Мортонов бран

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Мортонов бран, Мортон-Ремзиев бран или Сончево Цунами е огромен хромосферски ударен бран врз сончевата корона. Тие се опишуваат како еден вид на сончевоцунами“,[1] и се предизвикани од сончеви блесоци. Овој ударен бран е наречен по американскиот астроном Гејл Мортон, кој работел во Сончевата Опсерваторија Локхид во Бурбенк, и Хари Е. Ремзи, кои го забележале во 1959 година во опсерваторијата Сакраменто Пик.[2][3][4] Тој ги открил на тајм-лапс фотографија на хромосферата за време на Балмер алфа преминот..

Следеле студии кои траеле со децении. Потоа, со лансирањето на Сончевата и Хелиосферската опсерваторија во 1995 година почнале да се набљудуваат короналните бранови, кои се причината за појава на Мортонови бранови. Мортоновите бранови повторно станале подрачје на научно истражување. (Инструментот ЕИТ на СОХО открил друг, различен тип на бранови наречени „ЕИТ бранови“.)[5] Постоењето на Мортоновите бранови (наречени и брзи МХД бранови) била потврдена и од двете вселенски летала СТЕРЕО. Тие забележале 100.000 километри висок бран од жешка плазма и магнетизам, кој се движел со брзина од 250 km/s, заедно со големо коронално исфрлање на маса во февруари 2009 година.[6] [7]

Сончево цунами

Мортон измерил дека брановите се шират со брзина од 500 од1500 km/s.[6] Јутака Учида Мортоновите бранови ги сметал како брзи МХД ударни бранови кои се шират во короната.[8] Тој ги поврзува со тип II радио експлозиите, кои се празнења на радио бранови кои се создаваат при забрзување на ударите наво текот исфрлањата на короналната маса. [9]

Мортоновите бранови најчесто може да се забележат Х-алфа зоната. [10]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Phillips, Tony (November 24, 2009). „Monster Waves on the Sun are Real“. NASA. Посетено на 16 July 2010.
  2. Moreton, G. E. (1960). „Hα Observations of Flare-Initiated Disturbances with Velocities ~1000 km/sec“. Astronomical Journal. 65: 494. Bibcode:1960AJ.....65U.494M. doi:10.1086/108346.
  3. Moreton, G. E.; Ramsey, H. E. (1960). „Recent Observations of Dynamical Phenomena Associated with Solar Flares“. Publications of the Astronomical Society of the Pacific. 72 (428): 357. Bibcode:1960PASP...72..357M. doi:10.1086/127549.
  4. Athay, R. Grant; Moreton, Gail E. (1961). „Impulsive Phenomena of the Solar Atmosphere. I. Some Optical Events Associated with Flares Showing Explosive Phase“. Astrophysical Journal. 133: 935. Bibcode:1961ApJ...133..935A. doi:10.1086/147098.
  5. Thompson, B.; Plunkett, S. P.; Gurman, J. B.; Newmark, J.S.; St. Cyr, O.C.; Michels, D.J. (1998). „SOHO/EIT observations of an Earth-directed coronal mass ejection on May 12, 1997“. Geophysical Research Letters. 25 (14): 2465–2468. Bibcode:1998GeoRL..25.2465T. doi:10.1029/98GL50429.
  6. 6,0 6,1 Atkins, William (26 November 2009). „STEREO spacecraft finds gigantic tsunami on Sun“. iTWire. Посетено на 16 July 2010.
  7. JPL/NASA (November 19, 2009). „Mystery of the Solar Tsunami -- Solved“. PhysOrg.com. Посетено на 16 July 2010.
  8. Sakurai, Takashi (3 September 2002). „SolarNews Newsletter“. Solar Physics Division, American Astronomical Society. Архивирано од изворникот на 27 August 2011. Посетено на 15 June 2011.
  9. Layton, Laura (May 15, 2009). „STEREO Spies First Major Activity of Solar Cycle 24“. NASA. Посетено на 15 June 2011.
  10. Narukage, N.; Eto, Shigeru; Kadota, Miwako; Kitai, Reizaburo; Kurokawa, Hiroki; Shibata, Kazunari (2004). „Moreton waves observed at Hida Observatory“. Proceedings IAU Symposium. 2004 (223): 367–370. Bibcode:2004IAUS..223..367N. doi:10.1017/S1743921304006143.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]