Вилјам Алфред Фаулер
Вилјам Алфред Фаулер | |
---|---|
Роден(а) | 9 август 1911 Питсбург, Пенсилванија |
Починал(а) | 14 март 1995 Пасадена, Калифорнија | (возр. 83)
Образование | Калтех (PhD) |
Докторски ментор | Чарлс Кристијан Лористен |
Докторанди | Џон Бонд, Доналд Клејтон, Џорџ Фулер, Куртис Мичел |
Влијание од | Фред Хојл |
Поважни награди | Бернардов медал (1965) Бонерова награда (1970) Ветелсенова анграда (1973) НАционален медал за наука (1974) Едингтонов медал (1978) Нобелова награда за физика (1983) |
Вилјам Алфред Фаулер (англиски: William Alfred Fowler 9 август 1911 — 14 март 1995) — американски јадрен физичар, подоцна астрофизичар, кој заедно со Субраманијан Чандрасекар ја добил Нобеловата награда за физика во 1983 година.
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден во Питсбург, Ренсилванија,на возраст од две години Фаулер се преселил со своето семејство во Лима, Охајо, градот на парната железница. Тој дипломирал на Охајскиот државен универзитет, каде бил член на братството Тау Капа Епсилон, додека пак докторатот за јадрена физика го стекнал на Калтех. Иако бил експериментален јадрен физичар, Фаулеовиот најпознат труд бил „Создавање на елементите во ѕвездите“, каде соавтори му биле Маргарет Бербриџ, Џефри Бербиџ и Фред Хојл, објавен во 1957 година под групно раководство на Фред Хојл, осмислувачот на таа теорија за природната историја на постоечките хемиски елементи.[1] Во трудот се категоризирани нуклераните процеси за потеклото на се освен на најлесните хемиски елементи во ѕвездите. Овој труд е познат како B2FH труд.
Фаулеровата кариера направила од него познат јадрен физичар. Тој го наследил Чарлс Кристијан Лористен како директор на Келоговата радијациона лабораторија при Калтех, за подовна негов наследник да стане Стивен Кунин. Фаулер бил награден со Националниот медал за наука од страна на претседателот Џералд Форд [2] It is the highest national honor in science that an American can receive.
Фаулер го освоиил и Раселовата награда од Американското астрономско друштво во 1963 година, Ветлесеновата награда во 1973 година, Едингтоновиот медал во 1978 година, Брусовиот медал во 1979 година и Нобеловата награда за физика во 1983 година за неговите теоретски и експериментални проучувања на јадрените реакции од важност за создавањето на хемиските елементи во универзумот и истата ја поделил со Субраманијан Чандрасекар.
Доживотен вљубеник во парните локомотиви, тој поседувал неколку возни модели од различни големина од кои една е прикажана на сликата тука.[3] Тој починал во Пасадена, Калифорнија.
Објавени дела
[уреди | уреди извор]- Fowler, W.A.; Lauritsen, C.C; Lauritsen, T. (1948). „Гама-зрачењето од светлинското јадро под протонско бомбардирање“. Physical Review. 73: 181. doi:10.1103/physrev.73.181.2.
- Cook, C.W.; Fowler, W.A.; Lauritsen, C.C.; Lauritsen, T. (1957). „B12, C12 и црвените џинови“. Physical Review. 107: 508. doi:10.1103/physrev.107.508.
- Clayton, Donald D.; Fowler, W.A..; Hull, T.E.; Zimmerman, B.A. (1961). „Неутрони заробени во алки при создавањето на тешките елементи“. Annals of Physics. 12: 331. doi:10.1016/0003-4916(61)90067-7.
- Burbidge, E. M.; Burbidge, G. R.; Fowler, W. A.; Hoyle, F. (1957). „Создавање на елементите во ѕвездите“. Reviews of Modern Physics. 29 (4): 547–650. Bibcode:1957RvMP...29..547B. doi:10.1103/RevModPhys.29.547.
- Fowler, W. A. (1958). „Температурните и густинските услови за нуклеогенеза при фузионите процеси кај ѕвездите“. W. K. Kellogg Radiation Laboratory. OSTI 4308210. Наводот journal бара
|journal=
(help) - Seeger, P. A.; Fowler, W. A.; Clayton, Donald D. (1965). „Нуклеаосинтеза на тешки елементи со зафаќање на неутронот“. Astrophysical Journal, Suppl. 11: 121. doi:10.1086/190111.
- Bodansky, D.; Clayton, Donald D.; Fowler, W.A. (1968). „Нуклеосинтеза за време на согорувањето на силициумот“. Physical Review Letters. 20: 161. doi:10.1103/physrevlett.20.161.
- Holmes, J.A.; Woosley, S.E.; Fowler, W.A.; Zimmerman, B.A. (1976). „Таберли на топлинско-јадрени чекори за неутроснко создадените реакции во тешките јадра“. Atomic Data Nuclear Data Tables. 18: 305. doi:10.1016/0092-640x(76)90011-5.
- Caughlan, G.R.; Fowler, W.A.; Zimmerman, B.A. (1975). „Топлинско-јадрени реакциони чекори,II“. Ann. Rev. Astron. Astrophys. 13: 69. doi:10.1146/annurev.aa.13.090175.000441.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Burbidge, E. M.; Burbidge, G. R.; Fowler, W. A.; Hoyle, F. (1957). „Synthesis of the Elements in Stars“. Reviews of Modern Physics. 29 (4): 547–650. Bibcode:1957RvMP...29..547B. doi:10.1103/RevModPhys.29.547.
- ↑ http://www.clemson.edu/ces/astro/NucleoArchive/PhotoList/1970s/75WAF_Pres.html
- ↑ http://www.clemson.edu/ces/astro/NucleoArchive/PhotoList/1970s/71Train.html
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Biography and Bibliographic Resources, from the Office of Scientific and Technical Information, United States Department of Energy
- W.A. Fowler: Radioactive elements of a low atomic number, Ph.D. dissertation Архивирано на 13 јули 2007 г.
- A Brief Autobiography of W.A. Fowler Архивирано на 3 август 2004 г.
- Bruce Medal page
- Guide to the Papers of William A. Fowler, 1917-1994
- Caughlan and Fowler 1988: THERMONUCLEAR REACTION RATES Архивирано на 23 септември 2008 г., Oak Ridge National Laboratory
- Interview with William A. Fowler, Caltech Archives Oral Histories Online
|
- Родени во 1911 година
- Починати во 1995 година
- Американски астрономи
- Американски нобеловци
- Добитници на Нобеловата награда за физика
- Носители на Националниот научен медал
- Јадрени физичари
- Апсолвенти на Калифорнискиот технолошки институт
- Членови на Националната академија на науките на САД
- Членови на Американското филозофско друштво