Црна дупка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прва фотографија од црната дупка направена на 10 април, 2019 година

Црна дупка е подрачје во простор-времето од кое ништо не може да избега, дури ни светлината. Теоријата на релативност вели дека доволно голема маса може да ги деформира просторот и времето и да се создаде црна дупка. Границата на областа од каде што не е возможно да се избега се вика „хоризонт на случување“. По поминување на таа граница започнува процесот на „шпагетификација“ односно телото кое ја поминало границата почнува да се растегнува. Постојат два типа црни дупки: ѕвездени и супермасивни. Супермасивните црни дупки најчесто се среќаваат во центарот на некоја галаксија. Тие растат со апсорбирање на масата, но и преку спојување на една со друга.

Дејството на црнте дупки може да се објасни на следниов начин: Да замислиме дека фрламе тениско топче во воздухот. Колку посилно ќе го фрлиме топчето, толку побрзо тоа ќе патува и толку повисоко ќе појде нагоре. Ако го фрлиме доволно силно и никогаш да не се врати - значи гравитацијата не била доволно силна за да го повлече надолу. Брзината на топчето мора да биде 11,2 метри во секунда, односно тоа е познато како брзина на бегство и оваа вредност важи само за Земјата. Колку телото (Земјата) се намалува (собира во волумен), а неговата маса останува иста, тоа создава поголеми гравитациските сили. Со тоа, вредноста на брзината за бегство станува сè поголема и поголема. Работите треба да бидат фрлени нагоре со поголема сила за да избегаат на гравитацијата. На тој начин функционираат и црните дупки. Тоа се само мали точки-топчиња кои имаат маса голема колку на пример неколку сонца. На тој начин, тие создаваат огромна гравитација, толку голема што и нешто фрлено нагоре од нив со брзина 300.000 км во секунда (како светлината) не може да избега. Според тоа, ништо не може да патува побрзо од светлината, па затоа, сè што е привлечено од црната дупка, не може да излезе од неа!

Дали навистина постојат црните дупки?[уреди | уреди извор]

Не е возможно да се види црна дупка директно, бидејќи од нив не може да „се спаси“ ниту светлината... затоа тие се викаат црни дупки. Но, има добри причини да веруваме дека тие постојат. Тие претставуваат последен чекор во еволуцијата на една ѕвезда, која е околу 10 - 15 пати поголема од нашето сонце. Кога ѕвездата ќе го потроши целото свое гориво, таа ќе експлодира во супернова. Од остатокот се формира исклучително густ објект наречен неутронска ѕвезда. За нив знаеме дека постојат, бидејќи преку телескоп се видени такви неутронски ѕвезди. Доколку неутронската ѕвезда е преголема, таа ќе колабира под дејство на големите гравитациски сили и продолжува да се собира, што резултира со црна дупка. Супернова настанува во нашата галаксија еднаш на 300 години, но во соседните галаксии се идентификувани околу 500 неутронски ѕвезди. Затоа постои сигурност за постоењето на овие црни дупки.

Црната дупка како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „Сонце-Црна дупка“ (Black Hole Sun) - песна на американската рок-група „Саундгарден“ (Soundgarden) од 1994 година.[1]
  • „Деца на црната дупка“ (Kids of the Black Hole) - песна на американската хард-кор група „Адолесентс“ (Adolescents).[2]
  • „сведоштва од црната дупка“ - кус расказ на македонскиот писател Хигсов Бозон од 2011 година.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]