Периметар

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Во геометрија, периметар е вкупното растојание околу даден многуаголник или друга затворена дводимензионална фигура како круг или елипса или некоја нивна проста комбинација (без внатрешни „дупки“). Зборот периметар е со старогрчко потекло и значи „обиколна мерка“.[1][2][3]

  • Периметар се означува со буквата L.
  • Физичка величина за периметар е должина, т.е. се мери со мерки како што се метри m, километри km, сантиметар cm, инчи, мили итн.


Формули[уреди]

Периметар на ΔABC e: L=a+b+c

По правило, периметарот на многуаголник се пресметува со собирање на должините на сите страни на многуаголникот.

Триаголник 3 страни = a, b и c L = a+b+c
Квадрат, Ромб 4 страна = a L = 4a
Правоаголник, Паралелограм, Делтоид 4 страни = a и b L = 2(a+b)
Трапез, Трапезоид 4 страни = a, b, c и d L = a+b+c+d
Правилен многуаголник n страни = a L = na
Круг радиус = R L =2 R \pi

Забелешка: периметар на круг, т.е. должина на кружица се вика и обем.


Практична примена[уреди]

Периметарот и плоштината играат голема улога во денешниот свет и нивно пресметување се смета за неопходна вештина. [4]


Пример: Периметарот на правоаголна површина со страни a=3m и b=5m е: L = 2(a+b) = 2(3m+5m)=2 \cdot 8m = 16m

Пример: Square half-circle.png L=3a+\tfrac{1}{2}(2 r \pi)=3 \cdot 4+ 2 \pi \approx 18,28
Квадрат + полукруг


Литература[уреди]

  1. San Diego State University (2004). „Perimeter, Area and Circumference“. Oxford University Press. http://www-rohan.sdsu.edu/~pwbrock/files/UNIT9.3.pdf.  (англиски)
  2. C.Clapham, J.Nicholson (2009). „Oxford Concise Dictionary of Mathematics“. Addison-Wesley. http://web.cortland.edu/matresearch/OxfordDictionaryMathematics.pdf.  стр.597 (англиски)
  3. Math Open Reference. „Perimeter of a Polygon“. http://www.mathopenref.com/polygonperimeter.html.  (англиски) интерактивен
  4. http://bro.gov.mk/docs/ispitni_programi/Matematika.pdf, стр.6


Поврзани теми[уреди]


Надворешни линкови[уреди]