Јужен Триаголник (соѕвездие)
лат. Triangulum Australe | |
![]() | |
Кратенка | TrA |
---|---|
Генитивно | Trianguli Australis |
Ректасцензија | 16 ч. |
Деклинација | −65° |
Површина | 110 (°)² (83rd) |
Главни ѕвезди | 3 |
Бајерови/Флемстидови ѕвезди | 10 |
Ѕвезди со планети | 0 |
Ѕвезди посјајни од 3,00m | 3 |
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг) | 2 |
Најсјајна ѕвезда | α TrA (Atria) (1.91m) |
Најблиска ѕвезда | ζ TrA ( сг, пс) |
Месјеови објекти | нема |
Метеорски дождови | нема |
Соседни соѕвездија | Рамнило Олтар Шестар Рајска Птица |
Видливо на ширина од +25° до −90°. Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец јули. |
Јужен Триаголник (лат. Triangulum Australe) — малечко соѕвездие на јужното небо, забележано во 16 век. Неговото латинско име Triangulum Australe значи „јужен триаголник“, што е различно од соѕвездието Триаголник кое се наоѓа на северното небо. Името му е дадено поради трите сјајни ѕвезди, со втора и трета величина, кои образуваат речиси рамностран триаголник.
Соѕвездието Јужен Триаголник е претставено во 1589 година од страна на Петрус Плансиус на небесен глобус со пречник од 32½ сантиметри, објавен во Амстердам од Јакоб Флорис ван Лангрен, а во небесен атлас за првпат е претставено во Уранометрија на Јохан Бајер во 1603 година.
Од видливите одлики тука е ѕвезденото јато NGC 6025, со околу 30 ѕвезди со магнитуда од 7 до 9.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- Ian Ridpath and Wil Tirion (2007). Stars and Planets Guide, Collins, London. ISBN 978-0007251209. Princeton University Press, Princeton. ISBN 978-0691135564.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Јужен Триаголник (соѕвездие) на Ризницата ?
- Фотографски водич низ соѕвездието: Јужен Триаголник
- Ноќни фотографии: Јужен Триаголник
- Ѕвездени приказни – Јужен Триаголник
- Соѕвездие Јужен Триаголник
|