Галактичка група

Од Википедија — слободната енциклопедија
Четири од седумте члена на галактичката група HCG 16[1]

Галактичка група[2] или група галаксии[3] — збир од галаксии сочинет од 50 или помалку гравитациски врзани членови, секој од нив со сјајност еднаква или поголема од онаа на Млечниот Пат (околу 1010 пати посјајна од Сонцето); збировите од галаксии поголеми од групи кои се во првореден рој се нарекуваат галактички јата.[4] Групите и јатата на галаксии можат да се здружени во суперјата од галаксии.

Млечниот Пат (нашата галаксија) е дел од галактичката група наречена Месната Група.[5]

Особености[уреди | уреди извор]

Групите се најмалите збирови од галаксии. Обично содржат не повеќе од 50 галаксии во пречник од 1 до 2 мегапарсеци. Имаат маса од околу 1013 Сончеви маси. Распределбата на брзини за поединечните галаксии изнесува околу 150 км/с. Меѓутоа, оваа дефиниција е општ показател, бидејќи има поголеми и помасивни галактички системи кои некогаш се класификуваат како галактички групи.[6]

Групите се најзастапените структури на галаксии во вселената, опфаќајќи барем 50 % од галаксиите во видливата вселена. По маса се некаде меѓу многу големите елиптични галакасии и галактичките јата.[7] Во видливата вселена, половина од групите имаат расеани рендгенски зрачења кои доаѓаат од нивната внатрејатна средина. Ваквите групи во себе опфаќаат членови од ран тип. Расеаното зрачење доаѓа од подрачја во внатрешните 10–50 % од виријалниот полупречник на групите, обично во размер од 50–500 килопарсеци.[8]

Видови[уреди | уреди извор]

Постојат неколку видови на галактички групи.

Компактни групи[уреди | уреди извор]

Една компактна група е сочинета од мал број галаксии (обично околу пет) блиски една со друга и релативно изолирани од другите галаксии и образби.[9] Првата откриена компактна група е Стефановиот Квинтет, најдена во 1877 г.[10] Таа се состои од четири галаксии и една неврзана галаксија пред нив.[9] Астрономот Пол Хиксон во 1982 г. изработил каталог на вакви групи наречен „Хиксонова компактна група“.[11]

Кај копактните галактички групи лесно се забележува дејството на темната материја, бидејќи видливата маса е значително помала од онаа потребна за галаксиите да се држат во една група. Овие групи исто така не се динамички стабилни со текот на Хабловото време, со тоа покажувајќи дека галаксиите се развиваат со спојување во временски рамки на староста на вселената.[9]

Фосилни групи[уреди | уреди извор]

Фосилните групи (или фосилни јата) се конечниот производ на спојувањето на галаксии во една нормална галактичка група, оставајќи зад себе рендгенски ореол од групата-предок. Галскиите во групата заемодејствуваат и се спојуваат. Физичкиот процес зад ова спојување е динамичко триење. Временските размери за динамичко триење на сјајни (или L*) галаксии укажуваат на тоа дека фосилните групи се стари непореметени системи немале значајни упади на L*-галаксии откако почнале да колабираат. Затоа, фосилните групи се важни лаборатории за изучувањето на образувањето и развојот на галаксиите и внатрегрупната средина во изолиран систем. ФОсилните групи може сè уште да содржат неспоени џуџести галаксии, но помасивните членови на гупата се згуснале во средишната галаксија.[8][9] Оваа хипотеза е поддржана со изучувањето на сметачки симулации на космолошки зафатнини.[12]

Најблиската фосилна гупа до Млечниот Пат е NGC 6482елиптична галаксија на растојание од околу 180 милиони светлосни години сместена во соѕвездието Херкулес.[13]

Протогрупи[уреди | уреди извор]

Протогрупи се групи во фаза на образување и се помал облик на протојата.[14] Содржат галаксии и протогалаксии вгнездени во темноматериски ореоли кои се во процес на сраснување во групни образби од единечни темноматериски ореоли.[15]

Позначајни групи[уреди | уреди извор]

Некои позначајни групи
Група Белешки
Месна Група Групата во која се наоѓа Млечниот Пат, а со тоа и Земјата
Стефанов Квинтет Една од најфотогеничните групи
Робертов Квартет Друга мошне значајна група
Куршум Оваа група во спојување покажува одвојување на темната материја од нормалната
Ова е скратен список на позначајните галактички групи.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Hubble views a bizarre cosmic quartet“. Посетено на 19 јуни 2015.
  2. Bärbel Koribalski (2004). „The NGC 6221/15 Galaxy Group“.
  3. Hartmut Frommert; Christine Kronberg. „Groups and Clusters of Galaxies with Messier objects“. SEDS. Занемарен непознатиот параметар |name-list-style= (help)
  4. Sparke, L. S.; Gallagher, J. S. (2007). Galaxies in the Universe: an Introduction (2nd. изд.). Cambridge University Press. стр. 278. ISBN 9780521671866. Занемарен непознатиот параметар |name-list-style= (help)
  5. Mike Irwin. „The Local Group“. Посетено на 7 ноември 2009.
  6. UTK Physics Dept. „Groups of Galaxies“. University of Tennessee, Knoville. Посетено на 27 септември 2012.
  7. Muñoz, R. P.; Motta, V.; Verdugo, T.; Garrido, F.; и др. (11 декември 2012). „Dynamical analysis of strong-lensing galaxy groups at intermediate redshift“. Astronomy & Astrophysics (објав. април 2013). 552: 18. arXiv:1212.2624. Bibcode:2013A&A...552A..80M. doi:10.1051/0004-6361/201118513. S2CID 17865754. A80.
  8. 8,0 8,1 Mulchaey, John S. (22 септември 2000). „X-ray Properties of Groups of Galaxies“. Annual Review of Astronomy and Astrophysics (објав. 2000). 38: 289–335. arXiv:astro-ph/0009379. Bibcode:2000ARA&A..38..289M. doi:10.1146/annurev.astro.38.1.289. S2CID 1427929.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 Paul Hickson (1997). „Compact Groups of Galaxies“. Annual Review of Astronomy and Astrophysics. 35: 357–388. arXiv:astro-ph/9710289. Bibcode:1997ARA&A..35..357H. doi:10.1146/annurev.astro.35.1.357. S2CID 18870169.
  10. M. Stephan (April 1877). „Nebulæ (new) discovered and observed at the observatory of Marseilles, 1876 and 1877, M. Stephan“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 37 (6): 334. Bibcode:1877MNRAS..37..334S. doi:10.1093/mnras/37.6.334.
  11. Hickson, Paul (April 1982). „Systematic properties of compact groups of galaxies“. Astrophysical Journal, Part 1. 255: 382–391. Bibcode:1982ApJ...255..382H. doi:10.1086/159838.
  12. Dependency of halo concentration on mass, redshift and fossilness in Magneticum hydrodynamic simulations
  13. An old galaxy group: Chandra X-ray observations of the nearby fossil group NGC 6482
  14. Yujin Yang (2008). Testing Both Modes of Galaxy Formation: A Closer Look at Galaxy Mergers and Gas Accretion. University of Arizona. стр. 205. ISBN 9780549692300.
  15. C. Diener; S. J. Lilly; C. Knobel; G. Zamorani; и др. (9 October 2012). „Proto-groups at 1.8<z<3 in the zCOSMOS-deep sample“. The Astrophysical Journal (објав. March 2013). 765 (2): 11. arXiv:1210.2723. Bibcode:2013ApJ...765..109D. doi:10.1088/0004-637X/765/2/109. S2CID 17700696. 109.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)