Фотосфера

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Фотосфера — надворешната обвивка на Сонцето (или на друга ѕвезда) од која тоа зрачи светлина. Станува збор за првиот сончев слој кој се наоѓа на висина од 200 до 300 км и од оттука произлегува светлина која ја оддава Сонцето. Фотосферата е непроѕирна и поради тоа не можат да се забележат внатрешните слоеви на Сонцето.[1][2]

Ѕвездите како гасовити тела немаат јасно утврдена површина. Зрачењетo се оддава од различни висини на сончевата атмосфера во зависност од брановата должина на тоа зрачење. Фотосферата ја дефинираме како слој од кој се оддаваат снопови на фотони, чие присуство може да се утврди со инструмненти на Земјата, а воедно постојат различни видови на зрачења (различни бранови должини) кои делуваат во облик на инфрацрвена светлина, радиобранови, и тн.[2]

На фотосферата можат да се забележат дамки, факли и зрнеста структура на површината составена од гранули (со пречник поголем од стотина километри) која е во постојано движење (на површината избиваат поладни маси, а понираат потопли). Температурата се движи од 7000 °C во длабоките слоеви до 4000 °C во повисоките делови. По состав, фотосферата содржи преку 99% водород и хелиум.[1]

Делотворна температура[уреди | уреди извор]

Сонцето е одлична приближност за црно тело. Неговата делотворна температура е ~5777 K.

Температурата на површината на Сонцето се дефинира според делотворната температура во Штефан-Болцмановиот закон. Сончевата фотосфера има температура помеѓу 4.500 и 6.000 келвини[3] (делотворната температура е 5.777 келвини)[4] и густина околу 0,0002 кг/м3.[5] Во надворешните слоеви на сончевото јадро се јавува струење кое овозможува пренос на енергија при мешањето на гасовите. Жешките гасовити маси се креваат кон површината на Сонцето, односно кон фотосферата, во која тие постепено се ладат и оддаваат зрачење. Изладените и згуснати маси се враќаат назад во подлабоките слоеви на Сонцето. Овие гасовити маси уште се нарекуваат и струевити ќелии или гранули. Тие можат да бидат со различна големина. Според тоа, се делат на гранулации и супергранулации. Гранулациите и даваат зрнест изглед на фотосферата. Тие се со големина од 1000 км и траат околу 8 минути. Големината на супергранулациите е 30.000 км и тие траат околу 24 часа.[6] Помеѓу гранулите се забележуваат светли дамки и факули.

Останати слоеви[уреди | уреди извор]

Над фотосферата се наоѓа хромосферата, која е на растојание од околу 2000 км (и може да се забележи само со филтри), а над неа се наоѓа короната која е со помала густина и температура над 1.000.000 келвини.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Grupa autora, Mala enciklopedija Prosveta, Beograd, 1968
  2. 2,0 2,1 „Solar Photosphere“. U Encyclopedia of Astronomy & Astrophysics, Nature Publishing Group, 2001
  3. The Sun - Introduction
  4. World Book at NASA - Sun
  5. [1] "SP-402 A New Sun: The Solar Results From Skylab"
  6. „NASA/Marshall Solar Physics“. NASA. http://solarscience.msfc.nasa.gov/feature1.shtml. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]