Фотосферата, која е најнизок и најстуден слој на атмосферата е обично единствениот видлив дел.[1]Светлината која ја напушта површината на ѕвездата главно доаѓа од овој слој и поминува низ повисоките слоеви. Фотосферата на Сонцето има температура од околу 5.770 К до 5.780 К.[2][3]Ѕвездените дамки се студени региони со нарушено магнетично поле кои се на површината на фотосферата.[3]
Над фотосферата се наоѓа хромосферата. Овој дел од атмосферата првично се лади и подоцна се загрева 10 пати повеќе отколку температурата на фотосферата.
Над хромосферата се наоѓа преодна област, каде температурата расте брзо на растојание од 100 км.[4]
Најдалечниот дел од ѕвездената атмосфера е короната, бледа плазма која има температура над еден милион келвини.[5] Додека повеќето ѕвезди на главната низа имаат преодни области и корони, ова не е случајот со сите развиени ѕвезди. Можно е само некои џиновски ѕвезди и суперџиновски ѕвезди да поседуваат корони. Еден нерешен проблем во ѕвездената астрофизика е како короната може да се загрева на толку високи температури. Одговорот се наоѓа во магнетните полиња, но механизмот и начинот не се познати.[6]
За време на целосно затемнување на Сонцето фотосферата на Сонцето е прикриена, покажувајќи ги останатите слоеви на атмосферата.[1] За време на затемнувањето на Сонцето, хромосферата изгледа како тенок розовкаст лак,[7] и короната може да се набљудува како праменест ореол. Истата појава при затемнувањето кај двојните ѕвезди може да ја направи видлива хромосферата на џиновските ѕвезди.[8]
↑ 1,01,1„"Beyond the Blue Horizon" – A Total Solar Eclipse Chase“. 1999-08-05. Посетено на 2010-05-21. On ordinary days, the corona is hidden by the blue sky, since it is about a million times fainter than the layer of the sun we see shining every day, the photosphere.
↑ 3,03,1Lang, K.R. (September 2006). „5.1 MAGNETIC FIELDS IN THE VISIBLE PHOTOSPHERE“. Sun, earth, and sky (2. изд.). Springer. стр. 81. ISBN978-0-387-30456-4. this opaque layer is the photosphere, the level of the Sun from which we get our light and heat
↑Mariska, J.T. The solar transition region. стр. 60. ISBN978-0-521-38261-8. 100 km suggested by average models
↑„The Sun's Corona – Introduction“. NASA. Посетено на 2010-05-21. Now most scientists believe that the heating of the corona is linked to the interaction of the magnetic field lines.
↑
Lewis, J.S. (2004-02-23). Physics and chemistry of the solar system (Second. изд.). Elsevier Academic Press. стр. 87. ISBN978-0-12-446744-6. The dominant color is influenced by the Balmer series of atomic hydrogen