Џуџеста елиптична галаксија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Месје 110 — џуџеста елиптична галаксија

Џуџеста елиптична галаксија, (dE) — елиптична галаксија која е многу помала од останатите елиптични галаксии. Тие се класифицирани како dE, и се доста чести во галактичките групирања и јата, и се најчесто придружници на другите галаксии.

Примери[уреди | уреди извор]

Една од најблиските џуџести елиптични галаксии (dE) е М 32, придружна галаксија на Андромеда. Во 1944 година Валтер Баде ги забележал џуџестите галаксии NGC 147 и NGC 185 како членови на Месната Група при што ги набљудувал и поединечните ѕвезди. Поединечните ѕвезди во NGC 147 и NGC 185 било само можно бидејќи овие dE асе мошне близу до Земјата. Во 1950-тите, dE галаксиите биле забележаи во близина на јатата во Печка и Девица.[1]

Споредба со џиновските елиптични галаксии[уреди | уреди извор]

Џуџестите елиптични галаксии поседуваат сина апсолутна светлиснска величина во интервалот од -18 < M < -14, потемни се од џиновските елиптични галаксии. Додека пак површинските светлински профили на џиновски елиптични галаксии од де Вокулеровиот закон, dE галаксиите имаат експоненцијално намалување на површинската сјајност. Но, двата видови можат подобро да се објасанат со употреба на поопшт закон, Серсиковиот закон, и постои непрекинатост во Серсаковиот показател како функција од сјајноста,[2] што наведува дека џуџестите и џиновските елиптични галаксии припаѓаат на единечна низа. Сепак потемните налик елиптични галаксии, кои се наречени џуџести сфероидни галаксии и ситите се целосно поразлични.

Две претпоставки за потеклото[уреди | уреди извор]

Џуџестите елиптични галаксии се стари објекти. Во сегашниот прифатен космолошки Ламбда-ЛТМ модел, малите објекти (кои се состојат од темна матеија и гас) се првите објекти кои се создаваат. Поради нивното меѓусебно гравитациско привлекување, некои до нив ќе се спојат, со што се создаваат поголеми објекти. FА понатамошните спојувања создаваат уште поголеми објекти.

Процесот на соединувањето се смета дека води кон постоечките денешни галаксии, и ситото се нарекува „хиерархиско спојување“. Ако оваа претпоставка е точна, џуџестите галаксии можно е да се градежните делови на денешните џиновски галаксии.

Поинаквите размислувања[3] се дека всушност dE се остатоци од помалку масивните спирални галаксии кои добиваат кружен облик низ повторувачкото гравитациско заемодејство со џиновските галаксии во јатото. Овој процес на менување на галактичката морфологија преку заемодејството се нарекува „галактички канибализам“. Доказите за оваа подоцнежна претпоставка се најдени во обликот кои го поседуваат ѕвездените дискови и спиралните краци кај спирални галаксии. Според оваа поинаква претпоставка дисковите и краците се изменета верзија на првичниот ѕвезден диск на преобразените спирални галаксии, и сличноста, мали остатоци од дискови и краци кај канибализираните dE галаксии.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]