Ѕвезден систем

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

За системот на планети околу ѕвездите, видете Планетарен систем

Ѕвезден систем се сметаат мал број на ѕвезди кои орбитираат една околу друга,[1] зафатени од привлечноста на гравитацијата. Многу поголем број на ѕвезди фатени од гравитацијата се нарекуваат ѕвездено јато или галаксија, иако и тие се еден вид ѕвездени системи. Ѕвезден систем понекогаш се користи за да се означи систем на една ѕвезда со нејзиниот планетарен систем односно помали небесни тела кои орбитираат околу неа.[2][3]

Двоен ѕвезден систем[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Двојна ѕвезда.

Ѕвезден систем на две ѕвезди се нарекува „двојна ѕвезда“, „двоен ѕвезден систем“ или „физичка двојна ѕвезда“ (во странска литература се води како „бинарна“). Ако не постојат ефекти на плима, ниту пертурбации од други сили, и ако не постои трансфер на маса од една ѕвезда на друга, таквиот систем се нарекува стабилен, и двете ѕвезди ќе оцртуваат елиптична орбита околу центарот на масата на системот.

Примери на двојни системи се Сириус, Procyon и Cygnus X-1, од кои последната најверојатно е составена од ѕвезда и црна дупка.

Повеќеѕвезден систем[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Повеќеѕвезден систем.

Повеќеѕвезден систем е систем на повеќе од две ѕвезди.[4][5] Повеќеѕвездените системи можат да бидат тројни доколку содржат три ѕвезди; quadruple или quaternary ако содржи четири ѕвезди; quintuple со пет ѕвезди; sextuple со шест ѕвезди; septuple со седум ѕвезди; и така натаму.

Види исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  1. "Star system" in Modern Dictionary of Astronomy and Space Technology. A.S. Bhatia, ed. New Delhi: Deep & Deep Publications, 2005. ISBN 81-7629-741-0
  2. Astronomers discover a nearby star system just like our own Solar System, Joint Astronomy Centre, press release, July 8, 1998. Accessed on line September 23, 2007.
  3. Life unlikely in asteroid-ridden star system, Maggie McKee, NewScientist.com news service, July 7, 2004. Accessed on line September 23, 2007.
  4. p. 16, Understanding Variable Stars, John R. Percy, Cambridge: Cambridge University Press, 2007, ISBN 0-521-23253-8.
  5. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име tokc.

Надворешни врски[уреди]