Светлина

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Светлината (видлива светлина) претставува електромагнетно зрачење, чија бранова должина е видлива за човековото око. Начинот на кој зрачењето од овој дел од електромагнетниот спектар стапува во интеракцији со материјалите не се разликува по ништо во однос на ултравиолетовото здрачење.

Во поширока дефиниција, светлината е електромагнетно зрачење на било која бранова должина. Постојат 3 големини кои ја условуваат светлината:

  • Интензитет или замав (амплитуда), која најчесто е поврзана со човечката перцепција за јачина на светлината
  • Честота (фреквенција) или бранова должина, која луѓето ја забележуваат како боја на светлината
  • Поларизација или агол на треперење, која не е забележлива со човечките сетила при нормални околности.

Бидејќи светлината постои како двојност од бран и честичка, таа ги добива својствата и на бран и на честичка. Точната природа на светлината е едно од клучните прашања на кое се обидуваат да одговорат физичарите.

Брзина на светлината[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Брзина на светлината.

Брзината на светлината во вакуум изнесува точно 299.792.458 метри во секунда. Брзината е мерена многупати од многу научници. Едно од најраните мерења е извршено во Европа од страна на данскиот физичар Оле Ремер во 1676. Набљудувајќи го движењето на Јупитер и една од неговите месечини – Јо.

Првото успешно мерење на светлината го извршил (Иполит Физо) во 1849. Тој усмерил сноп светлина преку огледала поставени на растојание од неколку илјади метри. На патот на снопот поставил вртечко тркало. На определена брзина на вртење, зракот можел да помине низ дупчињата издлабени во тркалото, и да дојде до својата крајна цел. Знаејќи ја оддалеченоста помеѓу двете огледала, бројот на дупки на тркалото, и неговата брзина на вртењето, тој измерил брзина од 313.000 километри во секунда. Денешната прифатена брзина на светлината е измерена од страна на Алберт Мичелсон , кој преку низа опити од 1877 од 1926 користејќи вртечки огледала измерил дека светлината патува со 299.796 км/с.

Прекршување на светлината[уреди]

Светлината има конечна брзина, која во физиката се означува со c (c = 299.792.458 м/с) Кога светлината поминува од вакуум во друга средина на пример вода, воздух, стакло итн. Нејзината брзина се намалува. Овој процес се нарекува прекршување на светлината (рефракција). Намалувањето на брзината зависи директно од вискозноста на материјата. Ова се нарекува рефрактивен индекс означен како n. N се дефинира како:

 n = \frac{c}{v} \;\!

n=1 кога станува збор за вакуум или n>1 во материја.

Кога сноп светлина поминува од вакуум во материја, ја зачувува истата фреквенција но ја менува брановата должина. Рефракцијата на светлината која ја создаваат леќите, ја користи фокусираната светлина за да создаде зголемување а видливата материја. Овој ефект се користи кај очилата, микроскопите, телескопи итн.

Боја и бранова должина[уреди]

Различните бранови должини кои ги забележува човековото око, мозокот ги толкува како бои. Овој спектар се движи од црвена до виолетова боја. Фреквенциите кои постојат помеѓу овие два краја на видливиот спектар мозокот ги преведува како: портокалова, жолта, зелена и сина боја.

Брановите должини на електромагнетниот спектар кои се наоѓаат веднаш до крајните точки на видливиот спектар се нарекуваат ултравиолетова боја (УВ) и е со кратка бранова должина и висока фреквенција, и инфрацрвена светлина (ИЦ) со долга бранова должина и мала фреквенција. Некои животни како што се пчелите можат да го забележат УВ-зрачењето, додека некои други како на пример дел од змиите можат да забележат инфрацрвена светлина. УВ-зрачење во големи дози е штетна за човекот и долготрајно изложување може да предизвика изгореници на телото или рак на кожата.

Spectrum4websiteEval.png


Мерки за светлината[уреди]

Електромагнетен спектар[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Електромагнетен спектар.