Полупречник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Полупречник (радиус) на кружница

Полупречник (или радиус) на еден круг, кружница или сфераотсечка која се протега од нејзиниот центар до нејзиниот раб. Радиусот на една кружница или сфера е должината на таа отсечка. Тој претставува половина пречник (дијаметар).[1][2]


  • Еден круг (кружница, сфера) има безброј многу отсечки-полупречници, но сите ја имаат истата должина!
  • Таа должина исто така се вика полупречник. (По дефиниција, кружница е множеството на сите точки кои се со истото растојание R од една точка, т.е. центарот.)
  • Физичка величина за полупречник е должина.
  • За означување на полупречникот на една кружница или сфера се користи буквата R или r или самото растојание.
Circle radius w.svg
Разни означувањa на полупречник на кружницата со соодветен периметар


Соодносот помеѓу полупречникот R и пречникот D на една кружница е

    или    

Соодносот помеѓу полупречникот R и периметарот L на една кружница е

  или   

Соодносот помеѓу полупречникот R и плоштината P на една кружница е

  или  

Обопштување[уреди | уреди извор]

Повоопштено, во геометријата, инженерството, теоријата на графови и многу други случаи, полупречникот на нешто (на пр. цилиндар, многуаголник, граф или пак механички дел) е растојанието од неговиот центар или оска на симетрија до неговиот раб. Во овој случај, радиоусот може да изнесува повеќе од половина пречник.

Други формули со полупречник[уреди | уреди извор]

  • За прeсметување на полупречникот на една кружница која поминува низ три точки , може да се примени следнава формула:
  каде     е аголот     и     e должината на тетивата AC.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. San Diego State University (2004). „Curves, Polygons and Circles“. Oxford University Press. http://www-rohan.sdsu.edu/~pwbrock/files/UNIT9.2.pdf.  (англиски)
  2. Math Open Reference. „Radius of a Circle“. http://www.mathopenref.com/radius.html.  (англиски) интерактивен

Поврзано[уреди | уреди извор]


Надворешни линкови[уреди | уреди извор]