Гуштер (соѕвездие)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гуштер
лат. Lacerta
Lacerta constellation map mk.svg
Кратенка Lac
Генитивно Lacertae
Симболизам Гуштер
Ректасцензија 22,5 ч.
Деклинација +45°
Квадрант NQ4
Површина 201 (°)² (68.)
Главни ѕвезди 5
Бајерови/Флемстидови
ѕвезди
17
Ѕвезди со планети 12
Ѕвезди посјајни од 3,00m 0
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг) 1
Најсјајна ѕвезда α Lac (3,76m)
Најблиска ѕвезда EV Гуштер
(16,47 сг, 5,05 пс)
Месјеови објекти 0
Соседни
соѕвездија
Андромеда
Касиопеја
Кефеј
Лебед
Пегаз
Видливо на ширина од +90° до −40°.
Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец октомври.

Гуштер — едно од 88-те современи соѕвездија определено од Меѓународниот астрономски сојуз. Името потекнува од латинскиот збор lacerta што во превод значи гуштер. Мало, слабосјајно соѕвездие, создадено во 1687 година од страна на астрономот Јохан Хевелиј. Најсветлите ѕвезди образуваат облик „W“ облик сличен со оној на Касиопеја, и понекогаш се нарекува и 'Мала Касиопеја'. Се наоѓа меѓу Лебед, Касиопеја и Андромеда на северната небесна сфера. Северниот дел од соѕвездието е сместен во Млечниот Пат.

Забележителности[уреди | уреди извор]

Соѕвездието Гуштер набљудувано со голо око.

Соѕвездието Гуштер е типично соѕвездие од Млечниот Пат: нема сјајни галаксии, ниту пак збиени ѕвездени јата, но има расеани ѕвездени јата, на пример NGC 7243, слабосјајната планетарна маглина IC 5217 и неколку двојни ѕвезди. Исто така го содржи и прототипот за блазар BL Гуштер. Во гуштер нема Месјеови објекти.

Ѕвезди[уреди | уреди извор]

Алфа Гуштер iе бело-сина ѕвезда од главната низа со светлинска величина 3,8 и нарастојание од 102 сг. од Земјата. Со спектрална класа A1 V и претставува оптичка двојна ѕвезда. Бета Гуштер ѕвезда жолт џин е доста потемна, и со светлинска величина 4,4, на растојание од 170 сг. од Земјата.[1]

Рое 47 е многубројна ѕвезда која се состои од 5 ѕвезди со светлински величини 5,8; 9,8; 10,1; 9,4; 9,8.

ADS 16402 е двојна ѕвезда во Гуштер, околу која е пронајдена егзопланета која орбитира околу матичната ѕвезда на некој невообичаен начин.[2] Планетата со големина на Јупитер има мошне мала густина, иста како и плута. Оваа планета е означена како HAT P-1.

EV Гуштер е брзовртечко црвено џуџе со светлинска величина 10 и многу силно магнетно поле. Станува збор за еруптивна ѕвезда која може да оддаде моќни ерупции кои можат да се забележат и со голо око, илијадници пати посилни од оние на Сонцето.

Далечни објекти[уреди | уреди извор]

NGC 7243 е расеано ѕвездено јато на растојание од 2.500 сг. од Земјата, видливо во мали аматерски телескопи. Има неколку дузина „разместени“ ѕвезди, од кои најсјаната има светлинска величина 8.[1]

BL Гуштере прототип за ѕвезди BL Гуштер, кои наликуваат на темни променливи ѕвезди но се всушност јадра од елиптични галаксии, кои се слични на квазарите.[1] Ова име го користар цела група на небесни објекти, т.е. објекти од типот BL Гуштер (подтип на блазар). Објектите имаат променлива светлинска величина која се движи меѓу 14 и 17 во период од неколку дена.

Историја[уреди | уреди извор]

Соѕвездието Гуштер прикажано лево во оваа ѕвездена карта од 1825 година од збирката Огледалото на Уранија

Во центарот од областа на небото во која нема особено сјајни ѕвезди, Гуштер не се сметало за соѕвездие од страна ба старите западни астрономи. Јохан Хевелиј го создал соѕвездието во 1687 година и истото го нарекол „Stellio“ (стелион), водоземец со ѕвездести точки кој може да се најде по должината на медитеранското крајбрежје.[3]

Други европјани го именувале ова соѕвездие меѓу кои биле и Августин Роје, кој го создал Жезол во чест на Луј XIV во 1670 година, и Јохан Елерт Боде, кој го создал Фредерикова Слава во чест на Фредерик II во 1787 година. Денес овие две соѕвездија се напуштени, опстојало само гуштер.[1]

Источна астрономија[уреди | уреди извор]

Иако не било во ниедна ѕвездена карта на старите народи во Европа и Блискиот Исток, ѕвездите од Гуштер, заедно со источниот дел на Лебед, биле искомбинирани од страна на старите кинески астрономи во нивното соѕвездие „Летечка Змија“.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]