Поларна ѕвезда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Француска "навигациска сфера": вид на небесен глобус кој порано се користел за поморска навигација

Поларна ѕвезда е ѕвезда близу до некој од небесните полови, т.е. се наоѓа на замислената Земјина оска на вртење. Ѕвездата на северниот небесен пол се нарекува северна поларна ѕвезда, а на јужниот небесен пол се нарекува јужна поларна ѕвезда. Сличен концепт важи и за другите планети.

Северната поларна ѕвезда или Северница имала важно значение при ориентирањето од палеолитот па до денес. На јужниот небесен пол нема така сјајна ѕвезда како на северниот небесен пол. Најсјајна ѕвезда е ѕвездата Сигма Октант која понекогаш се нарекува Јужна Ѕвезда (Јужница по аналогија на Северница).

За разлика од другите ѕвезди на небото, кои привидно ја менуваат својата положба на небото во текот на ноќта и изгледа дека се вртат околу небесниот пол, положбата на поларната ѕвезда останува непроменета. Знаејќи го ова, може лесно да се определи правецот на соодветниот пол на земјата, што може да послужи за ориентација.

Поради прецесијата на Земјината оска и соодветното изместување на небесниот пол, во период од една платонова година, во времетраење од околу 26.000 Земјини години, различни ѕвезди се полари ѕвезди.

Видео на кое е прикажана Северница и соседните ѕвезди

Според астрономскиот институт на Московскиот универзитет[1], много стари народи придавале специјално значење на поларната ѕвезда заради нејзината неподвижност. Персијците ја нарекуваат „Командант на сите команданти“, кинезите - „Небесен император“.

Други планети и небесни тела[уреди | уреди извор]

Поларните ѕвезди на другите планети се определуваат на анлоген начин: тоа се ѕвезди кои се најблиску до замислената оска на вртење на небесната сфера. Различни планети имаат различни поларни ѕвезди бидејќи нивните оски се различно ориентирани.

Некои астероиди имаат повеќе од една оска на вртење, најверојатно поради судири со други тела. Овие астероиди немаат поларни ѕвезди.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Државен астрономиски институт Щернберг при Московскиот универзитет - Соѕвездие Мала Мечка Архивирано на 12 јануари 2007 г. (руски)
  2. 2004. Starry Night Pro, Version 5.8.4. Imaginova. ISBN 978-0-07-333666-4. www.starrynight.com (англиски)
  3. http://www.eknent.com/etc/mars_np.png Архивирано на 28 октомври 2011 г. (англиски)