Јужна небесна полутопка

Јужна небесна полутопка или јужно небо — јужната полутопка на небесната сфера, односнo подрачјето кое лежи јужно од небесниот екватор. За оваа произволна сфера велиме дека се врти во западен правец околу поларната оска поради вртењето на Земјата.
Целото јужно небо е видливо од географскиот Јужен Пол во секое време, и станува помалку видливо како што набљудувачот оди посеверно. Северниот истоветник на оваа полутопка е северната небесна полутопка.
Астрономија
[уреди | уреди извор]
Во контекст на астрономските расправи во врска со небесната картографија, оваа небесна полутопка се нарекува просто „северна полутопка“.
При изработка на ѕвездени карти, астрономите го поимуваат небото во сфера поделена на две по линијата на небесниот екватор. Јужното небо (јужната полутопка) е онаа половина од небесната сфера која лежи јужно од небесниот екватор.
Дури и ако геоцентричниот систем е идеална проекција на земскиот екватор врз замислена небесна сфера, јужната и северната небесна полутопка не треба да се мешаат со полутопките на самата Земја.
Набљудување
[уреди | уреди извор]Гледајќи ог Јужниот Пол, при поволни услови на јужното небо се гледаат преку 2.000 неподвижни ѕвезди кои лесно се гледаат со голо око, и уште 20.000 до 40.000 со помош на инструмент. Во големите градови се видливи 300 до 500 ѕвезди, зависно од светлинското и воздушното загадување. Видливоста зависи и од географската положба, па така во посеверните краишта се гледаат помалку јужни ѕвезди.
На оваа полутопка има разни сјајни ѕвезди. Со привидна величина од –1,46, Сириус во соѕвездието Големо Куче е најсјајната ѕвезда на ова небо; има двапати поголем полупречник од Сончевиот и оддалечена е на 8,6 светлосни години. На истата полутопка се и Канопус и Толиман (α Кентаур), на далечина од 4,2 светлосни години, со деклинација од околу –60° — преблиску до јужниот небесен пол за да бидат видливи од Средна Европа.[1]
Соѕвездија
[уреди | уреди извор]Од вкупно 88 соѕвездија, 45 се видливи само на јужната небесна полутопка, а 15 други долж екваторот делумно се протегаат на северната. Јужни соѕвездија се следниве:[2]
- Бик
- Вага
- Вајар
- Водна Змија
- Водолија
- Волк
- Гавран
- Големо Куче
- Гулаб
- Девица
- Длето
- Еднорог
- Едро
- Еридан
- Жерав
- Зајак
- Златна Рипка
- Змија
- Змијоносец
- Индијанец
- Јарец
- Јужен Крст
- Јужен Триаголник
- Јужна Круна
- Јужна Риба
- Камелеон
- Кентаур
- Кит
- Кобилица
- Компас
- Крма
- Лав
- Летечка Риба
- Мала Водна Змија
- Мало Куче
- Маса
- Микроскоп
- Мрежичка
- Мува
- Октант
- Олтар
- Орел
- Орион
- Паун
- Пехар
- Печка
- Пумпа
- Рајска Птица
- Рамнило
- Риби
- Секстант
- Скорпија
- Сликар
- Стрелец
- Телескоп
- Тукан
- Феникс
- Часовник
- Шестар
- Штит
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ David Ellyard, Wil Tirion: The Southern Sky Guide. Cambridge Univ. Press, Cambridge 2009, ISBN 978-0-521-71405-1
- ↑ „International Astronomical Union | IAU“. www.iau.org. Архивирано од изворникот на 2013-06-04. Посетено на 13 февруари 2024.
|