Зрачен слој

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Зрачен слој (радијативна зона) — слој од внатрешноста на една ѕвезда каде енергијата се пренесува кон кон надворешноста претежно со зрачно распрснување а со струење. Енергијата патува низ зрачниот слој во облик на електромагнетно зрачење како фотони. Во рамките на Сонцето, зрачниот слој е сместено во преодниот слој меѓу Сончевото јадро на 0,2 на сончевиот полупречник и надворешниот струевит слој на ,71 на полупречникот. Струевитиот и зрачниот слој се одделени со такохоклина, која е уште еден дел од Сонцето. Иако е помал дел, тој сепак постои. Материјата во зрачниот слој е толку густа, што фотоните патуваат само кратко растојание пред да бидат впиени или расфрлени од друга честичка, постепено менувајќи на поголеми бранови должини како нив. Поради оваа причина, потребни се просечно 171.000 години за гама-зраците од Сончевото јадро да го напуштат зрачниот слој. Преку оваа граница, температурата на плазмените капки од 15 милиони келвини блиску до јадрото снижувајќи се до 1,5 милиони келвини на основата на струевитиот слој. Во рамките на зрачниот слој, температурниот градиент — промената на температурата (Т), како функција на полупречник (r) - е зададена со:

Каде κ(r) е непроѕирноста, ρ(r) е густината на материјата, L(r) е сјајноста, и σ е Штефан–Болцмановата константа. Оттука, непроѕирноста и зрачниот тек, во рамките на даден слој на ѕвезда се важни одлучувачки чинители за тоа колку ќе биде делотворно зрачното распрснување при преносот на енергија. Високата непроѕирност или високата сјајност може да предизвикаат висок температурен градиент, што е резултат на слаб проток на енергија. Оние слоеви каде струењето е поделотворно од зрачното распрснување при пренос на енергија (а со тоа и создавајќи понизок температурен градиент) се претворааат во струевити слоеви. За главната низа на ѕвезди – оние ѕвезди кои создаваат енергија со термонуклеарната фузија од водород во јадрото, местоположбата на зрачниот слој зависи од масата на ѕвездата. Ѕвездите од Главната низа под околу 0,3 Сончеви маси се сосема струевити, односно тие немаат зрачен слој. Од 0,3 до 1,2 Сончеви маси, подрачјето околу ѕвезденото јадро е зрачен слој, одделен од покривниот струевит слој од тахоклината. Полупречникот на зрачниот слој расте монотоно со масата, а ѕвезди околу 1,2 Сончеви маси се скоро целосно зрачни. Преку 1,2 Сончеви маси, подрачјето на јадрото станува струевит слој и покривното подрачје е зрачниот слој, со количинска маса во рамките на струевитиот слој која расте со масата на ѕвездата.