Маса (соѕвездие)
лат. Mensa | |
Кратенка | Men |
---|---|
Генитивно | Mensae |
Симболизам | Маса |
Ректасцензија | 4 ~ 7,5 ч. |
Деклинација | −71 ~ −85,5° |
Квадрант | SQ1 |
Површина | 153 (°)² (75-то) |
Главни ѕвезди | 4 |
Бајерови/Флемстидови ѕвезди | 16 |
Ѕвезди со планети | 2 |
Ѕвезди посјајни од 3,00m | нема |
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг) | нема |
Најсјајна ѕвезда | α Men (5,09m) |
Најблиска ѕвезда | α Mensae (33,10 сг, 10,15 пс) |
Месјеови објекти | нема |
Метеорски дождови | нема |
Соседни соѕвездија | Камелеон Златна Рипка Мала Водна Змија Октант Летечка Риба |
Видливо на ширина од +4° до −90°. Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец Јануари. |
Маса — соѕвездие на јужното небо, создадено во XVIII век. Името потекнува од латнискиот збор mensa што во превод значи маса. Се наоѓа на клучна местоположба во облик на клин со ректасцензија од 4 ч. до 7,5 ч., и деклинација од - 71 до -85,5 степени. Од сите поларни соѕвездија само Октант е појужно. Како резултат на ова, истото не може да се набљудува од северната полутопка. Покрај веќе споменатите ова соѕвездие се граничи и со Камелеон, Златна Рипка, Мала Водна Змија и Летечка Риба. Ова е единственото соѕвездие наречено по некоја особина на Земјата.
Историја
[уреди | уреди извор]Маса како соѕвездие било осмислено од страна на Никола Луј де Лакај од слабосјајни ѕвезди на јужната полутопка во чест на планината Маса, во Јужна Африка. Иако ѕвездите од Маса не се јавуваат во митологијата планината по која истото е наречена има богата митологија. Наречена „Tafelberg“ на холандски планината има две соседни планини наречени „Ѓаволски Врв“ и „Лавовска Глава“. Оваа планина се споменува во митологијата на ’Ртот на Добра Надеж, позната по бурите, истражувачот Бартоломео Дијас ја замислувал Маса како митолошка наковална за грмотевици. Друг мит за опасностите на планината потекнува од Синдбад Морепловецот, арапски народен херој кој ја гледал планината како магнет која ги влечеал бродовите во длабочините на морето.[1]
Забележителности
[уреди | уреди извор]Ѕвезди
[уреди | уреди извор]Соѕвездието Маса не содржи сјајни ѕвезди, ѕвездата Алфа Маса е најсјајната ѕвезда со светлинска величина 5,09, правејќи го ова соѕвездие најтемното од сите соѕвездија. Алфа Маса е ѕведа слична на Сонцето со спектрална класа G5 на растојание од 33 сг. од Земјата и се смета за добар кандидат кој би можел да има планета слична на Земјата. Пи Маса, пак од друга страна, иако ѕвезда слична на Сонцето со спекрална класа G1 и на растојание од 59 сг. од Земјата, пронајдено е дека поседува голем гасовит џин во екцентрична орбита која минува низ животопогодниот појас, со што се отфрла можноста за постоење на планета која би била погодна за живот.
Далечни објекти
[уреди | уреди извор]Маса содржи дел од Големиот Магеланов облак (остатокот е во Златна Рипка).
Првите слики снимени од страна на рендгенската опсерваторија Чандра со што беше откриен PKS 0637-752, квазар во соѕвездието Маса чии големи млазови на гас можат да се видат и во бранови должини на видливата светлина како и при X-зраци.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Камелеон (соѕвездие)
- Златна Рипка (соѕвездие)
- Мала Водна Змија (соѕвездие)
- Октант (соѕвездие)
- Летечка Риба (соѕвездие)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Staal 1988, стр. 259.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Маса (соѕвездие)“ на Ризницата ? |
- The Deep Photographic Guide to the Constellations: Mensa
- Star Tales – Mensa
- Mensa Constellation at Constellation Guide
|
|