Уметнички приказ на магнетар со линиите на магнетното поле
Магнетар е неутронска ѕвезда со екстремно моќно магнетно поле, чии сили се распаѓаат и емитуваат изобилно количество на високо-енергетска електромагнетна радијација, делумно рендгенски зраци и гама зраци.[1] Теоријата во врска со овие небесни тела била предложена од физичарот Роберт Данкан и Кристофер Томпсон во 1992 година, а првата забележана експлозија на гама зраци за која се смета дека доаѓа од магнетар е на 5 март 1979 година.[2] Во текот на наредната декада, хипотезата за магнетарите била нашироко прифатена.