Змија (соѕвездие)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Змија
лат. Serpens
Serpens constellation map mk.svg
КратенкаSer
ГенитивноSerpentis
РектасцензијаЗмиска Глава: 16 h
Змиска Опашка: 18 ч.
ДеклинацијаЗмиска Глава: +10°
Змиска Опашка: −5°
Површина637 (°)² (23то)
Главни ѕвезди9
Бајерови/Флемстидови
ѕвезди
57
Ѕвезди со планети5
Ѕвезди посјајни од 3,00m1
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг)3
Најсјајна ѕвездаα Ser (Унукалхај) (2.63m)
Најблиска ѕвездаγ Ser
сг,  пс)
Месјеови објекти2
Соседни
соѕвездија
Змиска Глава:
Северна Круна
Воловар
Девица
Вага
Змијоносец
Херкул

Змиска Опашка:
Орел
Змијоносец
Стрелец
Штит
Видливо на ширина од +80° до −80°.
Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец јули.

Змијасоѕвездие, единствено е меѓу современите соѕвездија со тоа што е поделено на два дела - „Змиска Глава“ (Serpens Caput) и „Змиска Опашка“ (Serpens Cauda) на исток. Меѓу овие два дела се наоѓа соѕвездието Змијоносец, односно „оној што ја држи змијата“. Змија е едно од 48-те соѕвездија кои ги забележал Птоломеј.

Видливи карактеристики[уреди | уреди извор]

Ѕвезди[уреди | уреди извор]

Бидејќи соѕвездието Змија е поделено на два дела, Бајеровото означување е според сјајноста меѓу двете половини.

Само една ѕвезда во ова соѕвездие има посјајна величина од 3, па според тоа соѕвездието не е лесно видливо. α Serpentis, наречена и Унукалхаи, се наоѓа на главата од змијата. δ Serpentis, која е исто така на главата од змијата, е двојна ѕвезда, оддалечена 210 светлосни години од Земјата. θ Serpentis наречена и Алја („Змија“ на арапски), се наоѓа на опашката на змијата и е исто така двојна ѕвезда.

Објекти од длабоката вселена[уреди | уреди извор]

Месје 5, збиено јато лоцирано е приближно на 8° југозапад на α Serpentis во главата на змијата.

Месје 16 е помладо расеано ѕвездено јато кое е поврзано со маглината Орел, дифузна маглина која е регион на формација на ѕвезди во опашката на змијата.

Дел од нашата галаксија Млечен Пат минува низ опашката, што е прикажано со засенчени делови на ѕвездената мапа.

Историја[уреди | уреди извор]

На почеток, соѕвездијата Змија и Змијоносец се сметале за едно соѕвездие, кое е поврзувано со митот за почетоците на медицината.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]