Рис (соѕвездие)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Рис
лат. Lynx
Lynx constellation map mk.svg
Кратенка Lyn
Генитивно Lyncis
Симболизам рис
Ректасцензија 8 ч.
Деклинација +45°
Квадрант NQ2
Површина 545 (°)² (28-мо)
Главни ѕвезди 4
Бајерови/Флемстидови
ѕвезди
42
Ѕвезди со планети 5
Ѕвезди посјајни од 3,00m 0
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг) 1
Најсјајна ѕвезда α Lyn (3.14m)
Најблиска ѕвезда LHS 1963
(26,62 сг, 8,16 пс)
Месјеови објекти 0
Метеорски дождови ?????
?????
Соседни
соѕвездија
Голема Мечка
Жирафа
Кочијаш
Близнаци
Рак
Лав (агол)
Мал Лав
Видливо на ширина од +90° до −55°.
Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец март.

Рис (лат. Lynx, Lyn) — соѕвездие на северното небо, определено во XVII век од полскиот астроном Јан Хавелиј. Наречен е по животното рис. Ова е мошне слабо видливо соѕвездие и најсјаните ѕвезди во него образуваат лев-десна прекршена линија.

Историја[уреди | уреди извор]

Илустрација на соѕвездието Рис од делото „Ураниино огледало“ (1825)

Соѕвездието го определил полскиот астроном Јан Хавелиј во XVII век со намера да ја пополни празнината меѓу соѕвездијата Голема Мечка и Кочијаш. Се смета дека го нарекол Рис поради неговат аслаба видливост, односно дека може да го забележи само некој со остар вид каков што е оној на рисот.

Забележителности[уреди | уреди извор]

Единствената ѕвезда со свое име во соѕвездието е Алшавкат („трн“ на арапски), наречена и 31 Рис.

Најзабележителен длабоконебесен објект е збиеното ѕвездено јато NGC 2419 (наречено и „Меѓугалактички Скитник“) на оддалеченост од 300.000 светлосни години од Земјата. Ова е најоддалеченото јато од овој тип познато за астрономите и веројатно има мошне елиптичка орбита околу Млечниот Пат. Има величина од 10,3 претставува јато од Шаплиева класа II, што значи дека е крајно густо во средиштето. Првично се сметало за ѕвезда, но подоцна американскиот астроном Карл Лампланд утврдил дека се работи за јато.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Levy 2005, стр. 168-169.
  • Universe: The Definitive Visual Dictionary, Robert Dinwiddie et al., DK Adult Publishing, (2005), pg. 346.
  • Levy, David H. (2005). Deep Sky Objects. Prometheus Books. ISBN 1-59102-361-0. 
  • Ian Ridpath and Wil Tirion (2007). Stars and Planets Guide, Collins, London. ISBN 978-0-00-725120-9. Princeton University Press, Princeton. ISBN 978-0-691-13556-4.
  • Ferris, Timothy. Seeing in the Dark. 2002. p. 244

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]



Координати: Ѕвездена карта &1000000000000000800000008ч &1000000000000000000000000м &1000000000000000000000000с, +&1000000000000004500000045° &1000000000000000000000000′ &1000000000000000000000000″