Џорџ Смут

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џорџ Смут
Џорџ Смут на конференцијата POVO во Холандија
Роден(а)Џорџ Фицџералд Смут III
20 февруари 1945(1945-02-20)(79 г.)
Јукон, Флорида, САД
ЖивеалиштеФранција
НационалностАмериканец
ПолињаФизика
УстановиКалифорниски универзитет/Лоренс Берклиева национална лабораторија/Париски универзитет Дидро-Париз 7
ОбразованиеМасачусетски институт за технологија
Докторски менторДејвид Фриш[1]
Познат поКосмичко микробраново позадинско зрачење
Поважни наградиМедал од НАСА за исклучителни научни достигнувања (1992)
Лоренсова награда (1994)
Алберт Ајнштајнов медал (2003)
Нобелова награда за физика (2006)
Груберова награда (2006)
Ерстедов медал (2009)

Џорџ Смут (англиски: George Smoot 20 февруари 1945) — американски астрофизичар, космолог, добитник на Нобеловата награда за физика, и еден од двајцата натпреварувачи кој ја добиле наградата од 1 милион долари на квизот Дали сте попаметен од петтоодделенец?. Тој ја добил Нобеловата анграда за физика во 2006 година за неговата работа на космичкиот позадински истражувач заедно со Џон Мадер што довело до "откривањето на црното тело облик на анизотропија на космичкото позадинско микробраново зрачење."

Оваа работа помогнала да се прошири теоријата за Големата експлозија tза настанокот на универзумот користејќи го космичкиот позадински истражувач (COBE) сателит.[2] Според комисијата за Нобелова награда, „проектот (COBE) може да се смета за почетна точка за космологијата како прецизна наука.“[3] Смут го донирал својот дел од Нобеловата награда на добротворна фондација.[4]

Денес Смут е професор по физика на Калифорнискиот универзитет, како постар научник при Лоренс Берклиевата национална лабораторија, и од 2010 година, професор по физика на Парискиот универзитет Дидро, во Франција. Во 2003 година, тој била награден со Ајнштајнов медал и со Ерстедов медал во 2009 година.

Детство[уреди | уреди извор]

Смут е роден во Јукон, Флорида. Тој завршил средно образование во средното училиште Упер Арлингтон во Упер Арлингтон, Охајо, во 1962 година. Тој изучувал математика пред да се префрли на МИТ каде се стекнал со двојна диплома по математика и физика во 1966 година и докторат по честична физика во 1970 година.[5]

Иако Смут студирал на МИТ, тој не бил, Оливер Смут, кој лежејќи со своето тело го измерил Харвард Бриџ меѓу Кембриџ и Бостон, на тој начин создавајќи ја смешната единица мерка Смут.[6][7] Всушност станува збор за неговиот роднина Оливер Смут, дипломец на МИТ кој подоцна бил раководител на Американскиот национален институт за стандарди.[7][8]

Кариера[уреди | уреди извор]

Почетно истражување[уреди | уреди извор]

Смут се префрлил на космологија и започнал да работи во Лоренс Берклиевата национална лабораторија, соработувајќи со Луис Волтер Алварес на високоатмосферскиот експеримент за физиката на елементарните честички стратосферски метеоролошки балон осмислен да ја забележува антиматеријата во Земјината горна атмосфера, чие присуство било предвидено од сега отфрлената теорија на стабилна состојба.

По ова се зантересирал за космичкото позадинско микробраново зрачење (CMB), претходно откриено од Арно Алан Пензијас и Роберт Вудро Вилсон во 1964 година. Тогаш, во тој период, постоеле неколку неодговорени прашања поврзани со оваа тема, поврзани директно со основните прашања за составот на универзумот. Одредени модели предвидувале дека универзумот како целина се вртел, што пак би имало влијание на позадинското зрачење, температурата ќе зависи од насоката на набљудување. Со помошта на Алварес и Ричард Мулер, Смут развил диференцијален радиометар кој ја мерел разликата на температирата меѓу две насоки разделени со агол од 60 степени. Инструментот, кој бил прикачен на авион Локид U-2, овозможил да се утврди дека вртежот на универзумот изнесува нула, што пак било во границите на прецизноста на инструментот. Но сепак, забележал промени во температурата на позадинското зрачење, но од поинаква природа. Изгледло дека позадинското зрачење како да има повисока темепература на една страна од небото, појава наречена диполна , која е објаснета со Доплеровиот ефект на Земјиното движење во однос на областа на емитирањето на позадинското зрачење, кое било наречено последна расејувачка површина. Ваквиот Доплеров ефект настанува поради самото Сонце, и фактот дека Млечниот Пат како целина, не е статична, туку се движи со брзина од 600 км/с во однос на последната расејувачка површина. Ова најверојатно се должи на гравитациското привлекување меѓу нашата галаксија и збирот на мса како што е Големиот привлекувач.

COBE[уреди | уреди извор]

Карта на промените на позадинското зрачење снимена од COBE.

Во тој период, позадинското зрачење изгледало како да е целосно униформно исклучувајќи ја дисторзијата предизвикана од Доплеровиот ефект споменат погоре. Овој резултат бил во спротивност со набљудувањата на универзумот, со различни структури како што се галаксиите и галактичките јата кои наведувале дека универзумот е релативно хетероген разгледуван на мали величини. Сепак, овие структури се создавале споро. Па така, акао универзумот е хетероген денес, истиот ќе биде хетероген и во периодот кога се емитирало позадинското зрачење, и може да се набљудува денес преку слабите промени во температурата на позадинското зрачење. Забележувањето на овие анизотропии биле областа на работа на Смут во доцните 1970-и. Тој тогаш на НАСА и предложил проект кој вклучувал сателит опремен со детектор кој бил сличен со оној кој бил закачен на U-2 авионот но доста почувствителен и на кого не би влијаело воздушното загадување. Предлогот бил прифатен и вклопен како еден од инструментите на сателитот (COBE), кој чинел 160 милиони долари. (COBE) — лансиран на 18 ноември 1989 година, по одолговлекувањето предизвикано од експлозијата на вселенскиот шатл Чаленџер. По повеќе од две години на набљудување и мерење,истражувачкиот тим на (COBE) објавил на 23 април 1992 година дека сателитот забележал мали промени во позадинското зрачење, пробив во проучувањето на раниот универзум.[9] Набљудувањата биле „доказ за создавањето на универзумот“ и го навеле Смут да изјави „доколку сте религиозен, како да гледате низ очите на Бог.“[10][11]

Смут ја прославува својата Нобелова награда во Лоренс Берклиевата национална лабораторија на 3 октомври 2006 година

Успехот на (COBE) — исход на од макотрпна екипна работа на повеќе од 1.000 истражувачи, инженери и други учесници. Џон Мадер го координирал целиот процес и имал главна одговорност за експериментот кој го открил обликот на црното тело на позадинското зрачење со мерењата на (COBE). Џорџ Смут пак бил задолжен за мерењето на малите промени на температурата на зрачењето.[12]

Смут соработувал со новинарот Киај Дејвидсон од San Francisco Chronicle за да напише книга Брчките низ времето (Wrinkles in Time), која ги забележува напорите на целата екипа.[13] Во книгата Првата светлина (The Very First Light), Џон Мадер и Џон Баслоу ја дополниле и прошириле приказната за (COBE),[14] и тврделе дека Џорџ Смут ја прекршил политиката на екипата соопштувајќи ги предвремено новостите на печатот поврзани со откритијата на (COBE) пред истото да го стори НАСА на официјална конференција, нешто,што Мадер, го сметал за себе промоција и предаство. Смут се извинил за тоа што не го следел договорениот распоред и Мадер изјавил дека тензиите се намалиле. Мадер признал дека „Џорџ го прославил проектот (COBE) ширум светот“ нешто што вообичаено проектот не би го постигнал.[15]

Останати проекти[уреди | уреди извор]

По (COBE), Смут земал учество и во друг експеримент кој вклучувал стратосферен балон, Милиметарска анизотропна експериментална сликовна мрежа, која имала подобрена аголна резолуција во споредба со (COBE) со што се добиле подобрени мерења на анизотропиите на позадинското зрачење. Смут продолжил со набљудувањата на позадинското зрачење и моментално е соработник на третата генерација на сателит за позадинско зрачење наречен Планков сателит. Тој е исто така соработник и напроектот Супернова/забрзувачка сонда, дателит кој би можел да ги мери својствата на темната амтерија.[16] Тој исто така помогнал и во анализата на податоците од Шпицер поврзани со мерењето на далечното инфрацрвено позадинско зрачење.[17]

Смут му бил инспирација на Мики Харт за албумот Mysterium Tremendum, које заснован делумно на „звуците“ кои можат да се добијат од позадинскиот потпис на Големата експлозија.

Јавни настапи[уреди | уреди извор]

Кратко откако бил известен за Нобеловата награда, Смут се појавил како гостин диригент на универзитетскиот марширачки оркестар каде претставил кореографија на Големата експлозија на полувремето од фудбалскиот натправар. Тој го следел својот настап со славеничко веселење низ стадионот, поздравува од ред по ред и дел по дел од публиката со бранови на аплаузи. Овој настан бил наречен настан кој се случува „само на Беркли“.

Медиумско појавување[уреди | уреди извор]

Смут имал прикриено појавување како самиот себеси во епизодата „Раздвојување на терминаторот“ од серијата The Big Bang Theory.[18] Тој го контактирал шоуто како обожавател на нивните физички заплети и истиот бил повикан да биде предавач на измислен физички симпозиум.[19] Тој е исто така заслужен за шегата која ја кажува Пени во епизодата „Во близина на мртвата проститутка“.[20]

На 18 септември во 2009 година, Смут се појавил во епизода од телевизиската емисија Дали сте попамтен од петтоодделенец?. За време на снимањето тој стигнал до конечното прашање, „Која американска држава е дом на Националниот парк Акадија?", на што тој го дал точниот одговор „Мејн“, станувајќи втората личност која ја освоила наградата од милион долари.

На 10 декември 2009 година, тој се појавил на интервју за добитниците на Нобеловата награда на BBC, каде разговарале за значењето на науката за општеството.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Katherine Bourzac (12 January 2007). „Nobel Causes“. Technology Review. Архивирано од изворникот на 2012-01-29. Посетено на 2007-09-05. And Smoot himself can still vividly recall playing a practical joke on his graduate thesis advisor, MIT physics professor David Frisch.
  2. Horgan, J. (1992) Profile: George F. Smoot – COBE's Cosmic Cartographer, Scientific American 267(1), 34-41.
  3. The Royal Swedish Academy of Sciences (3 октомври 2006). "The Nobel Prize in Physics 2006" (.PDF). Соопштение за печат.  посет. 5 октомври 2006 г
  4. „Berkeley Nobel laureates donate prize money to charity“ (PDF). Associated Press. 22 March 2007. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-23. Посетено на 2015-03-08.
  5. MIT Press Office (3 октомври 2006). "Nobelists' work supports big-bang theory". Соопштение за печат.  посет. 3 октомври 2006 г
  6. George Smoot. „The SMOOT as unit of Length“. Посетено на 2006-10-07.
  7. 7,0 7,1 Talk of the Nation (6 October 2006). „Winning the Nobel Prize“. National Public Radio. Посетено на 2006-10-07.
  8. All Things Considered (7 December 2005). „Smoot, Namesake of a Unit of Length, Retires“. National Public Radio. Посетено на 2006-10-07.
  9. Smoot, G.F.; и др. (September 1992). „Structure in the COBE differential microwave radiometer first-year maps“. Astrophysical Journal. 396 (1): L1–L5. Bibcode:1992ApJ...396L...1S. doi:10.1086/186504.
  10. Associated Press (April 24, 1992). „U.S. Scientists Find a 'Holy Grail': Ripples at Edge of the Universe“. International Herald Tribune. стр. 1.
  11. Thomas H. Maugh, II (April 24, 1992). „Relics of Big Bang, Seen for First Time“. Los Angeles Times. стр. A1, A30.
  12. Royal Swedish Academy of Sciences (3 октомври 2006). "Pictures of a Newborn Universe". Соопштение за печат.  посет. 5 септември 2007 г
  13. Smoot, George; Davidson, Keay (1993). Wrinkles in Time. New York: W. Morrow. ISBN 0-688-12330-9.
  14. Mather, John; Boslough, John (1997). The Very First Light: The True Inside Story of the Scientific Journey Back to the Dawn of the Universe. New York: Basic Books. ISBN 0-465-01575-1.
  15. Lynn Yarris (26 October 2006). „After the Phone Call“. Science@Berkeley Lab. Архивирано од изворникот на 2008-05-06. Посетено на 2007-09-05.
  16. „Supernova/Acceleration Probe (SNAP)“. Lawrence Berkeley National Laboratory. Посетено на 2007-09-05.
  17. „Spitzer Cosmic Far-IR Background Project“. Lawrence Berkeley National Laboratory. Посетено на 2007-09-05.
  18. "The Terminator Decoupling". The Big Bang Theory. CBS. No. 17, season 2. 20 minutes in. Retrieved on 3 April 2012.
  19. „The Big Bang Theory Videos“. CBS. Архивирано од изворникот на 2012-08-04. Посетено на 2012-08-04.
  20. Lorre, Chuck. „Big Bang Theory Season 2 Episode 19 Vanity Card“. Посетено на 2014-01-17.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]