Каталог на сјајни ѕвезди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Каталог на сјајни ѕвезди (англиски: Bright Star Catalogue), наречен и Јејлски каталог на сјајни ѕвезди (Yale Catalogue of Bright Stars или Yale Bright Star Catalogue) — ѕвезден каталог во кој се заведени сите ѕвезди со величина од барем 6,5, или секоја ѕвезда видлива од Земјата со голо око. Во каталогот има вкупно 9.110 објекти, од кои 9.095 се ѕвезди, 11 се нови или супернови,[1] и 4 неѕвездени тела; неѕвездените тела се збиените јата 47 Тукан (озн. HR 95) и NGC 2808 (HR 3671), како и расеаните јата NGC 2281 (HR 2496) и Месје 67 (HR 3515).[2]

Каталогот има предодреден број записи, но податоците редовно се одржуваат. Секоја ставка има прибелешки кои продолжуваат да се надоградуваат уште од времето кога Френк Шлезингер од универзитетот Јејл го објавил првото издание во 1930 г. Петтото издание од 1991 г. било проширено со прибелешки дотаму што тие зафаќале повеќе страници од самиот каталог. Поновите изданија се во уредништво на Елен Дорит Хофлајт, исто така од Јејл.[3][4]

Иако кратенката на каталогот гласи BS или YBS, пред каталошкиот број стои ознаката HR, задржувајќи ја од неговиот претходник Харвардскиот преработен фотометриски каталог (Harvard Revised Photometry Catalogue) на опсерваторијата во Харвард, издаден во 1908 г. Првото негово издание излегло во 1884 г. во уредништво на Едвард Чарлс Пикеринг и опфаќало околу 4.000 ѕвезди.[5] По неговото издавање, Пикеринг се заложил за поопширен преглед се вклучени и ѕвездите од јужната полутопка. Фотометриските испитувања ги извршил Солон И. Бејли помеѓу 1889 и 1891 г., што довело до објавувањето на Преработената Харвардска фотометрија (Revised Harvard Photometry) во 1908 г. Новиот каталог опфаќал голем број ѕвезди, од најсјајните, па сè до оние со величина од 6,5 на обете полутопки. Задачата потоа ја презел Џон А. Паркхерст, кој работел на неа до 1920-тите.[6]

Изданија[уреди | уреди извор]

  • Pickering, E. C.. Revised Harvard Photometry: A catalogue of the positions, photometric magnitudes and spectra of 9110 stars, mainly of the magnitude 6,50, and brighter observed with the 2 and 4 inch meridian photometers. „Annals of the Astronomical Observatory of Harvard College“ том  50: 1. Bibcode1908AnHar..50....1P. 
  • I издание — Schlesinger, F. (1930). Catalogue of Bright Stars. New Haven: The Tuttle, Morehouse & Taylor Company. Bibcode1930cbs..book.....S. 
  • II издание — Schlesinger, F.; Jenkins, L. F. (1940). Catalogue of Bright Stars. New Haven: The New Haven Printing Company. Bibcode1940cbs..book.....S.  (Internet Archive)
  • III издание — Hoffleit, D. (1964). Catalogue of Bright Stars. New Haven: Yale University Observatory. Bibcode1964cbs..book.....H.  (Internet Archive)
  • IV издание — Hoffleit, D.; Jaschek, Carlos (1982). The Bright Star Catalogue. New Haven: Yale University Observatory. Bibcode1982bsc..book.....H. 
    • Додаток – Hoffleit, D.; Saladyga, M.; Wlasuk, P. (1983). A Supplement to the Bright Star Catalogue. Containing data compiled through 1981 for stars 7.10 V and brighter that are not in the Bright Star Catalogue. New Haven: Yale University Observatory. ISBN 0-914753-01-0. Bibcode1983stbs.book.....H. 
  • V издание — Hoffleit, D.; Jaschek, C. (1991). The Bright Star Catalogue. New Haven: Yale University Observatory. Bibcode1991bsc..book.....H. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Тие се HR 92, 182, 1057, 1841, 2472, 5958, 6309, 6515, 7189, 7539 и 8296.
  2. Yale Bright Star Catalog 
  3. Dorrit Hoffleit, 1907–2007, Sky & Telescope, 2007 
  4. Pearce, Jeremy (2007), E. Dorrit Hoffleit, Scientist, Dies at 100, The New York Times 
  5. Johnston, Sean (2001), A history of light and colour measurement: science in the shadows, CRC Press, стр. 39, ISBN 0-7503-0754-4 
  6. Lankford, John (1997), History of astronomy: an encyclopedia, Garland reference library of social science 771, Taylor & Francis, стр. 397, ISBN 0-8153-0322-X 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]