Златна Рипка (соѕвездие)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Златна Рипка
лат. Dorado
КратенкаDor
ГенитивноDoradus
СимболизамСабјарка
Ректасцензија5 ч.
Деклинација−65°
КвадрантSQ1
Површина179 (°)² (72)
Главни ѕвезди3
Бајерови/Флемстидови
ѕвезди
14
Ѕвезди со планети5
Ѕвезди посјајни од 3,00m0
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг)0
Најсјајна ѕвездаα Dor (3,27m)
Најблиска ѕвездаGJ 2036
(36,50 сг, 11,19 пс)
Месјеови објекти0
Метеорски дождовинема
Соседни
соѕвездија
Длето
Часовник
Мрежичка
Мала Водна Змија
Маса
Летечка Риба
Сликар
Видливо на ширина од +20° до −90°.
Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец јануари.

Златна Рипка (лат. Dorado) — соѕвездие на јужното небо. Било именувано во доцниот XVI век и сега е едно од 88 современи соѕвездија. Името се однесува на рибата корифен (Coryphaena hippurus), која е позната како dorado на португалски, иако истата е прикажана како сабјарка. Златна Рипка е позната по тоа што го содржи поголемиот дел од Големиот Магеланов Облак, остатокот е во соѕвездието Маса. Во ова соѕвездие се наоѓа и јужниот еклиптички пол.

Иако името Dorado не е латинско туку португалско, астрономите го нарекуваат според латинскиот генитивен облик Doradus кога ги именуваат ѕвездите.

Историја[уреди | уреди извор]

Златната рипка беше едно од дванаесетте соѕвездија именувани од Петар Планциј од набљудувањата на Питер Дирксон Кејсер и Фредерик де Хаутман,[1] и за првпат се појавува на 35 сантиметарскиот небесен глобус објавен во 1597 г. (или 1598 г.) во Амстердам од страна на Планциј и Јодок Хондиј. Првиот запис во небесен атлас беше во атласот на Јохан Бајер наречен Уранометрија Uranometria од 1603 г. каде беше запишано под името Дорадо. Дорадо низ историјата се прикажувало како риба делфин и сабјарка, второто е неточно.[2] Исто така е прикажано и како златна рипка.[1] Соѕвездието било познато во XVII и XVIII век како Ксифија, сабјарка, првично напоменато во Кеплеровото издание на списокот од ѕвезди на Тихо Брахе во Рудолфиновите табели од 1627 г. Името Дорадо преовладува и е прифатено од Меѓународниот астрономски сојуз.

Забележителни особености[уреди | уреди извор]

Соѕвездието Златна Рипка како што може да се види со голо око.

Ѕвезди[уреди | уреди извор]

Алфа Златна Рипка е сино бела ѕвезда со светлинска големина 3,3, на 176 сг. од Земјата. Таа е најсветлата ѕвезда во соѕвездието Златна Рипка. Бета Златна Рипка е забележително светла променлива ѕвезда. Станува збор за жолт суперџин кој има минимална светлосна големина 4,1 и максимална светлосна големина од 3,5. На растојание од 1040 сг. од Земјата, Бета Златна Рипка има период од 9 дена и 20 часа.[1]

R Златна Рипка е една од многуте променливи ѕвезди во соѕвездието Златна Рипка. S Dor, 9.721 хиперџин во Големиот Магеланов Облак, е прототипот за S Златна Рипка променливи ѕвезди. Променливата ѕвезда R Златна Рипка со 5,73 од 1997 ја поседува наголемата привидна големина за која и да било ѕвезда.[3] Гама Златна Рипка е прототипот за Гама Златан рипка променливите ѕвезди.

Суперновата 1987A беше најблиската супернова која се случила од создавањето на телескопот. SNR 0509-67,5 е остатокот од небообичаено енергетскиот вид на 1a супернова која се случила пред 400 години.

HE 0437-5439 е хипербрзинска ѕвезда која го напушта системот Млечен Пат/Магеланов Облак.

Златна Рипкае исто така меатото во кое се наоѓа јужниот еклиптички пол, кој е точно во близина на главата на рибата. Истиот бил наречен „Polus Doradinalis“ од Вилем Јансон Блеу.[2]

Далечни објекти[уреди | уреди извор]

Бидејќи Златна Рипкасодржи дел од Големиот Магеланов Облак, соѕвездието е богато со далечни објекти. Големиот Магеланов Облак, со пречник од 1.000 сг., е придружна галаксија на Млечниот Пат, и е на растојание од 179.000 сг. Истата е деформирана од гравитациските заемодејства со Млечниот Пат. Во 1987, во истата се случи SN 1987A, првата супернова од 1987 г. и најблиската по онаа од 1604 г.[4] Со широчина од 25.000 сг. содржи околу 10.000 милиони ѕвезди.[1] Сите кординати се за епохата J2000,0.

NGC 1566 е средна спирална галаксија.[5]
  • NGC 1566 ((Рек 04h 20m 00s Дек -56° 56.3′) „Skyview“ слика е челна спирална галаксија. Според истата се нарелени групата галаксии NGC 1566.
  • NGC 1755 (Рек 04h 55m 13s Дек -68° 12.2′) „Skyview“слика станува збор за топчесто јато од ѕвезди.
  • NGC 1763 (Рек 04h 56m 49s Дек -68° 24.5′) „Skyview“слика е светла маглина која се поврзува со три тип B ѕвезди.
  • NGC 1820 (Рек 05h 04m 02s Дек -67° 15.9′) „Skyview“слика станува збор за расеано јато од ѕвезди.
  • NGC 1850 (Рек 05h 08m 44s Дек -68° 45.7′) „Skyview“слика станува збор за топчесто јато од ѕвезди.
  • NGC 1854 (Рек 05h 09m 19s Дек -68° 50.8′) „Skyview“слика станува збор за топчесто јато од ѕвезди.
  • NGC 1869 (Рек 05h 13m 56s Дек -67° 22.8′) „Skyview“слика станува збор за расеано јато од ѕвезди.
  • NGC 1901 (Рек 05h 18m 15s Дек -68° 26.2′) „Skyview“слика станува збор за расеано јато од ѕвезди.
  • NGC 1910 (Рек 05h 18m 43s Дек -69° 13.9′) „Skyview“слика станува збор за расеано јато од ѕвезди.
  • NGC 1936 (Рек 05h 22m 14s Дек -67° 58.7′) „Skyview“слика е светла маглина и е една од четирите NGC објекти во непосредна близина, останатите се NGC 1929, NGC 1934 и NGC 1935.
  • NGC 1978 (Рек 05h 28m 36s Дек -66° 14.0′) „Skyview“слика станува збор за расеано јато од ѕвезди.
  • NGC 2002 (Рек 05h 30m 17s Дек -66° 53.1′) „Skyview“слика станува збор за расеано јато од ѕвезди.
  • NGC 2027 (Рек 05h 35m 00s Дек -66° 55.0′) „Skyview“слика станува збор за расеано јато од ѕвезди.
  • NGC 2032 (Рек 05h 35m 21s Дек -67° 34.1′) (Галеб) „Skyview“слика е сложена маглина која содржи четири одделни NGC ознаки: NGC 2029, NGC 2032, NGC 2035 и NGC 2040.
  • NGC 2080 (Духова Глава), е оддавна маглина која е со широчина од 50 сг. и се наоѓа во Големиот Магеланов Облак. Именувана е според двете различни бели површини кои ги содржи, кои се всушност области во кои од неодамна се создаваат ѕвезди. Западниот дел е обоен зелено поради двојно јонизираниот кислород, јужниот дел е црвен поради оддавањата на алфа водороднитеспектрални линии, и централната област е обоена жолто поради оддавањата на водородот и кислородот. Западната блеа точка, A1, има масивна, неодамна создадена ѕвезда. Источната бела точка, A2, има неколку ѕвезди кои се прикриени од правта.[4]
  • NGC 2070 е маглина во Големиот Магеланов Облак, позната и како маглината Тарантула поради својот облик кој наликува на пајак. Се озналува и како 30 Златна Рипка, и за голото око е како матна ѕвезда. Поголема од која и дабило маглина во Млечниот Пат со пречник од 1.000 сг., исто така е светла, поради осветлувањето од јато од ѕвезди со ознака, R136. Ѕвездите кои го осветлуваат се суперџинови.[1]
  • NGC 2157 (Рек 05h 57m 35s Дек -69° 11.8′) „Skyview“слика станува збор за расеано јато од ѕвезди.
  • NGC 2164 (Рек 05h 58m 53s Дек -68° 30.9′) „Skyview“слика станува збор за топчесто јато од ѕвезди.
  • N44 е супермеур во Големиот Магеланов Облак со широчина од 1.000 сг. Целата структура е оформена од 40 топли ѕвезди во центарот на истата. Во внатрешноста на супермеурот N44 има помал меур означен во каталозите како N44F. Има приближен пречник од 35 сг. и е оформен од неверојатно топла ѕвезда која се наоѓа во центарот, која има ѕвезден ветер со брзина од 7 милиони километри на час. N44F поседува и облици кои наликуваат на столбови од прав во кои најверојатно се создаваат нови ѕвезди, но истите не можат да бидат забележани поради присуството на прав.[6]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Ridpath & Tirion 2001, стр. 140-141.
  2. 2,0 2,1 Staal 1988, стр. 244.
  3. „R Doradus“. SIMBAD. Посетено на 28 July 2012.
  4. 4,0 4,1 Wilkins, Jamie; Dunn, Robert (2006). 300 Astronomical Objects: A Visual Reference to the Universe (1. изд.). Buffalo, New York: Firefly Books. ISBN 978-1-55407-175-3. |access-date= бара |url= (help)
  5. „Grand swirls“. Picture of the Week. ESA/Hubble. Посетено на 6 June 2014.
  6. Wilkins & Dunn 2006.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]