Придружна галаксија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Satellite Galaxies.JPG

Придружна галаксија (или сателитска галаксија) е помала придружна галаксија која патува по врзани орбити во гравитациониот потенцијал на помасивната и посјајна галаксија домаќин (позната и како примарна галаксија).[1] Придружните галаксии со нивните составни делови се врзани за нивната галаксија домаќин на ист начин како што планетите во нашиот сопствен сончев систем се гравитациски врзани за Сонцето .[2] Додека најголемиот број придружни галаксии спаѓаат во видот џуџести галаксии, придружните галаксии на големите јата галаксии можат да бидат многу помасивни.[3] Млечниот Пат го орбитираат педесетина сателитски галаксии, од кои најголема е Големиот Магеланов Облак .

Покрај тоа, придружните галаксии не се единствените астрономски објекти кои се гравитациски врзани за поголеми галаксии домаќини (види збиени ѕвездени јата). Како последица на тоа, галаксиите се дефинирани како гравитациски врзан збир на ѕвезди кои покажуваат својства што не можат да се објаснат преку комбинација на барионска материја (т.е. обична материја ) и Њутновиот закон за гравитација.[4] На пример, мерењата на орбиталната брзина на ѕвездите и гасот во рамките на спиралните галаксии покажуваат крива на брзината што значително отстапува од теоретското предвидување. Ова поттикнало разни објаснувања, како што се теоријата на темната материја и измени на Њутновата динамика .[1] Затоа, и покрај тоа што се сателити на галаксии домаќини, збиените ѕвездени јата не треба да се мешаат со придружни галаксии. Придружните галаксии не само што се попроширени и порассеани во споредба со збиените ѕвездени јата, туку се опфатени и со масивни ореоли од темна материја, за кои се смета дека им биле дадени за време на процесот на формирање.[5]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1950-, Binney, James (2008). Galactic dynamics. Tremaine, Scott, 1950- (изд. 2nd.). Princeton: Princeton University Press. ISBN 9781400828722. OCLC 759807562.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link) Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „:02“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  2. „What Is a Satellite Galaxy?“ (англиски). NASA Spaceplace. Посетено на 10 April 2016.
  3. „Dwarf Galaxies“. www.cfa.harvard.edu. Посетено на 2018-06-10.
  4. Willman, Beth; Strader, Jay (2012-09-01). „"Galaxy," Defined“. The Astronomical Journal. 144 (3): 76. arXiv:1203.2608. Bibcode:2012AJ....144...76W. doi:10.1088/0004-6256/144/3/76. ISSN 0004-6256.
  5. Forbes, Duncan A.; Kroupa, Pavel; Metz, Manuel; Spitler, Lee (2009-06-29). „Globular Clusters and Satellite Galaxies: Companions to the Milky Way“ (PDF). Mercury. 38 (2): 24–27. arXiv:0906.5370. Bibcode:2009arXiv0906.5370F.