Квазар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Замислена претстава за квазарот ULAS J1120+0641 со маса две милијарди пати поголема од онаа на Сонцето

Квазар (од анг. quasar, од quasi-stellar radio sources - квазиѕвездени радиоизвори) — најмоќните и најдалечни примероци на активни галактички јадра. Се одликуваат со огромна сјајност и претставуваат значајни извори на електромагнетна енергија како радиобрановите и видливата светлина. Како извор на светлина изгледаат сосредоточено, послично на ѕвездите отколку раширено како галаксиите. Овие спектри содржат многу широки спектрални линии, за разлика од оние кај било која позната ѕвезда, и затоа се нарекува „квазиѕвездена“. Нивната сјајност може да биде 100 пати поголема од оваа на Млечниот пат.[1] Највеќето квазари се создадени пред околу 12 милијарди години, настанати од судир на галаксии и нивние средишни црнаи дупки кои се спојуваат и образуваат или супермасивна [2] или двојна црна дупка.

Активноста во центарот на нашата галаксија не е занемарливa во споредба со активноста на еден квазар. Овие објекти личат на ѕвезди, но се неверојатно далеку од нас: најоддалечените квазари се оддалечени 13 милијарди светлосни години. Со оглед на тоа дека се забележани на толку голема оддалеченост, сигурно емитуваат огромни количества енергија. Квазарите се јадра на многу активни галаксии кои содржат исклучителни масивни црни дупки. Имаат тежина 100 пати поголема од Сонцето. Сјајната светлина потекнува од дискот, жежок гас и прашина кои спирално паѓаат во црната дупка.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The Quasi-Stellar Radio Sources 3C 48 and 3C 273. „The Astrophysics Journal“ том  140: 1. doi:10.1086/147889. Bibcode1964ApJ...140....1G. 
  2. „HubbleSite - NewsCenter - Hubble Sees the 'Teenage Years' of Quasars (06/18/2015) - Introduction“. http://hubblesite.org/newscenter/archive/releases/2015/20/. конс. 19 јуни 2015 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]