Џуџеста сфероидна галаксија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
NGC 147, џуџеста сфероидна галакија, припадник на Месната Група

Џуџеста сфероидна галаксија (dSph) — поим во астрономијата наменет за слабосјајните галаксии кои се придружници на Млечен Пат и сличните системи кои се придружници на на галаксијата Андромеда (M31). Иако слични на џуџестите елиптични галаксии по изглед и својства, при што има отсуство на гас или прашина или неодамнешна ѕвездообразба, тие се приближно сфероидни, со мала сјајност, и се сметаат само како придружни галаксии во Месната Група.[1]

До 2005 година биле забележани само девет „класични“ dSph галаксии, Слоунскиот дигитален преглед на небото довел до откривање на уште 11 нови dSph галаксии, со ова радикално се изменило разбирањето за галаксиите со што се обезбедил поголем примерок за испитување на овој тип на галаксии.[2]

Неодамна, зголемувачкиот напплив на докази навел дека поголемиот дел од џуџестите елиптични галаксии имаат својства кои не се нималку слични на елиптичните галаксии, но се многу послични со неправилните и подоцнежните видови на спирални галаксии, овој поим се користи за сите галаксии кои ги споделуваат споменатите својства споменати погоре. Овие видови на галаксии можно е да се најчестите во универзумот, но се многу потешки за набљудување поради нивната многу слаба сјајност.

Поради слабосјајноста џуџестите сфероидни галаксии и природата на ѕвездите кои ги образуваат се содржани во нив, некои астрономи претпоставуваат дека џуџестите сфероидни галаксии и збиените ѕвездени јата не можат јасно да се издвојат едно од друго.[3] Другите неодамнешни проучувања, сепак, забележале разлика во вкупната маса добиена преку движењата на ѕвездите во џуџестите сфероиди е многупати поголема од масата која ја поседуваат самите ѕвезди. Во моментално прифатениот Ламбда-ЛТМ модел, ова се смета сека е сигурен знак за присуството на темната материја, и токму ова присуство на темната материја начесто се наведува како причина за класификацијата на џуџестите сфероидни галаксии како различни објекти од збиените ѕвездени јата. Поради огромните количини на темна материја во овие објекти, може да се наречат „галаксии со најголемо присуство на темна материја“ [4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Mashchenko, Sergey; Sills, Alison; Couchman, H. M. (March 2006), "Constraining Global Properties of the Draco Dwarf Spheroidal Galaxy", The Astrophysical Journal 640 (1): 252–269, Bibcode:2006ApJ...640..252M, arXiv:astro-ph/0511567, doi:10.1086/499940 
  2. Simon, Josh; Geha, Marla (November 2007), "The Kinematics of the Ultra-faint Milky Way Satellites: Solving the Missing Satellite Problem", The Astrophysical Journal 670 (1): 313–331, Bibcode:2007ApJ...670..313S, arXiv:0706.0516, doi:10.1086/521816 
  3. van den Bergh, Sidney (November 2007), "Globular Clusters and Dwarf Spheroidal Galaxies", MNRAS (Letters), in press 385 (1): L20, Bibcode:2008MNRAS.385L..20V, arXiv:0711.4795, doi:10.1111/j.1745-3933.2008.00424.x 
  4. Strigari, Louie; Koushiappas; Bullock, James S.; Kaplinghat, Manoj; Simon, Joshua D.; Geha, Marla; Willman, Beth и др. (September 2007), "The Most Dark Matter Dominated Galaxies: Predicted Gamma-ray Signals from the Faintest Milky Way Dwarfs", The Astrophysical Journal 678 (2): 614, Bibcode:2008ApJ...678..614S, arXiv:0709.1510, doi:10.1086/529488  [[Category:]]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]