Дејвид Вајнленд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дејвид Вајнленд
David Wineland 2008.jpg
Дејвид Вајнленд во 2008 година
РоденДејвид Вајнленд
24 февруари 1944 (1944-02-24) (75 г.)
Милвоки, Висконсин, САД
НационалностАмериканец
ПолињаФизика
УстановиНационален институт за технологија и стандарди
Колорадски универзитет
ОбразованиеКалифорниски универзитет
Харвард
Вашингтонски универзитет
Теза„Атомски деутериумски масер“ (1971)
Докторски менторНорман Фостер Ремзи
Поважни наградиНобелова анграда за физика (2012)
Национален медал за наука (2007)
Шавлова награда (2001)
Вајнленд во Стокхолм, 2012 година

Дејвид Вајнленд[1] (англиски: David Wineland 24 февруари 1944)[2]американски добитник на Нобелова награда за физика кој работи во Националниот институт за стандарди и технологија (NIST) кој претставува физичка лабораторија. Неговата работа вклучува напрдоци во оптиката, особено ласерски оладени заробени јони и употребата на јони за квантно сметачки операции. Тој бил награден со Нобелова награда за физика во 2012 година, заедно со Серж Арош, за „врвните експериментални методи кои овозможуваат мерење и манипулирање на посебните квантни системи.“ [3][4]

Кариера[уреди | уреди извор]

Вајнленд дипломирал во средното училиште во Сакраменто, Калифорнија во 1961 година.[1] Тој ја добил својата диплома од Калифорнискиот универзитет во 1965 година и докторат во 1970 година, под менторство на Норман Фостер Ремзи[5] на Харвард. Неговата докторска дисертација е со наслов „Атомски деутериумски масер“. Тој подоцна извршувал подокторсски истражувања во Демелтовата група на Вашингтонскиот универзитет каде ги иистражувал електроните заробени во јонски стапици. Во 1975 година, се вработил во Националното биро за стандарди, каде ја започнал јонската складишна група и е на факултетот за физика при Колорадскиот универзитет.

Вајнленд е првиот кој успеал да излади јони со помош на ласер во 1978 година. Неговите групи користеле заробени јони во многу експерименти за оснвната физика, и комнтролата на квантната состојба. Тие имаат прикажано оптички техники за да приготват терен, за суперпозиција и испреплетени состојби. Оваа работа довела до напредоци во спектроскопијата, атомските часовници и квантните информации. Во 1995 година тој го создава првата единечна атомска квантна логичка порта и беше првиот кој успел квантно да телепортира информација во масивни честички во 2004 година.[6] Бајнленд го применил најпрецизниот атомски часовник користејќи квантна логика на единечен алуминиумски јон во 2005 година.[7]

Вајнленд е член на Американското друштво на физичари, Американското друштво на оптичари, и бил избран за член на Националната академија на науките во 1992 година. Тој својата Нобелова награда во 2012 година ја поделил со францускиот физичар Серж Арош „за важните експериментални методи кои овозможуваат мерење и манипулирање на посебните квантни системи.“[3]

Семејство[уреди | уреди извор]

Вајнленд е оженет со Седна Квимби-Вајнленд, и тие имаат два сина.[8]

Седна Квимби е ќерка на Џорџ I. Квимби (1913 - 2003), археолог и антрополог, кој бил професор по антропологија на Вашингтонскиот универзитет и директор на Томас Буркиевиот меморијален Вашингтоснки државен музеј, и неговата сопруга Хелен Квимби.[9][10]

Награди[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Class of 1961 Graduation List. encinahighschool.com
  2. "David Wineland". Array of Contemporary American Physicists. конс. 2013-01-13. 
  3. 3,0 3,1 3,2 "Press release - Particle control in a quantum world". Royal Swedish Academy of Sciences. конс. 9 October 2012. 
  4. PMID 23584018 (PubMed (англиски))
    Citation will be completed automatically in a few minutes. Jump the queue or expand by hand
  5. doi:10.1103/PhysRevA.5.821
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  6. Nobel Lecture: Superposition, entanglement, and raising Schro¨dinger’s cat*. „Rev Mod Phys“. 12 јули 2013 г. doi:10.1103/RevModPhys.85.1103. http://tf.boulder.nist.gov/general/pdf/2677.pdf. 
  7. Spectroscopy Using Quantum Logic. „Science 309“. 29 јули 2005 г. http://tf.nist.gov/general/pdf/2053.pdf. 
  8. "David J. Wineland PhD". Bonfils-Stanton Foundation. конс. 2013-01-13. 
  9. Quimby obituary, http://www.sf-fandom.com, 26 February 2003, accessed 28 February 2013
  10. George Quimby, 89, gave Burke museum NW flavor, Seattle Times, 2 March 2003, accessed 28 February 2013
  11. "Rabi Award". IEEE Ultrasonics, Ferroelectrics, and Frequency Control Society. конс. August 27, 2011. 
  12. "Arthur L. Schawlow Prize in Laser Science". American Physical Society. конс. 2013-01-13. 
  13. "NIST Physicist David J. Wineland Awarded 2007 National Medal of Science (NIST press release)". NIST. 2008-08-25. конс. 2013-01-13. 
  14. "Herbert Walther Award". Optical Society. конс. 2013-01-13.