Сликар (соѕвездие)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сликар
лат. Pictor
КратенкаPic
ГенитивноPictoris
Симболизамтриножник
Ректасцензија4,53 h ~ 6,85 ч.
Деклинација−43° ~ −64°
КвадрантSQ1
Површина247 (°)² (59-то)
Главни ѕвезди3
Бајерови/Флемстидови
ѕвезди
15
Ѕвезди со планети6
Ѕвезди посјајни од 3,00mнема
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг)1
Најсјајна ѕвездаα Pic (3,30m)
Најблиска ѕвездаКаптајнова Ѕвезда
(12,77 сг, 3,92 пс)
Месјеови објектинема
Метеорски дождовинема
Соседни
соѕвездија
Длето
Кобилица
Гулаб
Златна Рипка
Крма
Летечка Риба
Видливо на ширина од +26° до −90°.
Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец јануари.

Сликар — мало слабосјајно соѕвездие на јужната полутопка, смесетено меѓу сјајната ѕвезда Канопус и Големиот Магеланов Облак. Името потекнува од латнискиот збор pictor што во превод значи сликар,името е скратен облик од старото име Equuleus Pictoris („сликарски триножник“). Обично се прикажува како триножник, соѕвездието Сликар било осмислено и именувано од страна на аботот Никола Луј де Лакај во XVIII век. Најсјајната ѕвезда е Алфа Сликар, бела ѕвезда од главната низа и светлинска величина 3,3 на растојание од 97 сг. од Земјата. Сликар ја содржи и RR Сликар, променлив ѕвезден системкој засветил како нова, која постигнала светлинска величина 1,2 во 1925 година пред да замине во темнината.[б 1]

Сликар го привлече вниманието поради втората најсјана ѕвезда Бета Сликар, на растојание од 63,4  сг. од Земјата, каја е обиколена од невообичаен диск од прав богат со јаглерод, како и вонсончева планета. Други пет ѕвезди во ова соѕвездие исто така поседуваат планети. Меѓу нив е HD 40307, портокалово џуџе кое има 6 планети од кој една HD 40307 g е потенцијална суперземја со орбита во населивата зона. Каптајновата Ѕвезда, е најблиската ѕвезда во Сликар до Земјата, станува збор за црвено џуџе на растојание од 12,76 сг. и поседува две суперземји кои се во орбита околу истото. Сликар A е радио галаксија која исфрла млаз од плазма со должина од 800.000 сг. од супермасивна црна дупка во својот центар. Во 2006 година, била забележана гама-зрачната експлозија GRB 060729 во соѕвездието Сликар, појавата била проследена со крајно изразителен Х-зрачен отсјај кој можел да се забележи и по две години.

Историја[уреди | уреди извор]

Ран приказ од 1756 година, кога истото се нарекувало le Chevalet et la Palette, Канопус од Кобилица кои можат да се забележат во горниот десен дел на сликата.

Францускиот астроном Никола Луј де Лакај првично соѕвездието го нарекол le Chevalet et la Palette во 1756 година,[1] откако набљудувал и катологизирал 10.000 јужни ѕвезди за време на престојот од две години на ’Ртот на Добра Надеж.[б 2] Тој осмислил нови 14 соѕвездија во неозначените подрачја на јужната небесна полутопка и истите не можат да се видат од Евроопа. Сите само едно ја означуваат добата на просветленост.[3] На овие соѕвездија им дал Бајерови ознаки, вклуќувајќи и десет ѕвезди од Сликар кои сега се именувани од Алфа до Ни Сликар.[б 3] Соѕвездието го обележал како Equuleus Pictorius на неговата карта од 1763 година,[4] каде зборот „Equuleus“ означува магаре, мал коњ, или пак триножник, најверојатно стар обичај уметниците да го носат триножникот на магаре.[5] Германскиот астроном Јохан Елерт Боде го нарекол Pluteum Pictoris. Името било скусено во 1845 година од англискиот астроном Френсис Бејли советуван од Џон Хершел.[1]

Особености[уреди | уреди извор]

Сликар е мало соѕвездие кое се граничи со Гулаб на север, Крма и Кобилица на исток, Длето на северозапад, Златна риба на југозапад и Летечка Риба на југ. Кратенката од три букви „Pic“ за соѕвездието, усвоена од Меѓународниот астрономски сојуз во 1922 година.[6] Официјалните граници на соѕвездието се поставени од Ежен Делпорт во 1930 година, и се дефинирани како многуаголник со 18 страни. Во екваторскиот координатен систем, координатите на ректасцензијата се меѓу 04ч 32,5м и 06ч 52,0м, додека пак деклинацијата се меѓу −42,79° и −64,15°.[7] Сликар [[кулминација|кулминира] секоја година во 21.00 часот на 17 март.[8] Со својата местоположба на југ значи дека целото соѕвездие е видливо за набљудувачи јужно од 26°СГШ,[9][б 4] и делови се околуполарни јужно од 35°ЈГШ.[10]

Забележителности[уреди | уреди извор]

Ѕвезди[уреди | уреди извор]

Сликар е слабосјајно соѕвездие, најсјајните три ѕвезди можат да се видат во близина на Канопус.[11] На растојание од 97 сг. од Земјата е Алфа Сликар е најсјајната ѕвезда во соѕвездието и станува збор за бела ѕвезда од главната низа со светлинска величина 3,3,[12] и спектрален тип A8VnkA6.[б 5][14] Брзовртежна ѕвезда со брзина од 206 км/с,[13] и има обвивка од сикумѕвезден гас.[15] Бета Сликар е уште една бела ѕвезда од главната низа со спектрален тип A6V и светлинска величина 3,86. На растојание од 63,4 сг. од Земјата,[16] е член на подвижната група Бета Пикторис, група од 17 ѕвездени системи стари 12 милиони години и се движат низ просторот во иста насока.[17] Во 1984 година Бета Сликар беше првата ѕвезда опколена со диск од прашина.[18] Оттогаш, пронајдена е вонсончева планета со маса 8 пати поголема од Јупитер приближно на растојание од 8 ае. на растојание слично до она до Сатурн. Европската јужна опсерваторија (ЕЈО) го потврдиле присуството на планетата со употреба на методот за директно сликање со VLT во 2009 година.[19]

Фотографија која го прикажува соѕвездието Сликар набљудувано со голо око. Сјајната ѕвезда во близина на Сликар е Канопус.

Гама Сликар портокалов џин со спектрален тип K1III кој нараснал 1,4 пати во однос на пречникот на Сонцето.[20] Ѕвездата има светлинска величина 4,5 и е на растојание од 174 сг. од Земјата.[21] HD 42540, наречена 47 Сликар од амаериканскиот астроном Бенџамин Апторп Гулд, е малку поладен портокалов џин, со спектрален тип K2.5III и просечна светлинска величина 5,04.[22] Исто така астрономите се сомневаат дека станува збор за променлива ѕвезда.[23] Лакај по грешка ја нарекол оваа ѕвезда Ми Златна Рипка, и ја забележал ректасцензијатаеден час подолу.[24] Лакај две соседни ѕвезди ги ги нарекол Ета Сликар.[4][б 6] Ета2 Сликар, позната и како HR 1663, е портокалов џин со спектрален тип K5III и светлинска величина 5,05 на растојание од 474 сг. од Земјата,[26] и со пречник 5,6 пати поголем од оној на Сонцето.[20] Ета1 Сликар, исто така позната како HR 1649, на растојние од 85 сг. и станува збор за ѕвезда со спектрален тип F5V и светлинска величина 5,38.[27] Двојна ѕвезда со придружник со светлинска величина 13 и на меѓусебно растојание од 11 лачни секунди.[28]

На растојание од 1.298 сг. од Земјата, Делта Сликар е двојна еклиптичка ѕвезда класифицирана како променлива од типот Бета Лира.[29] Составена од две сини ѕвезди со спектрални типови B3III и O9V, со орбитален период од 1,67 денови, и има промена на светлинската величина од 4,65 до 4,9.[30] Ѕвездите се со елипсовиден облик бидејќи се делуваат една на друга.[31] TV Сликар е спектроскопска двојна ѕвезда со ѕвезди од клас А и F кои се соорбитален период во мошне блиска орбита. Втората ѕвезда е елиптична и има променлив сјај.[32] Светлинската величина се движи меѓу 7,37 и 7,53 на секои 20 часа.[33]

Покрај Бета, пет други ѕвезди во Сликар се познати по тоа дека имаат планетарни системи. AB Сликар е променлива од типот BY Драконис и придружник кој најверојатно е голема планета или кафеаво џуџе, кој бил откриен со директно снимање во 2005 година.[34] HD 40307 е портокалова ѕвезда од главната низа со спектрален тип K2.5V со светлинска величина 7,17 на растојание од 42 сг. од Земјата. Доплеровиот метод заедно со (HARPS) укажуваат дека HD 40307 е систем кој се состои од 6 суперземји планети, од кои една, HD 40307 g, се наоѓа во животопогодниот појас, и не доволно близу за да биде плимно поврзана, за разлика од останатите планети во системот, и многу други планети во други ѕвездени системи.[35] HD 41004 е сложен двоен систем на 139 сг. од Земјата. Првичната ѕвезда е портокалово џуџе со спектрален тип K1V околу кое орбитира планета со маса 2,65 поголема од онаа на Јупитер во период од 963 денови, додека втората е црвено џуџе со спектрален тип M2V и во орбита има кафеаво џуџе кое најмалку 19 пати помасивно од Јупитер. Двата објекти на ѕвездите се откриени со Доплеров метод користејќи го спектрографот CORALIE во 2004 и 2002 година.[36]Каптајновата Ѕвезда, црвено џуџе на растојание од 12,78 сг. со светлинска величина 8,8. Го поседува најголемото сопствено движење за една ѕвезда на небото по Бернардовата Ѕвезда.[37] Движејќи се околу Млечниот Пат во спротивна насока од повеќето ѕвезди, и може да потекнува од џуџеста галаксија која се споила со Млечниот Пат, чиј остаток можно е да е збиеното ѕвезденото јато Омега Кентаур.[38] Во 2014 година анализата на Доплеровите промени на Каптајновата Ѕвезда со спектрографот HARPS покажале дека ѕвездата содржи две планети суперземји [Каптајнова b]] и Каптајнова c. Каптајнова b е најстарата позната можно населива планета за која се смета дека е со старост од 11 милијарди години.[39]

Со местоположба 1,5 степени југоисточно од Алфа, RR Сликар е катаклизмична променлива која засјајела како нова, постигнувајќи светлинска величина 1,2 на 9 јуни 1925 година.[37] Шест месеци по постигнувањето на максималната светлина, и величината се намалила до 12,5 до 1975 година.[40] RR Сликар е близок двоен систем составен од бело џуџе и втора ѕвезда која има орбитален период од 3,48 часа и е толку близу што ја исполнува Рошовата плоштина со ѕвезден материјал, кој подоцна се префрла на забрзувачкиот диск на првата ѕвезда. Кога овој материјал ќе ја постигне критичната маса, истиот се запалува и неверојатно засјајува. Пресметките од орбиталната брзина наведуваат дека втората ѕвезда не е доволно густа за својата големина за да биде сè уште на главната низа, па истата морала да се шири и собира откако јадрото останало без водород како гориво.[41] Растојанието до системот RR Сликар изнесува 1.300 сг. од Земјата[42]

Далечни објекти[уреди | уреди извор]

Слика од рендгенската опсерваторија Чандра која прикажува млаз од плазма оддаден од Сликар A

NGC 1705 е неправилна џуџеста галаксија на растојание од 17 милиони сг. од Земјата. Станува збор поактивна ѕвездородна галаксија во поблискиот универзум, и покрај фактот што врвот на ѕвездообразба го дортигнала пред 30 милиони години.[43] Сликар A, на растојание од 485 милиони години е двојно плочеста радио галаксија[44] и силен ивор на радоио бранови на јужната небесна полутопка.[45] Истите потекнуваат од sсупермасивна црна топка во центарот, и релативистички млаз е исфрлен од врел Х-зрачен извор во должина од 800.000 сг.[46] SPT-CL J0546-5345 е масивно галактичко јадро на растојание од 7 милијарди сг. со маса еднаква на 800 трилиони сончеви маси.[47]

GRB 060729 била гама-зрачен изблик кој за првпат била набљудувана на 29 јули 2006 година. Најверојатно станува збор сигнал од тип Ic супернова колапсот на јадро на масивна ѕвезда.[48] Истот така била забележителна по невообичаено долгите Х-зрачни отсјаи, и била забележителна 642 дена скоро две години по настанувањето на појавата.[49] Настанот кои се случил бил далечен , со црвено поместување од 0,54.[48]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Денеб,19-та најсјајна ѕвезда на ноќното небо, со светлинска величина 1,25
  2. Неговата опсерваторија била во приватна куќа на бреговите од заливот Маса во Кејптаун.[2]
  3. погрешно именувал една ѕвезда со грчката буква епсилон која денес не е во употреба.[4]
  4. сепак делови од соѕвездието се над хоризонтот меѓу 26°СГШ и 47°СГШ, неколку степени над хоризонтот не можат да се забележат од набљудувачите.[9]
  5. Ознаката kA6 покажува послаба нормална K-линии во спектарот. Ознаката 'n' следи по сјајната класа V ја покажува впивачките линии во спектарот се широки и маглинести поради брзиот вртеж на ѕвездата.[13]
  6. Како и Бајер, Лакај едноставно на две ѕвезди кои се многу блиски ќе им ги дал истите ознаки без никави разлики. Им било оставено на подоцнежните астрономикако Гулд да ги запишат како Ета1, Ета2 итн.[25]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ridpath, Star Tales Pictor.
  2. Warner 2002.
  3. Wagman 2003, стр. 6–7.
  4. 4,0 4,1 4,2 Wagman 2003, стр. 246.
  5. Chartrand 1982, стр. 176.
  6. Russell 1922, стр. 469.
  7. IAU, The Constellations, Pictor.
  8. The Constellations : Part 2 Culmination Times.
  9. 9,0 9,1 Ridpath, Constellations: Lacerta–Vulpecula.
  10. Heifetz & Tirion 2007, стр. 106.
  11. Moore, Stargazing 2000, стр. 118.
  12. SIMBAD Alpha Pictoris.
  13. 13,0 13,1 Royer 2007.
  14. Gray 2006.
  15. Hempel 2003.
  16. SIMBAD Beta Pictoris.
  17. Zuckerman 2001.
  18. Smith & Terrile 1984.
  19. Lagrange 2010.
  20. 20,0 20,1 Pasinetti-Fracassini et al. 2001.
  21. SIMBAD Gamma Pictoris.
  22. SIMBAD HR 2196.
  23. AAVSO HR 2196.
  24. Harvard College Observatory 1883.
  25. Wagman 2003, стр. 7.
  26. SIMBAD HR 1663.
  27. SIMBAD HR 1649.
  28. SIMBAD CD-49 1541B.
  29. SIMBAD Delta Pictoris.
  30. Malkov & Oblak 2006.
  31. Cousins 1966.
  32. Pavlovski et al. 1998.
  33. AAVSO TV Pictoris.
  34. Chauvin 2005.
  35. Tuomi 2013.
  36. Zucker 2004.
  37. 37,0 37,1 Motz & Nathanson 1988, стр. 374–75.
  38. Kotoneva et al. 2005.
  39. Anglada-Escudé 2014.
  40. Burham 2013, стр. 1460–62.
  41. Ribeiro 2006.
  42. Duerbeck 1981.
  43. Wilkins & Dunn 2006.
  44. NED Pictor A.
  45. Perley et al. 1997.
  46. ChandraPR.
  47. Ghosts of the Future.
  48. 48,0 48,1 Cano et al. 2011.
  49. Grupe et al. 2010.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]