Шестар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Типови на шестар
Господ го создава светот со помош на шестар

Шестарот е помошен алат за цртање (конструирање) на кружница со даден радиус околу дадена точка или дел од кружен исечок. Исто така може да се користи и во навигацијата за пренесување на растојанија на мапи.


Шестарот е составен од два крака од кои едниот завршува со игла а другиот служи за пишување. вообичаено е кракот што служи за пишување да биде графит, иако често е и перо со туш. По мерењето на дадениот радиус иглата се поставува во дадената точка којашто е центар на кружницата и со средството за пишување се исцртува кружницата.

Денес е вообичаено со шестар да се пренесува растојанието меѓу две точки, иако во античко време се сметало дека ако се подигне иглата, тој момент се губи величината на радиусот.