Прејди на содржината

Положбен агол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Илустрација којашто покажува како се проценува големината на положбениот агол со помош на телескопска леќа, шри што примарната ѕвезда се наоѓа во средина.

Положбен агол (крат. PA, ПА) е мерка изведена при набљудувањето на визуелни двојни ѕвезди. Се дефинира како аголното отстапување на споредната ѕвезда од главната, во однос на северниот небесен пол (НСП). Се изразува во степени.[1]

При претставувањето на орбитите на визуелните двојки, линијата на положбениот агол по обичај се исцртува надолу, т.е. со северот долу. Положбениот агол се мери налево, од 0 до 359 степени.

Аголот на сопствено движење понекогаш се нарекува положбен агол.

Ваквиот агол напати важи и за пространи објекти како галаксии, каде го означува аголот помеѓу главната оска на објектот со линијата на просторниот агол.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. D. Scott Birney, Guillermo Gonzalez, David Oesper (2007). Observational Astronomy. Cambridge University Press. стр. 75. ISBN 0-521-85370-2.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]