Astronomy Studio: Where Art and Science Converge. „Lambda Caeli (HIP 21998)“. Архивирано од изворникот на 2014-01-29. Посетено на 15 January 2014.
- ↑ „HR 1518 – Star“. SIMBAD. Посетено на 15 January 2013.
- ↑ „Zeta Caeli – Star“. SIMBAD. Посетено на 15 January 2013.
- ↑ 24,0 24,1 „V* RR Caeli – Eclipsing binary of Algol type (detached)“. SIMBAD. Посетено на 15 January 2013.
- ↑ doi:10.1086/300471
Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно - ↑ doi:10.1111/j.1745-3933.2012.01228.x
Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно - ↑ doi:10.1111/j.1365-2966.2007.11564.x
Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно - ↑ doi:10.1038/nature04013
Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно - ↑ doi:10.1111/j.1745-3933.2005.00124.x
Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно - ↑ doi:10.1086/518027
Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]![]() |
„Длето (соѕвездие)“ на Ризницата ? |
- Starry Night Photography – Caelum Constellation
- Star Tales – Caelum
- Caelum Constellation at Constellation Guide
|