Суперјато

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на суперјата и празнини најблиски до Земјата

Суперјато — голема група од помали галактички јата или галактички групи кои се меѓу најголемите познати структури во космосот. Млечниот пат е во локална група на галаксии поточно во суперјатото Ланијакеја. Ова суперјато е големо околу 500 милиони светлосни години, додека локалната група е околу 10 милиони светлосни години. Во досега испитаниот универзум се верува дека има 10 милиони суперјата.

Галаксиите се групирани во јата наместо да бидат расфрлани без ред. Јатата на галаксии се групирани и заедно гормираат суперјата. Обично, суперјатата содржат дузина од индивидуални јата на одреден простор од околу 150 милиони светлосни години. За разлика од јатата, суперјатата не се споени поради гравитацијата. Сите тие се движат во спротивна насока едни од други поради законот на Хабл.

Нашата галаксија припаќа на Локалната група која е сиромашно и нерегуларно јато на галаксии. Сиромашните јата можат да содржат стотици, дури и илјадници галаксии. Локалната група е блиску до Месното суперјато (уште познато како Суперјато во Девица) во дијаметар со должина 100 милиони светлосни години. Месното суперјато содржи 1.015 повеќе пати од масата на Сонцето.

Најголемото јато во месната вселена се нарекува „Големиот Привлекувач“ неговата гравитација е толку силна што Месното суперјато, во кое се наоѓа Млечниот Пат, се движи во негова насока со брзина од неколку стотици километри во секунда. Најголемото суперјато надвор од месната вселена е нишката Персеј-Пегаз. Во него ги содржи суперјатото Персеј кое е големо неколку милијарди светлосни години. Од тоа што досега е познато, тоа е ајголемата структура во универзумот. Ова суперјато било откриено од Давид Батунски и Џек Бернс од Универзитетот во Ново Мексико.

Распределеност: космички празнини и листови[уреди | уреди извор]

Спроведени се истражувања со цел да се разбере начинот на кој суперјатата се распоредени во просторот. Се користат мапи за да се прикажат позициите на 1,6 милони галаксии. Тродимензионални мапи се користат за да се разбере позицијата на овие суперјата. За да се прикажат тридимензионално на карта, за пресметување се користат позицијата на галаксијата на небото како и црвеното поместување на галаксијата. Црвеното поместување се користи со законот на Хабл, со цел да се прикаже нејзината тродимензионална позиција во просторот.

Од овие мапи е откриено дека галактичките суперјата не се распоредени памномерно низ целата вселена туку се чини дека се лежат по должина на нишки. Мапите откриваат голени празнини каде има само неколку галаксии. Некои темни галаксии или водородни облаци може да се пронајдат во некои празнини, но повеќето галаксии се најдени на листови помеѓу празнините. Празнините се често топчести но суперјатата не се. Тие може да се големи од 100 милиони до 400 милиони светлосни години во дијаметар. Шемата на празнини и листови содржи информации за тоа како галаксиите се формирале во универзумот.

Постои сунѓер теорија која често се користи и го споредува сунѓерот како модел на групи на галаксии во универзумот- дупките се празнините а другите делови се местоположбата на суперјатата.

Постоење[уреди | уреди извор]

Суперјатото Абелот 901/902 е сместено на малку повеќе од 2 милијарди светлосни години од Земјата.

Постоењето на суперјатата покажува дека галаксиите во нашиот Универзум не се рамномерно распоредени, повеќето од нив се привлечени во групи и јата, и тоа групите содржат околу дузина галаксии, додека јатата и до неколку илјадници галаксии. Тие групи и јата и друготе изолирани галаксии заедно прават ги прават големите структури — суперјатата.

Нивното постоење за првпат беше спомнато од страна на Џорџ Абел во неговиот Каталог Абел од 1958 за галактичките јата. Тој ги нарекува “јата од втор ред” или јата од јата.

Суперјатата прават масивни структури од галаксии, наречени “нишки”, “комплекси од суперјата”,”ѕидови” или “листови”, кои можат да се широки од неколку стотици до 10 милијарди светлосни години, да покриваат повеќе од 5% од набљудуваниот универзум. Набљудувањата на суперјатата ни кажуваат нешто за првата состојба на универзумот кога тие биле формирани. Насоките на ротационите оски на галаксиите во суперјатата исто така може да не информираат за процесот на раното формирање на галаксиите во историјата на Универзумот.

Помеѓу суперјатата има големи просторни празнини во кои постојат неколку галаксии. Суперјатата често се поделени на групи јата наречени галактички облаци.

Список на суперјата[уреди | уреди извор]

Блиски суперјата [уреди | уреди извор]

Суперјато Податоци Белешки
Ланијакеја
  • z = 0.000
  • Должина = 153 Mpc (500 милиони светлосни години)
Ланијакеја е суперјато кое ги содржи , Локалната група како и нашата галаксија Млечниот Пат.
Суперјато во Девица
  • z= 0.000
  • Должина = 33 Mpc (110 милиони светлосни години)
Ги содржи локалната група заедно со нашата галаксија. Исто така блиску до неговиот центар го има Суперјатото во Девица, некогаш наречено Месното суперјато. Се мисли дека содржи повеќе од 47,000 галаксии.

 Во 2014 кажаа дека Ланијакеја го завзема Суперјатото во Девица и станува нова компонента на истото.[1] 

Суперјато во Водна Змија-Кентаур Тоа е составено од две крила, понекогаш се наречени суперјата, или понекогаш целото суперјато е познато под две имиња 
  • Суперјато во Водна Змија
  • Суперјато во Кентаур

Во 2014 кажаа дека Ланијакеја го завзема суперјатото Водна Змија-Кентаур и станува нова компонента на истото.[1] 

Суперјато во Персеј-Риби
Суперјато во Паун-Индијанец Во 2014 кажаа дека Ланијакеја го завзема суперјатото Паун-Индијанец и станува нова компонента на истото.
Суперјато во Береникина Коса Повеќето форми на CFA џуџе, центарот на галаксијата CfA2 Големиот Ѕид
Суперјато во Вајар SCl 9
Суперјато во Херкул SCl 160
Лео Суперјато SCl 93
Суперјато во Змијоносец
  • 17ч 10м −22°
  • cz=8500–9000 km/s (centre)
  • 18 Mpc x 26 Mpc
Го формира зидот на Змијоносец празнината, може да е поврзано во нишка со суперјатата Паун-Индијанец и Херкул. Ова суперјато е во центарот на cD Змијоносец јатото и има уште најмалку две галактички јата , 4 галактички групи.
Шеплиево суперјато
  • z=0.046.(650 Mly далеку)
Второ по ред пронајдено после Месното суперјато.

Далечни суперјата [уреди | уреди извор]

Суперјато Податоци Белешки
Суперјато во Риби-Кит
Суперјато во Воловар SCl 138
Суперјато во Часовник
z=0.063 (700 Mly)
Должина=550 Mly
Целото суперјато е познато како Часовник-Мрежичка
Суперјато во Северна Круна
z=0.07[2]
Суперјато во Гулаб
Суперјато во Водолија
Суперјато во Водолија Б
Суперјато во Водолија-Јарец
Суперјато во Водолија-Кит
Суперјато во Воловар А
Суперјато во Длето
SCl 59
Суперјато во Змеј
Суперјато во Змеј-Голема Мечка
Суперјато во Печка-Еридан
Суперјато во Жерав
Суперјато во Лав А
Суперјато во Лав-Секстант
Суперјато во Лав-Девица
SCl 107
Суперјато во Микроскоп
SCl 174
Суперјато во Пегаз-Риби
SCl 3
Суперјато во Персеј-Риби
SCl 40
Суперјато во Риби-Овен
Суперјато во Голема Мечка
Суперјато во Девица-Береникина Коса
SCl 111

Многу далечни суперјата [уреди | уреди извор]

Суперјато Податоци Белешки
Суперјато во Рис z=1.27 Пронајдено во 1999 (како ClG J0848+4453, име кое сега се користи да се опише западното јато, со ClG J0849+4452 е источното) содржи најмалку две јата RXJ 0848.9+4452 (z=1.26) and RXJ 0848.6+4453 (z=1.27) . Во времето кога беше пронајдено, стана најдалечното познато суперјато. Седум помали групи на галаксии се поврзани со него.
SCL @ 1338+27 at z=1.1

z=1.1 Должина=70Mpc 

Богато суперјато со неколку јата галаксии беше откриено на невообичаено место 23 QSOs at z=1.1 во 2001. Големинатана комплексот на јата може да насочува на ѕид од галаксии кој се наоѓа таму, наместо на едно суперјато. Големината пронајдена ја достигнува големината на нишката CfA2 Големиот Ѕид. Во времето кога било пронајдено било најголемото и најоддалеченото суперјато над z=0.5
SCL @ 1604+43 at z=0.9 z=0.91 Ова суперјато во времето кога било откриено било најголемото јато најдено толку длабоко во вселената во 2000. Составено е од две богати јата и едно новооткриено јато како резултат на проучувањето. Тогаш познатите јата биле Cl 1604+4304 (z=0.897) и Cl 1604+4321 (z=0.924), за кои тогаш било познато дека имаат 21 и 42 познати галаксии. Новооткриеното јато е лоцирано на 16h 04m 25.7s, +43° 14′ 44.7″.
SCL @ 0018+16 at z=0.54 in SA26 z=0.54 Ова суперјато лежи околу радио галаксијата 54W084C (z=0.544) и го сочинуваат најмалку три големи јата CL 0016+16(z=0.5455), RX J0018.3+1618 (z=0.5506), RX J0018.8+1602 .   
MS 0302+17

z=0.42 должина=6Mpc  

Ова суперјато има најмалку 3 јата, источно CL 0303+1706, јужно MS 0302+1659 и северно MS 0302+1717.

Диjаграм[уреди | уреди извор]

Дијаграм на местоположбата на Земјата во видливиот универзум и блиските суперјата на галаксии. (Кликнете тука за поголема слика.)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 R. Brent Tully; Helene Courtois; Yehuda Hoffman; Daniel Pomarède (2 септември 2014 г). The Laniakea supercluster of galaxies. „Nature“ том  513 (7516): 71. doi:10.1038/nature13674. Bibcode2014Natur.513...71T. 
  2. Postman, M.; Geller, M. J.; Huchra, J. P. (1988 г). The dynamics of the Corona Borealis supercluster. „Astronomical Journal“ том  95: 267–83. doi:10.1086/114635. Bibcode1988AJ.....95..267P.