Галактичка рамнина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рабен поглед на галаксијата NGC 4452 со јадрото во средиштето
Рабен поглед на спиралната галаксија NGC 891 со нејзината правлива галактичка рамнина.

Галактичка рамнинарамнина на која лежи највеќето маса на една галаксија. Нормалата низ нејзиното средиште ги опишува двата галактички пола. Поимите „рамнина“ и „пол“ почесто се користат за нашата галаксија, Млечниот Пат.

Некои галаксии се неправилни и немаат јасно изразен диск. Дури и во случаи на пречкеста спирална галаксија како Млчениот Пат, галактичката рамнина се определува со мала произволност и неуточнетост бидејќи ѕвездите не се совршено копланарни. Во 1959 г. Меѓународниот астрономски сојуз одредил дека Северниот Пол на Млечниот Пат лежи точно во рек. = 12ч 49м, дек. = 27° 24′ во тогашната епоха B1950; во денешната епоха J2000 за Северен Пол се смета рек. 12ч 51м &1000000000002628200000026,282с, дек. 27° 07′ &1000000000000420100000042,01″. Местото се наоѓа во соѕвездието Береникина Коса, близу сјајната ѕвезда Арктур; Јужниот Пол пак, е во соѕвездието Вајар.

Во 1959 г. е определена и нултата должина (меридијан) на галактичките координати како положбениот агол 123° од северниот небесен пол. Тогаш тој бил во 17ч 42м &1000000000002660300000026,603с, −28° 55′ &1000000000000044500000000,445″ (B1950) или 17ч 45м &1000000000003722400000037,224с, −28° 56′ &1000000000000102300000010,23″ (J2000), а денес по J2000 е положбениот агол 122,932°. Галактичкото средиште е сместен во положбениот агол 31,72° (B1950) или 31,40° (J2000) источно од северниот.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Reid, M. J.; Brunthaler, A. (December 2004), „The Proper Motion of Sagittarius A*. II. The Mass of Sagittarius A*“, The Astrophysical Journal, 616 (2): 872–884, arXiv:astro-ph/0408107, Bibcode:2004ApJ...616..872R, doi:10.1086/424960. See appendix for the numbers listed above.