Жерав (соѕвездие)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Жерав
лат. Grus
Grus constellation map mk.svg
КратенкаGru
ГенитивноGruis
Симболизамжерав
Ректасцензија21ч 27,4м to 23ч 27,1м[1] ч.
Деклинација−36,31° до −56,39°[1]°
КвадрантSQ4
Површина366 (°)² (45-то)
Главни ѕвезди7
Бајерови/Флемстидови
ѕвезди
28
Ѕвезди со планети6
Ѕвезди посјајни од 3,00m3
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг)1
Најсјајна ѕвездаα Gru (Алнаир) (1,73m)
Најблиска ѕвездаГлизе 832
(16,11 сг, 4,94 пс)
Месјеови објекти0
Метеорски дождовинема
Соседни
соѕвездија
Јужна Риба
Микроскоп
Индијанец
Тукан
Феникс
Вајар
Видливо на ширина од +34° до −90°.
Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец октомври.

Жеравсоѕвездие на јужното небо. Името потекнува од латинскиот збор grus што во превод ја означува птицата жерав. Станува збор за едно од 12-те соѕвездија осмислени од страна на Петар Планциј добиено од набљудувањата на Питер Дирксон Кејзер и Фредерик де Хаутман. Жерав за првпат се појавува на 35-см небесен глобус во 1598 година во Амстердам од страна на Планициј и Јодок Хондиј и било прикажано во ѕвездениот атлас Уранометрија на Јохан Бајер во 1603 година. Францускиот истражувач и астроном Никола Луј де Лакај им дал Бајерови ознаки на ѕвездите во 1756 година, кои претходно се сметале за дел од соседното соѕвездие Јужна Риба. Соѕвездијата Жерав, Паун, Феникс и Тукан познати се под името „Јужни Птици“.

Најсјајната ѕвезда во соѕвездието, Алфа Жерав, е сино-бела ѕвезда позната и под името Алнаир и има светлинска величина 1,7. Бета Жерав е црвен џин и променлива ѕвезда со минимална светлинска величина 2,3 и максимална величина 2. Во шест ѕвездени системи се пронајдени вонсончеви планети: црвеното џуџе Глизе 832 е една од најблиските ѕвезди до Земјата која поседува планетарен систем. Ѕвездата WASP-95 која има опбителен период од само 2 дена. Во далечните објекти во Жерав спаѓаат: планетарната маглина IC 5148, позната и под името Резервна Гума, и група од четири заемнодејствувачки галаксии познати под името Жеравин Квартет.

Историја[уреди | уреди извор]

Соѕвездијата Жерав и Јужна Риба, кои еден период образувале едно соѕвездие како што е прикажано во Atlas Coelestis од Јохан Допелмајер, во 1742 година.
„Јужни Птици“, прикажани во Уранометрија на Јохан Бајер.

Ѕвездите кои го образуваат Жерав првично биле дел од соседното соѕвездие Јужна Риба, со Гама Жерав како дел од опашката на рибата.[2] Ѕвездите првично биле определени како посебно соѕвездие од страна ан холандскиот астроном Петар Планциј, кои истиот период создал 12 нови соѕвездија засновани на набљудувањата на јужното небо од холандските истражувачи Питер Дирксон Кејзер и Фредерик де Хаутман, кои испловил на првата холандска трговска експедиција, позната под името Eerste Schipvaart, кон Индија. Жерав за првпат се појавува ан 35-см небесен глобус објавен о 1598 година во Амстердам од страна на Планциј и Јодок Хондиј. Првиот приказ на ѕвездена карта е оној на германскиот картографер Јохан Бајер во неговото дело Уранометрија од 1603 година.[3] Де Хаутман го вклучил во неговиот јужен ѕвезден каталог истата година под холандското име Den Reygher, „Чапја“,[4] но Бајер ги следел Планциј И Хондиј и го нарекувал Жерав.[2]

Подруго име за ова соѕвездие било Фламенго, (латински Phoenicopterus), и се користело мошне кратко за време на XVII век, во делото Cosmographiae Generalis од 1605 година од Пол Мерула од Лајденскиот универзитет и во глобусот од 1625 година на Питер ван дер Кере. Астрономот Јан Ридпат вели дека симнболот најверојатно потекнува од Планциј, кој соработувал и со овие двајца изработувачи ан глобуси.[2] Жерав и другите блиски соѕвездија Феникс, Тукан и Паун збирно се наречени „Јужни Птици“.[5]

Ѕвездите кои се поврзуваат со Жерав биле мошне јужно за да бидат забележани од кинеските астрономи. Во кинеската астрономија, Гама и [[Ламбда Жерав] можно е да биле вклучени во астеризмот Бајѓу, заедно со ѕвездите од Јужна Риба.[2] Во централна Австралија, луѓето од племињата Арернте и Луритја, го гледале небото поделено меѓу ним, источно од Млечниот Пат биле живеалиштата на Арернте, додека на запад биле оние на Луритја. Алфа и Бета Жерав, заедно со Фомалхаут, Алфа Паун и ѕвездите од Мува, биле во владение на Арернте.[6]

Особености[уреди | уреди извор]

Жерав се граничи со Јужна Риба на север, Вајарна североисток , Феникс на исток, Тукан на југ, Индијанец на југозапад, и Микроскоп на запад. Бајер ја подисправил опашката на Јужна Риба за да направи место за Жерав во својата Уранометрија.[2] Соѕвездието зафаќа површина од 366 квадратни степени, се наоѓа на 45 место од 88-те современи соѕвездија и покрива 0,887% од ноќното небо.[7] Кратенката од три букви „Gru“ за соѕвездието била прифатена од страна на Меѓународниот астрономски сојуз во 1922 година.[8] Официјалните граници на соѕвездието, биле поставени од Ежен Делпорт во 1930 година, како многуаголник со 6 страни. Во екваторскиот координатен систем, координатите на ректасцензијата границите лежат меѓу 21ч 27,4м и 23ч 27,1м, додека пак координатите на деклинацијата се меѓу −36,31° и −56,39°.[1] Жерав како соѕвездие било далеку на југ за да биде набљудувано од страна на набљудувачите на Британските Острови и северот од САД, но истото може да се види од Флорида или пак од Калифорнија,[9] целото соѕвездие може да се види од набљудувачи јужно од 33°СГШ.[10][б 1]

Забележителности[уреди | уреди извор]

Ѕвезди[уреди | уреди извор]

Поврзано: Список на ѕвезди во соѕвездието Жерав
Соѕвездието Жерав набљудувано со голо око.

Кејсер и де Хаутман на соѕвездието му придале 12 ѕвезди.[11] Иако Бајер го опишал Жерав на својата карта, на ѕвездите не им ставил Бајерови ознаки. Францускиот истражувач и астромном Никола Луј де Лакај ги означил од алфа до фи во 1756 година со неколку испуштени букви. Во 1879 година, американскиот астроном Бенџамин Гулд ги додал капа, ни и кси кои биле каталогизирани од Лакај но не им биле дадени Бајерови ознаки. Лакај истите ги сметал за премногу темни ѕвезди, додека пак Гулд го сметал обратното. Кси Жерав првично била сместена во соѕвездието Микроскоп. Натамошно, Гулд ја отфрлил ознаката сигма на Лакај бидејќи сметал дека таа ѕвезда е премногу темна.[12]

Жерав поседува неколку сјајни ѕвезди. Левото крило е означено со Алфа Жерав,[11] сино-бела ѕвезда со спектрален тип B6V и светлиснка величина 1,7, на растојание од 101 сг. од Земјата.[13] Традиционалното име на ѕвездата е Алнаир, што значи „сјајната“ и се однесува на тоа што станува збор за најсјаната ѕвезда од Жерав. Алнаир е 380 пати посјајна од а воедно и со пречник три пати поголем од оној на Сонцето.[14] На 5 степени западно од Алнаир,[15] означувајќи го срцето на жеравот е Бета Жерав,[11] црвен џин со спектрален тип M5III.[16] Има пречник од 0,8 ае. и доколку би се поставил во центарот на сончевиот систем ќе се протега до Венера и се наоѓа на растојание од 170 сг. од Земјата. Станува збор за променлива ѕвезда со минимална светлинска величина 2,3 и максимална 2.[17] Повлекувањето на замислена линија од Големиот Квадрат на соѕвездието Пегаз низ Фомалхаут ќе помине низ Алнаир и Бета Жерав.[9]

На североисточниот агол од соѕвездието и означувајќи го окото на жеравот е Гама Жерав,[15] сино-бел субџин со спектрален тип B8III и светлинска величина 3 на растојание од 211 сг. од Земјата.[18] Позната и како Ел Данаб, оваа ѕвезда го потрошила водородното јадроо и почнала да се лади и шири, при што истата ќе се претори во црвен џин.[19]

Постојат неколку двојни ѕвезди во Жерав кои можат да се набљудуваат со голо око. Опишувајќи триаголник со Алнаир и Бета, Делта Жерав е оптичка двојна ѕвезда чии ѕвезди Делта1 и Делта2 се на растојание од 45 лачни секунди.[15] Делта1 е жолт џин со спектрален тип G7III и светлинска величина 4, на растојание од 309 сг. од Земјата,[20] и можно е да има ѕвезда придружник портокалово џуџе со светлинска величина 12.[21] Делта2 е црвен џин со спектрален тип M4.5III и полупроменлива ѕвезда чија светлинска величина се движи меѓу 3,99 и 4,2,[22] на растојание од 325 сг. од Земјата. Со маса три пати поголема и пречник 135 пати поголем од оние на Сонцето.[21] Ми Жерав, се состои од ѕвездите 1 и 2, станува збор за оптичка двојна ѕвезда која се состои од жолти џинови со спектрален тип G8III и маса 2,5 пати поголема од онаа на Сонцето и површинска температура од 4900 К.[23] Ми1 е посјајна од двете со светлинска величина 4,8 и нарастојание од 275 сг. од Земјата,[24] додека пак Mи2 потемната е со светлинска величина 5,11 и на растојание од 265 сг. од Земјата.[25] Пи Жерав, е оптичка двојна ѕвезда со променлива ѕвезда, се состои од Пи1 Жерав и Пи2. Пи1 е полупроменлив црвен џин со спектрален тип S5, и променлива светлинска величина од 5,31 до 7,01 во период од 191 ден,[26] и на растојание од 532 сг. од Земјата.[27] Станува збор за една од најсјаните S ѕвезди кои можат да се видат од Земјата, истата има ѕвезда придружник со светлинска величина 10,9 налик на Сонцето, со спектрална класа G и спектрален тип G0V. Парот е претставник за вообичаена двојна ѕвезда.[28] Пи2 е џиновска ѕвезда со спектрален тип F3III-IV на растојание од 130 сг. од Земјата,[29] и честопати е посјајна од својот придружник со светлинска величина 5,6.[30] Означувајќи го десното крило Тета Жерав,[11] е уште една двојна ѕвезда која се наоѓа на 5 степени источно од Делта1 и Делта2.[15]

RZ Жерав е двен систем со светлинска величина 12,3 со повремено затемнување до 13,4, чиј составни ѕвезди се бело џуџе и ѕвезда од главната низа со орбитален период од 8,5 до 10 часа. Овој систем припаѓа на UX Голема Мечка подгрупа на катаклизмични променливи системи, каде материјалто од ѕвездата е привлечен од белото џуџе и се образува забрзувачки диск која станува сјајна и ги натсјајува двете ѕвезди. Овој систем не е целосно познат,[31] но е пресметано дека станува збор за ѕвезда од спектрален тип F5V.[32] Овие ѕвезди имаат спектри мошне слични на оние на новите кои се вратиле во мирна фаза по експлозија, но не е забележано дека се случила таква експлозија. Американското здружение на набљудувачи на променливи ѕвезди препорачува овој пар да се следи поради можни идни настани.[33]CE Жерав (позната и како Жерав V-1) е слабосјајна (со светлинска величина 18–21) ѕвезден систем кои се состои од бело џуџе и ѕвезда придружник, во овој случај двете ѕвезди се плимно поврзани. Познати како Полари, материјалот од ѕвездата се слева директно на белото џуџе.[34]

За 6 ѕвезди се смета дека поседуваат планетрни системи. Тау1 Жерав е жолта ѕвезда со светлинска величина 6 на растојание од 106 сг. од Земјата.[35] Можно е да станува збор за ѕвезда од главната низа или пак за ѕвезда која штотуку почнува да ја напушта главната низа. Во 2002 година забележано е дека постои планатарен придружник.[36] HD 215456, HD 213240 и WASP-95 се ѕвезди налик на Сонцето кои имаат по две планети.[37] Планета и далечно црвено џуџе,[38] и жежок Јупитер соодветно, последната WASP-95b има орбитален период од 2 дена.[39] Глизе 832 е црвено џуџе со спектрален тип M1.5V и светлинска величина 8,66 на растојание од 16,1 сг. од Земјата, со што станува збор за најблискиот ѕвезден планетарен систем до нашиот сончев систем. Планета слична на Јупитер наречена Глизе 832 b која има орбитален период од 9,4±0,4 години била откриена во 2008 година.[40]WISE 2220-3628 е кафеаво џуџе со спектрален тип Y, а со тоа и една од најладните ѕвездени објекти кои се познати. Пресметано е дека се наоѓа на растојание од 26 сг. од Земјта.[41]

Далечни објекти[уреди | уреди извор]

IC 5148, маглината наречена Резевна Гума снимена од ЕЈО спектограф и камера за слабосјајни објекти (EFOSC2) на Новотехнолошкиот телескоп во Ла Силја

Позната под надимакот Резевна Гума ,[42] IC 5148 е планетарна маглина сместена на 1 степен од Ламбда Жерав.[43] На растојание од 3.000 сг. се шири со брзина од 50км/с една од најголемите брзини на ширење на една планетарна маглина.[42]

На североисток од Тета Жерав се четирите заемоделувачки галаксии познати под името Жеравин Квартет.[44] Овие галаксии се NGC 7552, NGC 7590, NGC 7599 и NGC 7582.[45] Последните три галаксии зафаќаат површина од 10 лачни минути и понекогаш се нарекуваат „Жеравина Тројка“, иако сите четири се дел од поголемата расеана група на галаксии наречена IC 1459 Жерав.[46] NGC 7552 и 7582 се активни ѕвездородни галаксии, се смета дека ова се должи на заемодејството на плимните сили.[45] Сместени се на границата на Жерав и Јужна Риба,[43] IC 1459 е невообичаен E3 џиновска елиптична галаксија. Поседува брзовртежно јадро со спротивна насока на вртење, и брегови и бранови во надворешните подрачја.[47] Галаксијата има светлинска величина 11,9,[48] и е на растојание на 80 милиони сг. од Земјата.[43]

NGC 7424 е пречкеста спирална галаксија со светлинска величина 10,4,[49] сместена на околу 4 степени западно од Жеравиновата Тројка.[43] Со растојание од 37,5 милиони сг. и со пречник од околу 100.000 сг., има добро оформени спирални краци и се смета дека е многу слична на Млечниот Пат.[50] Два ултрасјајни Х-зрачни извори и една супернова се забележани во NGC 7424.[51] SN 2001ig била забележана во 2001 година и класифицирана како супернова од типот IIb, првично се забележувала слаба водородна линија во спектарот, за подоцна истата да стане незабележителна и заменета со линии на кислород, магнезиум и калциум, како и други појави кои наликувале на супернова од типот Ib.[52] Се смета дека масивната ѕвезда од спектралната класа F, A или B е придружникот на SN 2001ig, кој ја преживеал експлозијата и за која се смета дека била Волф-Рајеова ѕвезда.[53]

Во близина на Алнаир е NGC 7213,[43]челна тип 1 Сејфертова галаксија на растојание од 71,7 милиони сг. од Земјата.[54] Галаксијата има светлинска величина 12,1.[55] Навидум нерабуркана при видлива светлина, при набљудувања при подолги бранови должини можно е да се забележат знаци на судир или спој, со распределба на водородни јонизирани траги како и прамен од гас долг 64.000 сг.[54] Оваа галаксија е дел од галактичко јато од 10 галаксии.[56]

NGC 7410 е спирална галаксија забележана од британскиот астроном Џон Хершел за време на набљудувањата од ’Ртот на Добра Надеж во октомври 1834 година. Галаксијата има светлинска величина од 11,7 и е на растојание од 122 милиони сг. од Земјата.[46]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Забелешки[уреди | уреди извор]

  1. Делови од соѕвездието можат да се забележат меѓу 33°СГШ и 53°СГШ, ѕвездите на неколку степени од хоризонтот не можат да се видат.[10]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Grus, Constellation Boundary. „The Constellations“ (International Astronomical Union). http://www.iau.org/public/constellations/#gru. посет. 19 ноември 2013 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Ridpath, Ian. „Grus“. Star Tales. self-published. конс. 8 February 2014. 
  3. Ridpath, Ian. „Bayer's Southern Star Chart“. Star Tales. self-published. конс. 18 August 2013. 
  4. Ridpath, Ian. „Frederick de Houtman's catalogue“. Star Tales. self-published. конс. 15 August 2013. 
  5. Moore, Patrick (2000). Exploring the Night Sky with Binoculars. Cambridge, United Kingdom: Cambridge University Press. стр. 48. ISBN 978-0-521-79390-2. http://books.google.com/books?id=Jvbtl2Vyxm4C&pg=PA48. 
  6. Johnson, Diane (1998). Night Skies of Aboriginal Australia: a Noctuary. Darlington, New South Wales: University of Sydney. стр. 70–72. ISBN 1-86451-356-X. 
  7. Bagnall, Philip M. (2012). The Star Atlas Companion: What You Need to Know about the Constellations. New York, New York: Springer. стр. 232. ISBN 1-4614-0830-X. http://books.google.com.au/books?id=KcIg02TKW6QC&pg=PA232&dq=Grus+45th+366&hl=en&sa=X&ei=CtyKUrjaOeT_iAe40oCADw&ved=0CC4Q6AEwAA. 
  8. Russell, Henry Norris. The New International Symbols for the Constellations. „Popular Astronomy“ том  30: 469. Bibcode1922PA.....30..469R. 
  9. 9,0 9,1 Moore, Patrick (2001). Stargazing: Astronomy Without a Telescope. Cambridge, United Kingdom: Cambridge University Press. стр. 99. ISBN 0-521-79445-5. http://books.google.com.au/books?id=y6ureVPI49sC&pg=PA99&dq=Grus+constellation+visibility&hl=en&sa=X&ei=dSL6UvvtAcKbkAXp1YGoDQ&ved=0CDwQ6AEwAzgU#v=onepage&q=Grus%20constellation%20visibility&f=false. 
  10. 10,0 10,1 Ridpath, Ian. „Constellations: Andromeda–Indus“. Star Tales. self-published. конс. 1 April 2014. 
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 Knobel, Edward B.. On Frederick de Houtman's Catalogue of Southern Stars, and the Origin of the Southern Constellations. „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society“ том  77: 414–32 [430]. doi:10.1093/mnras/77.5.414. Bibcode1917MNRAS..77..414K. http://articles.adsabs.harvard.edu//full/1917MNRAS..77..414K/0000414.000.html. 
  12. Wagman, Morton (2003). Lost Stars: Lost, Missing and Troublesome Stars from the Catalogues of Johannes Bayer, Nicholas Louis de Lacaille, John Flamsteed, and Sundry Others. Blacksburg, Virginia: The McDonald & Woodward Publishing Company. стр. 360–62. ISBN 978-0-939923-78-6. 
  13. „Alpha Gruis – High Proper-motion Star“. SIMBAD Astronomical Database. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. конс. 1 December 2013. 
  14. Kaler, James B. „Al Nair“. Stars. University of Illinois. конс. 1 December 2013. 
  15. 15,0 15,1 15,2 15,3 Motz, Lloyd; Nathanson, Carol (1991). The Constellations: An Enthusiast's Guide to the Night Sky. London, United Kingdom: Aurum Press. стр. 370. ISBN 978-1-85410-088-7. 
  16. „Beta Gruis – Pulsating Variable Star“. SIMBAD Astronomical Database. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. конс. 1 December 2013. 
  17. Kaler, James B. „Beta Gruis“. Stars. University of Illinois. конс. 1 December 2013. 
  18. „Gamma Gruis“. SIMBAD Astronomical Database. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. конс. 4 December 2013. 
  19. Kaler, James B. „Al Dhanab“. Stars. University of Illinois. конс. 4 December 2013. 
  20. „HR 8556 – Star in double system“. SIMBAD Astronomical Database. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. конс. 19 January 2014. 
  21. 21,0 21,1 Kaler, James B. „Delta Gruis“. Stars. University of Illinois. конс. 26 January 2014. 
  22. Watson, Christopher (25 August 2009). „Delta 2 Gruis“. AAVSO Website. American Association of Variable Star Observers. конс. 18 January 2014. 
  23. Kaler, James B. „Mu Gruis“. Stars. University of Illinois. конс. 26 January 2014. 
  24. „HR 8486“. SIMBAD Astronomical Database. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. конс. 19 January 2014. 
  25. „HR 8488“. SIMBAD Astronomical Database. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. конс. 19 January 2014. 
  26. Otero, Sebastian Alberto (20 June 2011). „Pi 1 Gruis“. AAVSO Website. American Association of Variable Star Observers. конс. 19 January 2014. 
  27. „Pi1 Gruis – S Star“. SIMBAD Astronomical Database. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. конс. 19 January 2014. 
  28. Sacuto, S.; Jorissen, A.; Cruzalèbes, P.; Chesneau, O.; Ohnaka, K.; Quirrenbach, A.; Lopez, B.. The close circumstellar environment of the semi-regular S-type star π 1 Gruis. „Astronomy & Astrophysics“ том  482 (2): 561–74. doi:10.1051/0004-6361:20078306. Bibcode2008A&A...482..561S. http://arxiv.org/pdf/0803.3077.pdf. 
  29. „LTT 8994 – High proper-motion Star“. SIMBAD Astronomical Database. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. конс. 19 January 2014. 
  30. Ridpath & Tirion 2001, стр. 152–53.
  31. Bisol, Alexandra C.; Godon, Patrick; Sion, Edward M.. Far Ultraviolet Spectroscopy of Three Long Period Nova-Like Variables. „Publications of the Astronomical Society of the Pacific“ том  124 (912): 158–63. doi:10.1086/664464. Bibcode2012PASP..124..158B. http://arxiv.org/pdf/1112.3711v1.pdf. 
  32. Stickland, D.J.; Kelly, B.D.; Cooke, J.A.; Coulson, I.; Engelbrecht, C.; Kilkenny, D.. RZ Gru – A UX UMa 'disc star'. „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society“ том  206: 819–31. doi:10.1093/mnras/206.4.819. Bibcode1984MNRAS.206..819S. http://articles.adsabs.harvard.edu//full/1984MNRAS.206..819S/0000819.000.html. 
  33. Malatesta, Kerri (17 July 2010). „UX Ursae Majoris“. Variable Star of the Season. конс. 26 January 2014. 
  34. Ramsay, Gavin; Cropper, Mark. First X-ray Observations of the Polar CE Gru. „Monthly Notice of the Royal Astronomical Society“ том  335 (4): 918–22. doi:10.1046/j.1365-8711.2002.05666.x. Bibcode2002MNRAS.335..918R. http://articles.adsabs.harvard.edu/cgi-bin/nph-iarticle_query?2002MNRAS.335..918R&data_type=PDF_HIGH&whole_paper=YES&type=PRINTER&filetype=.pdf. 
  35. „Tau1 Gruis -- High proper-motion Star“. SIMBAD Astronomical Database. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. конс. 11 February 2014. 
  36. Jones, R. Paul; Butler, Hugh R. A.; Tinney, C. G.; Marcy, Geoffrey W.; Penny, Alan J.; McCarthy, Chris; Carter, Brad D.. An Exoplanet in Orbit around τ1 Gruis. „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society“ том  341 (3): 948–52. doi:10.1046/j.1365-8711.2003.06481.x. Bibcode2003MNRAS.341..948J. http://mnras.oxfordjournals.org/content/341/3/948.full. 
  37. Mayor, M.; Marmier, M.; Lovis, C.; Udry, S.; Ségransan, D.; Pepe, F.; Benz, W.; Bertaux, J.-L.; и др. (2011). The HARPS Search for Southern Extra-solar Planets XXXIV. Occurrence, Mass Distribution and Orbital Properties of Super-Earths and Neptune-mass Planets. „arXiv:1109.2497 [astro-ph.EP]“. 
  38. Mugrauer, M.; Neuhäuser, R.; Seifahrt, A.; Mazeh, T.; Guenther, E.. Four New Wide Binaries Among Exoplanet Host Stars. „Astronomy and Astrophysics“ том  440 (3): 1051–60. doi:10.1051/0004-6361:20042297. Bibcode2005A&A...440.1051M. http://www.aanda.org/articles/aa/full/2005/36/aa2297-04/aa2297-04.html. 
  39. Hellier, Coel; Anderson, D.R.; Collier Cameron, A.; Delrez, L.; Gillon, M.; Jehin, E.; Lendl, M.; Maxted, P.F.L.; Pepe, F.; Pollacco, D.; Queloz, D.; Segransan, D.; Smalley, B.; Smith, A.M.S.; Southworth, J.; Triaud, A.H.M.J.; Udry, S.; West, R.G.. Transiting Hot Jupiters from WASP-South, Euler and TRAPPIST: WASP-95b to WASP-101b. „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society“ том  440 (3): 1982–92. doi:10.1093/mnras/stu410. Bibcode2014MNRAS.440.1982H. 
  40. Bailey, J.; Butler, R.P.; Tinney, C.G.; Jones, H.R.A.; O'Toole, S.; Carter, B.D.; Marcy, G.W.. A Jupiter-like Planet Orbiting the Nearby M Dwarf GJ832. „The Astrophysical Journal“ том  690 (1): 743–47. doi:10.1088/0004-637X/690/1/743. Bibcode2009ApJ...690..743B. 
  41. doi:10.1088/0004-637X/753/2/156
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  42. 42,0 42,1 ESO (2012). „From Cosmic Spare Tyre to Ethereal Blossom“. Picture of the Week. European Southern Observatory. конс. 6 February 2014. 
  43. 43,0 43,1 43,2 43,3 43,4 Streicher, Magda (December 2010). „Grus—An Elegant Starry Bird“ (PDF). Deepsky Delights. The Astronomical Society of Southern Africa. стр. 56–59. конс. 7 February 2014. 
  44. Bakich, Michael E. (2010). 1,001 Celestial Wonders to See Before You Die. New York, New York: Springer Science+Business Media, LLC. стр. 334. ISBN 978-1-4419-1777-5. 
  45. 45,0 45,1 Koribalski, Bärbel (1996). „The Grus-Quartet“. конс. 28 January 2014. 
  46. 46,0 46,1 O'Meara, Stephen James (2013). Deep Sky Companions: Southern Gems. New York, New York: Cambridge University Press. стр. 418–26. ISBN 978-1-107-01501-2. http://simbad.u-strasbg.fr/simbad/sim-id?Ident=NGC%207213. 
  47. Verdoes Kleijn, Gijs A.; van der Marel, Roeland P.; Carollo, C. Marcella; de Zeeuw, P. Tim. The Black Hole in IC 1459 from Hubble Space Telescope Observations of the Ionized Gas Disk. „The Astronomical Journal“ том  120: 1221–37. doi:10.1086/301524. Bibcode2000AJ....120.1221V. http://iopscience.iop.org/1538-3881/120/3/1221/fulltext/. 
  48. „IC 1459 – LINER-type Active Galaxy Nucleus“. SIMBAD Astronomical Database. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. конс. 7 February 2014. 
  49. „NGC 7424 – Galaxy in Group of Galaxies“. SIMBAD Astronomical Database. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. конс. 4 February 2014. 
  50. Nemiroff, Robert; Bonnell, Jerry (2013). „Grand Spiral Galaxy NGC 7424“. Astronomy Picture of the Day (APOD). NASA. конс. 4 February 2014. 
  51. Soria, R.; Kuncic, Z.; Broderick, J.W.; Ryder, S.D.. Multiband Study of NGC 7424 and its Two Newly-discovered ULXs. „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society“ том  370 (4): 1666–76. doi:10.1111/j.1365-2966.2006.10629.x. Bibcode2006MNRAS.370.1666S. 
  52. Maund, Justyn R.; Wheeler, J. Craig; Patat, Ferdinando; Wang, Lifan; Baade, Dietrich; Höflich, Peter A. (2007 г). Spectropolarimetry of the Type IIb Supernova 2001ig*. „The Astrophysical Journal“ том  671 (2): 1944. doi:10.1086/523261. Bibcode2007ApJ...671.1944M. http://arxiv.org/pdf/0709.1487.pdf. 
  53. Ryder, Stuart D.; Murrowood, Clair E.; Stathakis, Raylee A.. A Post-mortem Investigation of the Type IIb Supernova 2001ig. „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society“ том  369 (1): L32–L36. doi:10.1111/j.1745-3933.2006.00168.x. Bibcode2006MNRAS.369L..32R. 
  54. 54,0 54,1 Hameed, Salman; Blank, David L.; Young, Lisa M.; Devereux, Nick. The Discovery of a Giant Hα Filament in NGC 7213. „The Astrophysical Journal“ том  546 (2): L97-L100. doi:10.1086/318865. Bibcode2001ApJ...546L..97H. http://cds.cern.ch/record/476765/files/0011208.pdf. 
  55. „NGC 7213 – Type 1 Seyfert Galaxy“. SIMBAD Astronomical Database. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. конс. 5 February 2014. 
  56. Fouque, P.; Proust, D.; Quintana, H.; Ramirez, A.. Dynamics of the Pavo-Indus and Grus Clouds of Galaxies. „Astronomy and Astrophysics Supplement Series“ том  100 (3): 493–500. Bibcode1993A&AS..100..493F. http://articles.adsabs.harvard.edu/cgi-bin/nph-iarticle_query?1993A%26AS..100..493F&data_type=PDF_HIGH&whole_paper=YES&type=PRINTER&filetype=.pdf. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]