Протопланетарна маглина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Протопланетарната маглина Вестбрук.

Протопланетарна маглина или претпланетарна маглина[1] (ППМ) — астрономски објект кој претставува краткотрајна фаза во развојот на една ѕвезда, помеѓу фазата на доцна асимптотична џиновска гранка (ДАЏГ)[а] и фазата на планетарна маглина (ПМ). ППМ има силно инфрацрвено зрачење и е еден вид на отсјајна маглина. Ова е претпоследна сјајна развојна фаза во животниот век на ѕвездите со средна маса (1-8 M).[2]

Развој[уреди | уреди извор]

Протопланетарната маглина IRAS 13208-6020 настаната од материјал исфрлен од средишна ѕвезда.

Почеток[уреди | уреди извор]

Во текот на фазата на доцна асимптотична џиновска гранка (ДАЏГ)[а], кога губитокот на маса ќе ја сведе водородната облога на околу 10−2 M (за јадрена маса од 0,60 Сончеви маси M), ѕвездата почнува да се развива кон сината страна на Херцшпрунг–Раселовиот дијаграм. Кога водородната облога ќе се снижи до 10−3 M, ѕвездата повеќе не може да губи на маса; тогаш нејзината делотворна температура T* изнесува околу 5.000 K и преминува од ДАЏГ во ППМ.[3]

Протопланетарна маглина[уреди | уреди извор]

Протопланетарната маглина IRAS 20068+4051 снимена со вселенскиот телескоп „Хабл“.

Претпорајќи се во ППМ, делотворната температура на средишната ѕвезда продолжува да се накачува како последица од горењето на водородот на облогата. Во оваа фаза, средишната ѕвезда не е доволно топла за да го јонизира бавната околуѕвездена обвивка исфрлена во минатата фаза. Меѓутоа, ѕвездата сепак дава големобрзински сосредоточени ветришта кои ја обликуваат и удираат оваа обвивка и предизвикуваат бавните исфрлоци од АЏГ да направат брз молекуларен ветер. Проучувајќи ги високоразделните слики напревени од 1998 до 2001 г. покажано дека брзоразвојната фаза на ППМ на крајот ја обликува морфологијата на понатамошната планетарна маглина. Во даден миг, обвивката го менува обликот од сферно симетричен во осно симетричен. Произлезените морфологии се двополни јазлести млазови и Хербиг-Ароови „сводни удари“. Ваквите облици се јавуваат дури и кај релативно младите ППМ.[4]

Крај[уреди | уреди извор]

Фазата на ППМ трае сè додека средишната ѕвезда не достигне 30.000 K и стане доволно врела (има достатно ултравиолетово зрачење) да ја јонизира околуѕвездената маглина (т.е. исфрлените гасови) за да стане своевидна оддавна маглина, наречена планетарна маглина. Оваа промена мора да се случи најдоцна во рок од 10.000 години; во спротивно, густината на околуѕвездена обвивка паѓа под 100 на кубен сантиметар потребен за создавање на планетарна маглина; ваквиот случај понекогаш се нарекува „мрзлива планетарна маглина“.[5]

Скорешни претпоставки[уреди | уреди извор]

Меѓуѕвездена пеперутка — протопланетарната маглина Робертс 22 [6]

Во 2001 г. е утврдено дека моделот „заемоделувачки ѕвездени маглини“ на зрачно-придвижени ветришта е недоволен за да ги објасни нивните набљудувања на брзите ветришта од ППМ, што подразбира голем залет и енергија нескладен со тој модел. Ова ги поттикнало теоретичарите да истражат дали не се работи за сценарио како она кај насобирачкиот диск (кое важи за млазовите од активните галактички јадра и младите ѕвезди), што би ги објаснило и точкестата симетрија и високиот степен на сосредоточување кај млазови од ППМ. СО ваквиот модел, насобирачкиот диск се образува преку двоични заемодејства. Магнетоцентрифугалното испуштање од површината на дискот тогаш би претстаувало начин на претворање на гравитациската енергија во кинетичка, т.е. брз ветер. Доколку овој модел е исправен, и магнетохромодинамиката (МХД) ја определува енергетиката и сосредоточувањето на истеците од ППМ, тогаш истата ја определува и физиката кај ударите на овие текови; ова може да се потврди со високоразделни слики од оддавните подрачја што ги придружуваат ударите.[7]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. ^ Доцната асимптотска џиновска гранка почнува од точката на асимптотската џиновска гранка (АЏГ) кога една ѕвезда повеќе не е забележлива во видлива светлина и станува инфрацрвен објекти. (Volk & Kwok 1989)

Белешки[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]