Анри Бекерел
Антоан Анри Бекерел | |
---|---|
Анри Бекерел, француски физичар | |
Роден(а) | 15 декември 1852 Париз, Франција |
Починал(а) | 25 август 1908 Ле Кроазик, Бретања, Франција | (возр. 55)
Националност | Французин |
Полиња | физика, хемија |
Установи | Конзерваториум за уметности и занаети Политехничка школа Национален природонаучен музеј |
Образование | École polytechnique École des Ponts et Chaussées |
Докторанди | Марија Склодовска-Кири |
Познат по | откривање на радиоактивноста |
Поважни награди | Рамфордов медал (1900) Нобелова награда за физика (1903) Барнаров медал (1905) |
Потпис | |
Белешки Татко на Жан Бекерел, син на А.Е. Бекерел, внук на А.С. Бекерел. |
Антоан Анри Бекерел (англиски: Antoine Henri Becquerel 15 декември 1852 – 25 август 1908) — француски физичар, добитник на Нобелова награда за физика, и откривач на радиоактивностa, на ова поле работел заедно со Марија Склодовска-Кири и Пјер Кири,[1] со кои во 1903 година ја поделил Нобеловата награда за физика. Единицата бекерел (Bq) во SI системот за радиоактивност е именувана во негова чест.
Животопис
[уреди | уреди извор]Детство
[уреди | уреди извор]Бекерел е роден во Париз во семејство од кое произлегле четири генерации на научници: Дедо му (Антоан Бекерел), татко му (Едмон Бекерел), син му (Жан Бекерел). Тој учел инженерство на Политехничката школа и Националната школа за мостови и патишта. Во 1890 се оженил со Лујза Дезире Лорије.
Кариера
[уреди | уреди извор]Во 1892,тој бил третиот од неговото семејство што бил назначен за директор во одделот за физика во Националниот музеј на природните науки. Во 1894 година ,тој бил шеф на инженерите во Одделот за мостови и автопатишта.
Најраните истражувања на Бекерел воглавно се фокусирани на предметот на неговите докторски тези: рамнинската поларизација на светлината,со феноменот на фосфоросенцијата и апсорпцијата на светлината од кристалите.[2]
Бекереловото откритие на спонтаната радиоактивност е познат пример за среќна случајност, односно за тоа како предност имаат оние со умствена припрема. Бекерел веќе долг период бил заинтересиран во фосфоросенцијата, оддавање на светлина на една боја при изложеност на едно тело на друга боја. На почетокот на 1896 година, по бранот на успеси Вилхелм Конрад Рентген ги открива рендгенските зраци на 5 јануари истата година, Бекерел мислел дека фосфоросцентните материјали, како ураниумовите соли, можат да ги оддадат рендгенските зраци како зрачење кое имало продорна моќ кога тие биле осветлени од сончевата светлина. Неговите експерименти токму тоа го докажале.
Објаснувајќи го пред Француската академија на науките на 24 февруари 1896 година тој кажал:
Една обвивка од Лумијевите фотографски плочи со емулзија од бромид меѓу два слоја на црна хартија, на таков начин што истата не се замаглува откако ќе биде изложена на Сонце во текот на денот. На една страна од листовите од хартијата, однодно на надворешната страна се поставува фосфоросцентна супстанција, додека пак другата страна е изложена на сончева светлина во период од неколку часа. Кога ќе се развие фотографската плоча, се распознава силуетата на фосфоросцентната супстанција која се појавува како црна дамка на негативот. Ако на едно место помеѓу фосфорoсцентната супстанција и фотографската плоча се постави метална монета или метален лист издупчен со дупки, ќе се забележат токму таквите облици на монетата или пак издупчениот лим ... Оттука секој може да заклучи дека овие експерименти укажуваат дека фосфоросцентната супстанција оддава зраци кои поминуваат низ непроѕирната хартија и ги редуцираат сребрените соли.[3][4]
Но, подоцнежните експерименти него го довеле до сомнеж и со тоа да не се придржува кон оваа теза.На 2 март ,1896 година тој изјавил:
Јас ќе инсистирам особено на следниот факт, кој ми изгледа на мене прилично важен и покрај појавите кои можат да се очекуваат и да се истражуваат: Истите кристални обвивки на [калиум уранил сулфат], групирани во истиот редослед пред фотографските плочи, како на сликата и низ исти екрани, но заштитени од ненадејните упадни зраци и истите се чувани во темница, сепак ќе ги образуваат истите фотографии. Еве како јас стигнав до следниве резултсти: пред спроведувањето на експериментите, некои беа припремени во средата на 26-ти и четврток 27 февруари, и бидејќи беше делумно сончево тие денови, јас ги чував апаратите спремни и по одреден период ги вратив во фиоката на бирото, оставајќи ги на место во близина на кристалите од ураниумови соли. Бидејќи Сонцето не се појави во следните денови, јас ги развив фотографиите на 1-и март, очекувајќи дека сликите се многу слаби, но јачината на силуетите беше со одличен квалитети... Една хипотеза која може да се пртпостави е дека е доволно да се претпостаи дека овие зраци, чиј ефект има голема сличност со ефектите произведени од зраците проучувани од г-дин Ленард и г-дин Рентген, се невидливи зраци кои емитуваат фосфоросенција и истите траат подолго од времетрањето на светлинските зраци оддадени од тие тела. Сепак, сегашните експерименти, кои не се во спротивност на оваа хипотеза, не го гарантираат овој заклучок. Се надевам дека експериментите кои јас ги изведувам во моментов, ќе придонесат за појаснување на оваа нова класа на појави.[5][6]
Во мај 1896 година, по останатите експерименти употребувајќи не-фосфоросцентни ураниумови соли, тој дошол до точното објаснение, имено дека продорното зрачење доаѓа од ураниумот, без да има некаква потреба од енергетски извор од надворешната средина. .[7]
Следи период на интензивно истражување на радиактивноста, вклучувајќи го тука и откривањето на радиоактивноста на ториумот кој е исто така радиоактивен и откритивањето на новите радиоактивни елементи полониум и радиум од страна на Марија Склодовска-Кири и нејзиниот сопруг Пјер Кири.
Во 1903 година, Бекерел ја поделил Нобеловата награда за физика со Пјер и Марија Склодовска-Кири „признание за извондредните услуги кои ги извршувал со неговото откривање на спонтаното зрачење“.
Како што честопати се случува во науката, радиактивноста можела да биде откриена четири декади порано во 1857, кога Абел Ниепс де Сен Виктор, кој ја изучувал фотографијата под водство на Мишел Ежен Шеврел, и открил дека ураниумовите солите емитуваат зрачење кое можело да ги затемни фотографските плочи.[8][9] Во 1861 година, Сен Виктор воочил дека ураниумовите соли оддаваат „зрачење кое е невидливо за нашите очи“.[10][11][12] Сен Виктор се познавал со Едмон Бекерел, таткото на Анри Бекерел. Во 1868 година, Едмон Бекерел објавил книга, „Светлината: Нејзините последици и ефекти“ La lumière: ses causes et ses effets. На страица 50 од вториот том, Едмон напоменал дека Сен Виктор забележал некои тела кои биле изложени на сончева светлина може да ги осветлат фотографските плочи иако истите се поставени во темнина.[13] Сен Виктор понатаму напоменал дека од една страна ефектот бил намален од пречките кои биле поставувани меѓу фотографската плоча и телото кое било изложено на Сонце, но „ … d'un autre côté, l'augmentation d'effet quand la surface insolée est couverte de substances facilement altérables à la lumière, comme le nitrate d'urane …“ (прикриени со супстанци кои се лесно менливи, како ураниум нитрат … ).[14]
Награди и признанија
[уреди | уреди извор]Во 1908 година кога тој починал, Бекерел бил назначен за доживотен секретар на Академијата на науките. Тој починал на 55 годишна возраст во Ле Кроазик.
Единицата за радиоактивност во SI системот бекерел (Bq), е именувана по него. Еден кратер на Месечината е именуван во негова чест Бекерел и друг кратер на марс Бекерел.
Исто така покрај Нобеловата награда за физика тој ги добил и следниве награди:
- Румфордов медал (1900)
- Хелмхолцов медал (1901)
- Бернардов медал (1905)
- Тофиев медал (1908)
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Антоан Бекерел (неговиот дедо)
- Едмон Бекерел (неговиот татко)
- Жан Бекерел (неговиот син)
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ „The Discovery of Radioactivity“. Архивирано од изворникот на 2020-06-15. Посетено на 2015-03-11.
- ↑ http://www.nobelprize.org/nobel_prizes/physics/laureates/1903/becquerel-bio.html
- ↑ Henri Becquerel (1896). „Sur les radiations émises par phosphorescence“. Comptes Rendus. 122: 420–421.
- ↑ Comptes Rendus 122: 420 (1896), translated by Carmen Giunta. Accessed 10 September 2006.
- ↑ Henri Becquerel (1896). „Sur les radiations émises par phosphorescence“. Comptes Rendus. 122: 501–503.
- ↑ Comptes Rendus 122: 501–503 (1896), translated by Carmen Giunta. Accessed 10 September 2006.
- ↑ „Овој месец во историјата на физиката март 1,1896 Анри Бекерел ја открил радиоактивноса“. APS News. 17:3. March 2008.
- ↑ Ниепсе де Сент-Виктор (1857) "Mémoire sur une nouvelle action de la lumière" (On a new action of light), Comptes rendus ... , vol. 45, pages 811–815.
- ↑ Niepce de Saint-Victor (1858) "Deuxième mémoire sur une nouvelle action de la lumière" (Second memoir on a new action of light), Comptes rendus ... , vol. 46, pages 448–452.
- ↑ Niepce de Saint-Victor (1861) "Cinquième mémoire sur une nouvelle action de la lumière" (Fifth memoir on a new action of light), Comptes rendus ... , vol. 53, pages 33–35. From pages 34-35: " … cette activité persistante … ne peut mème pas être de la phosphorescence, car elle ne durerait pas si longtemps, d'après les expériences de M. Edmond Becquerel; il est donc plus probable que c'est un rayonnement invisible à nos yeux, … ." (" … оваа фосфоренција нема да трае долго,што се однесува до експериментите на г-дин Едмонд Бекерел; и е повеќе веројатно да зрачењето е видлива за нашите очи, … .")
- ↑ „Y a-t-il encore polémique autour de la découverte des phénomènes dits radioactifs? (Англиски: Дали сè уште има контроверзии за откритието на радиоактивниот феномен? phenomena?)“. Science Tribune. June 1997. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2015-03-11.
- ↑ Rothman, Tony, Everything's Relative: And Other Fables from Science and Technology (New York, New York: Wiley, 2003) Chapter 5 "Invisible light: The discovery of radioactivity," Архивирано на 5 февруари 2012 г. pages 46–52. ISBN 0-471-20257-6 See also: Amazon.com .
- ↑ Во деветнаесеттиот и дваесетттиот век,ураниумот бил користен за боја за стакло и глазура за порцелан.
- ↑ Edmond Becquerel, La lumière: ses causes et ses effets, vol. 2 (Paris, France: F. Didot, 1868), page 50.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Henri Becquerel – Biography Архивирано на 23 јули 2008 г.
- Becquerel short biography and the use of his name as a unit of measure in the SI
- Annotated bibliography for Henri Becquerel from the Alsos Digital Library for Nuclear Issues Архивирано на 4 мај 2017 г.
- "Henri Becquerel: The Discovery of Radioactivity", Becquerel's 1896 articles online and analyzed on BibNum [click 'à télécharger' for English version].
- Chisholm, Hugh, уред. (1911). . Encyclopædia Britannica. 3 (11. изд.). Cambridge University Press.
|
|
- Родени во 1852 година
- Починати во 1908 година
- Луѓе од Париз
- Експериментални физичари
- Француски физичари
- Добитници на Нобеловата награда за физика
- Радиоактивност
- Француски нобеловци
- Членови на Француската академија на науките
- Странски членови на Кралското друштво
- Римокатолички христијани од Франција
- Јадрени физичари
- Членови на Пруската академија на науките
- Членови на Американското филозофско друштво