Џуџеста спирална галаксија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
NGC 5474 џуџеста спирална галаксија

Џуџеста спирална галаксија — џуџеста верзија на спирална галаксија. Џуџестите галаксии се карактеризирани со тоа што поседуваат мали сјајности, мали пречници (помали од 5 кпс), ниска површинска сјајност, и ниско ниво на водородни маси.[1] Овие галаксии може да се сметаат како подкласа на површинко слабосјајните галаксии.

Џуџестите спирални галаксии, особено нивните џуџести сродници видовите Sa-Sc спирални галаксии, се мошне ретки. За споредба, џуџестите елиптични галаксии, џуџестите неправилни галаксии, и џуџестите верзии на Магелановите спирални галаксии (кои моќе да се смеетата како преодни галаксии меѓу спиралните и неправилните галаксии во однос на морфологијата) се доста чести.[1]

Се претпоставува[2] дека џуџестите спирални галаксии може да се преобразат во џуџести елиптични галаксии, особено во густите јата.

Примери[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Повеќето забележани џуџести спирални галаксии се сместени надвор од јатата. Силните гравитациони заемодејства меѓу галаксиите и заемодејствата меѓу галаксиите и меѓујатниот гас се очекува дека ќе ги уништат дисковите на повеќето џуџести спирални галаксии.[1][3] Сепак, џуџестите галаксии со спирална структура се забележани во јатото Девица и во јатото Коса.[3][4][5][6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 J. M. Schombert, R. A. Pildis, J. A. Eder, A. Oelmer, Jr.. Dwarf Spirals. „Astronomical Journal“ том  110: 2067–2074. doi:10.1086/117669. Bibcode1995AJ....110.2067S. 
  2. Moore, B. et al. (1996), Galaxy harassment and the evolution of clusters of galaxies
  3. 3,0 3,1 A. W. Graham, H. Jerjen, R. Guzmán. Hubble Space Telescope Detection of Spiral Structure in Two Coma Cluster Dwarf Galaxies. „Astronomical Journal“ том  126 (4): 1787–1793. doi:10.1086/378166. Bibcode2003AJ....126.1787G. 
  4. H. Jerjen, A. Kalnajs, B. Binggeli. IC3328: A "dwarf elliptical galaxy" with spiral structure. „Astronomy and Astrophysics“ том  358: 845–849. Bibcode2000A&A...358..845J. 
  5. F. D. Barazza, B. Binggeli, H. Jerjen. More evidence for hidden spiral and bar features in bright early-type dwarf galaxies. „Astronomy and Astrophysics“ том  391 (3): 823–831. doi:10.1051/0004-6361:20020875. Bibcode2002A&A...391..823B. 
  6. T. Lisker, E. K. Grebel, B. Binggeli. Virgo Cluster Early-Type Dwarf Galaxies with the Sloan Digital Sky Survey. I. On the Possible Disk Nature of Bright Early-Type Dwarfs. „Astronomical Journal“ том  132 (2): 497–513. doi:10.1086/505045. Bibcode2006AJ....132..497L.