Шестар (галаксија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Шестар
142 circinus galaxy.png
Галаксијата сликана од вселенскиот телескоп „Хабл“
Податоци од набљудување (епоха J2000)
СоѕвездиеШестар
Ректасцензија14ч 13м &100000000000000990000009,9с[1]
Деклинација−65° 20′ &1000000000000002100000021″[1]
Црв. помест.426 ± 25 км/с
Оддалеченост4,0 Мпс (13 Мсг)
Привидна величина (V)12,1[1]
Особености
ТипSA(s)b[1]
Привидна големина (V)6′,9 × 3′,0[1]
Други ознаки
ESO 97-G13,[1] LEDA 50779

Шестар (ESO 97-G13) — Сејфертова галаксија[2] во соѕвездието Шестар. Сместена е 4 степени под галактичката рамнина, на оддалеченост од 4,0 Мпс (13 Мсг). Се вбројува меѓу најблиските поважни галаксии до Млечниот Пат.[3] Галаксијата претрпува бурни промени и веројатно исфрла гасовити прстени. Најнадворешниот прстен има пречник од 1400 светлосни години, а највнатрешниот има 260. Иако може да се види со мал телескоп, галаксијата за првпат е забележана дури во 1977 г.[4] бидејќи лежи близу до рамнината на Млечниот Пат, затскриена од галактичка прашина. Шестар е Сејфертова галаксија од типот II и е една од најблиските познати активни галаксии до Млечниот Пат, иако веројатно е малку подалеку од Кентаур A.

Галаксијата ја произвела суперновата SN 1996cr, утврдена една деценија по нејзината експлозија. Првпат е забележана во 2001 г. како сјајно променливо тело на слика од вселенскиот рендгенски телескоп „Чандра“, но потврдена како супернова неколку години подоцна.

Шеста е една од дванаесетте големи галаксии наречени „совет на џинови“ кои ја опкружуваат Месната Група во Месниот Лист.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „NASA/IPAC Extragalactic Database“. Results for ESO 97-13. Посетено на 2007-04-20.
  2. „NAME Circinus Galaxy“. SIMBAD. Центар за астрономски податоци во Стразбур. (англиски)
  3. Maiolino, R.; Krabbe, A.; Thatte, N.; Genzel, R. (1998). „Seyfert Activity and Nuclear Star Formation in the Circinus Galaxy“. The Astrophysical Journal. 493 (2): 650–65. arXiv:astro-ph/9709091. Bibcode:1998ApJ...493..650M. doi:10.1086/305150.
  4. Inglis, Mike (2004). Astronomy of the Milky Way: Observer's Guide to the Southern Sky. New York, New York: Springer. стр. 31. ISBN 978-1-85233-742-1.
  5. McCall, Marshall L. (29 April 2013). „A Council of Giants“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society (објав. 10 March 2014). 440 (1): 405–426. arXiv:1403.3667. Bibcode:2014MNRAS.440..405M. doi:10.1093/mnras/stu199.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: Ѕвездена карта &1000000000000001400000014ч &1000000000000001300000013м &100000000000000990000009,9с, −&1000000000000006500000065° &1000000000000002000000020′ &1000000000000002100000021″